Таг: манчестер јунајтед

Што му фали на Златан од Париз?

Англиските новинари конечно имаат човек кој нема да им одговара по шаблон на нивните прашања. Златан им е атракција. Во последното интервју, на прашањето што му фали најмногу од Париз, одговори како од пушка.

Топ 5 голови на дербито во Манчестер

Како најава на супер интересната пресметка (сабота, 13:30) меѓу Јунајтед и Сити во новата сезона, во ново руво и со новите елитни тренери, одиме со головите на Бекам, Агуеро, Овен, Белами и ремек делото на Руни. Сето тоа во една поинаква верзија на видео.

Во сабота ќе го гледаме најскапиот фудбалски натпревар во историјата

Кога Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се појават на Олд Трафорд во 13:30 часот, ќе бидеме сведоци на најскапиот натпревар во историјата на фудбалот. Толку пари не вредело до сега ниту едно Ел Класико.

Најдобрите живи ѕидови во историјата

Во моментот кога едни навивачи гризат прсти и се молат противникот да не пласира во агол од слободен удар, другите веруваат во еврогол преку или под живиот ѕид кој понекогаш е составен од најголемите фудбалски ѕвезди.

Фергусон сакал да го доведе Тери во Јунајтед на 14 години

Кога имал 14 години, Џон Тери заедно со неговиот татко и дедо кои биле навивачи на Манчестер Јунајтед, разговарале со Алекс Фергусон за тој да премине кај нив, но Тери го одбрал Челси.

Ибра и Манчестер на Фенербахче, Интер против Саутемптон

Тешка група за Мурињо во новата европска авантура. Ван Перси ќе се врати на Олд Трафорд. Рома ќе гостува во Чешка, Австрија и Романија.

Се трошат пари за трансфери како да ќе нема утре

Првенствата и куповите не се освојуваат во лето, но тогаш почнува битката на моќниците кои како да се такмичат кој може повеќе. Апетитите на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола за сега се задоволени со вкупни 375 милиони евра, пари кои ги потрошиле двете екипи од Манчестер.

Шведската кокошка на Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед неделно ќе заработува 240.000 евра. Од друга страна Јунајтед во првата седмица од потпишувањето на Ибрахимовиќ заработи 90 милиони евра од продавање на негови дресови.

Вреди 120 милиони евра, но не заборава од каде потекнува

Растен во париски кварт заедно со двајцата постари браќа, Погба уште од мал се исчеличил и сакал само едно: да стане познат фудбалер. Целиот фудбалски пат го оди под рака со мајка му која што раскажала како му се развикала на Фергусон.

Кој е стоперот за кого Манчестер Јунајтед плати 40 милиони евра?

Кога имал 17 години на турнир во Буркина Фасо го забележале скаутите на Еспањол на кои оние од Јувентус и Севиља им викале дека малиот е „тактички дибидус“. Тимот од „Мадригал“ за него доби 40 милони од „Олд Трафорд“ летово.

Петте загубени големи финалиња на Патрис Евра

Еден од подобрите леви бекови во европскиот фудбал во своето портфолио има пет загубени големи финалиња и едно победено, во Москва со Јунајтед против Челси. Изјави дека најтешко му паднало последното загубено, во неделата против Португалија во Париз.

Човекот создаден за трофеи ќе брка 30-ти пехар на Олд Трафорд

Трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед беше непотребно чуван во тајност и само се чекаше денот кога и официјално ќе се обелодени. Ибра ди собра трофеите во Италија, Шпанија и Франција и сега ќе му даде голема тежина на нападот на Јунајтед и ќе го направи последниот обид за да ја освои титулата која му фали во кариерата, а тоа е ЛШ.

Ибра дојди кај нас, ќе те направиме крал

Шведскиот репрезентативец долго време силно се поврзува со Манчестер Јунајтед каде би работел со неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, но во меѓувреме му стигна необична понуда од Германија.

Соблекувалната на Камп Ноу, 1999-та

Сер Боби Чарлтон и Сер Алекс Фергусон во прегратка, Рој Кин облечен како за на матурска отвора шампањ, Ројк ѕенѕа во место, Бекам парадира со пехарот, а еден момак, веројатно член на стручен штаб заврши во џакузи. Атмосфера од соблекувалната на Манчестер Јунајтед по освојувањето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, прва за Фергусон и една од трите на англискиот гигант.

Реакцијата на Ибра на прашањето за Манчестер

Десетина англиски новинари слетале во Шведска, само со една цел: да дознаат дали Златан Ибрахимовиќ потпишал договор со Манчестер Јунајтед и ќе му се придружи на Мурињо. Како одговор добија насмевка помистична од онаа на Мона Лиза од Леонардо Да Винчи.

Мурињо и Јунајтед - како беше порано

Хрониката односи на Мурињо со клубот од Олд Трафорд започна некаде пред 12 години кога Португалецот гостуваше во Манчестер. Од тогаш до денес, голема промена на односите.

Мурињо и Ван Гал какви што не ги паметиме

Португалскиот тренер денес би требало да го официјализира договорот со Манчестер Јунајтед и да го замени стариот пријател Луј Ван Гал со кого порано работеа заедно.

Работата на Ван Гал во Јунајтед преку една фотографија

Кога сите мислеа дека Ван Гал не може да направи поголема глупост од претходната, Холанѓанецот остро ги демантираше. Така еднаш го стави Фил Џонс да изведува корнери.

Јунајтед му платил на Мурињо да не оди во друг клуб

„Жозе ние ќе ти дадеме 5 милиони евра, а ти нема да бараш друга работа до крајот на сезоната, плус годишната плата на Олд Трафорд ќе ти биде 19,5 милиони евра“. Ова е дел од договорот на средина од сезоната тврди Дејли Мејл.

Куп трофеи за Јуве, ПСЖ, Баерн и Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен ја освоија двојната круна во своите земји, а Луи Ван Гал заминува од Манчестер со пехар од ФА Купот.

Џабе се извинуваш, штетата на Олд Трафорд е направена

Директорот на компанијата која што ја заборавила „бомбата“ ја признал грешката за тоталното фијаско на Олд Трафорд, само нејасно е сега кој ќе ги сноси настанатите трошоци.

Патот на Џузепе Роси, детето кое спиело во дресот на Шевченко

Еден од најдобрите италијански фудбалери тргнал од Америка, земја во која емигрирале неговите баба и дедо со брод од Италија во ’60-те години. Го исполни својот и сонот на татко му, да ја носи капитенската лента на Аѕурите.