Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта откако го совладаа европскиот шампион 1:0 со гол уште во 65 секунда! Баерн киксна со Ајакс, Рома го прегази шампионот на Чешка со хет-трик на Џеко.
Кога ќе се каже она „Парите не се гаранција за успех“, се мисли на Манчестер Јунајтед, клубот кој по завршувањето на ерата на Фергусон никако не може да се пронајде, а вложи грдни пари. Лига Европа им е под ниво.
Тимот на Жозе Мурињо игра топло ладно сезонава и не може да излезе на крај со екипи како Брајтон, Вулверхемптон и Дерби. Плус Мурињо и Погба ја спукаа, а Ешли Јанг најдобро покажа во кој правец им се движи формата.
Еден од најдобрите фудбалери синоќа на легендарниот стадион на Манчестер беше младиот Хари Вилсон кој е позајмен играч од Ливерпул и кој не пропушти прилика да ги изнервира навивачите на Јунајтед.
Како гром одекна веста дека најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед добил излив на крвотокот во мозокот и бил итно реанимиран. После неколку месеци рехабилитација се врати на местото каде најмногу сака да биде. Меѓу своите.
Манчестер Јунатед со 0:3 против Јанг Бојс на гости ја отвори сезоната во Лига на шампиони. Пол Погба даде два гола од кои вториот од пенал беше „клај-клај“. За да го изведе му требаа 9 секунди и 26 чекори.
Околу кренатата крагна на Ерик Кантона се исплетеа многу анегдоти, конспирации, теории на заговор. Тој ни самиот не памети кога почнал да ја носи така, ама знае зошто.
Погба утна пенал, Рашфорд доби црвен картон во 71’ минута, ама Манчестер Јунајтед го преживеа гостувањето кај Барнли и славеше со 0:2. Доволна причина Жозе Мурињо да ја подари јакната на еден гостински навивач.
Во текот на вчерашниот ден Манчестер Јунајтед официјално потврди: првпат во 140-годишната историја на клубот, екипата ќе носи розева опрема. Зошто се решиле на ваков чекор?
За играч од типот на Пол Сколс во Јунајтед се велеше дека може нема секогаш да блеска, ама нема никогаш да промаши натпревар. Кај неговиот наследник или обид за наследник, работава излезе обратно. Во Јуве беше главна карика, а на Олд Трафорд е како изгубен. Музиката на Бени Хил совршено прилега на овој нејасно ужасен настап против Брајтон. Мизерија.
На 12 октомври минатата година се одигра дуелот меѓу Јунајтед и Сити, двата гиганти од Манчестер. Победија гостите 1-2 а пред крајот од мечот ги излудеа домашните фудбалери и навивачи.
„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.
Легендарниот бугарски центарфор кој се изнадава голови за Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам, Монако и ПАОК, сега во едно интересно издание на УЕФА ги анализира своите погодоци.
Жозе е најтажниот тренер летово. Прво го викнаа да анализира натпревари од Светското на канал кој немаше права на пренос, после поради обврски го пропуштил полнолеството на ќерка му, па му почнале фудбалските проблеми.
Уште четири дена остануваат до стартот на англиската Премиер лига. Во петок Манчестер Јунајтед на свој терен го пречекува Лестер, а сезонава ќе даде јасен одговор за иднината на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер.
Има многу играчи кои се презиваат Андерсон, ама он е познат по онаа најскратена бразилска форма само како Андерсон. Поделени се мислењата за квалитетите на овој играч, ама сепак ваквиот пад во кариерата го носи во нашата омилена рубрика.
Големите ѕвезди обично се вклучуваат во живо на Инстаграм или Фејсбук во слободно време кога се на фризер, во маркет или на некое друго место. Така и Еден Азар од Челси.
Светската фудбалска јавност се обедини во пораките за поддршка на еден од најголемите на сите времиња - сер Алекс Фергусон кој вчера имал мозочен удар и веднаш бил префрлен во болница и опериран.
Најомилениот фудбалер на Жозе Мурињо против Кристал Палас на гости на „Селхарст Парк“ даде страшен гол од 30-ина метри. Тоа е и официјално најубавиот погодок на Манчестер Јунајтед сезонава.
Пред големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал во неделата попладне, двете легенди кои ги обележаа претходните децении се сретнаа на „Олд Трафорд“. Французинот доби големи овации од ривалските навивачи.
Понекогаш редарите и обезбедувањето се толку неспретни што секоја будала која ќе скрои добар план може да ги изненади и да се појави на теренот кој го гледаат милијарди луѓе.