Што направил Пандев во продолженијата од Куп финалето меѓу Академија Пандев и Силекс? Што зборувале со Џиџи Буфон на загревање кога ги снимија неодамна? Како реагирале неговите деца кога го прелистале албумот Панини?
Со оглед на тоа што нашето домашно првенство е такво какво што е, добро е што имаме макар тројца претставници од Прва македонска лига. Сите други играат во странство.
Нашите ги испратија со вода за среќа, а домаќините ги пречекаа со брендиран автобус и веднаш уште на скалите од авионот се сликаа со нашите ѕвезди. Македонското знаме е развиорено уште на аеродромот во Букурешт. Историјата е испишана. На лице место.
Бандата на Мрме се одјави утринава од Хилтон и со чартер лет заминува за Букурешт каде на 13-ти и 17-ти јуни, гордо ќе ја пее македонската химна. Вода им истурија, за да биде со среќа и со лесно.
Покрај радоста и гордоста што им ги приредија на цел народ, најдобрите македонски фудбалери би можеле и добро да заработат на Евро2020. Одредени се бонуси за добрите резултати во групата.
21-годишниот фудбалер од средниот ред на италијански Наполи се очекува да биде водечка сила на македонската фудбалска репрезентација на првото Европско првенство за нас.
На само неколку дена до стартот на најголемиот спортски настан годинава во Европа, во официјалната продавница на Фудбалската федерација на Македонија нема на залиха дресови за продажба.
Во генералка пред историскиот настап на Евро2020, Македонија до врв ја наполни мрежата на Казахстан во пријателска средба и во сјајно расположение на 8-ми јуни патува за Букурешт каде отвораме против Австрија.
Во генералка пред историскиот настап на Евро2020, Македонија до врв ја наполни мрежата на Казахстан во пријателска средба и во сјајно расположение на 8-ми јуни патува за Букурешт каде отвораме против Австрија.
Меѓу 24 селекции кои ќе играат на Европско првенство летово, на табелата за просечна возраст на селекциите, Македонија е на средина на табела со 27,6 години во просек.
На 13-ти јуни од 18:00 часот Македонија ќе го одигра првиот меч на Европско првенство. Прв ривал е Австрија на преубавата „Национална Арена“ во Букурешт. Каква е фудбалската репрезентација на Австрија?
На Арената „Тодор Проески“ конечно после 2 години пред 10.000 навивачи, македонската фудбалска репрезентација имаше водство против Словенија до самиот финиш кога Словенците израмнија на 1-1. Рутинска и зрела игра како најава за добар турнир летово.
Македонскиот фудбал со Словенија го врзуваат убави нешта. Првиот историски настап на репрезентацијата беше пред 28 години во Крањ кога славевме убедливо 1-4. И низ годините имаме одличен учинок со „змајчеки“.
И покрај обидот на Фудбалска федерација на Македонија да се стиши бурата со новите дресови, од компанијата која ги произведе дресовите велат дека во ФФМ добиле тоа што побарале.
Во ситуација кога љубителите на фудбалот од земјава се обидуваат да направат нацрт план како би требало да изгледа нивната екскурзија во Букурешт каде ќе игра македонската репрезентација, Владата назначи координативно тело кое би ги „олеснило“ тие обиди.
Емотивен видео расказ на Види Вака кој ги опфаќа почетоците на селекторот Ангеловски па сè до врвот кој го искачи заедно со фудбалерите. Фина приказна за Мрме и момците.
До стартот на Европското 2020 кое од познати причини ќе се игра во 2021, останаа нешто помалку од месец дена. Да ги погледнеме арените на кои летово ќе се игра најдобриот европски репрезентативен фудбал.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука по колку пари да и дава на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, во зависност од резултатите нели. На пример за победа ќе делат 300.000 евра.
Ситно броиме до мигот вреден историја за македонскиот фудбал и спорт воопшто, а првиот ден на кој ќе ни се потат рацете пред ТВ е 13 јуни. Мрме ги прозва пулените од кои се очекува гордо и достојно да ја претстават Македонија во европскиот крем од 24 земји учеснички.
Селекторот Игор Ангеловски во главна улога, во документарката „Победници“ на Види Вака раскажува за патот кој го изодел за да стигне на врвот. Трејлерот е пред нас.
Снименa е на еден куп локации низ Македонија со еден куп фаци, што познати, што рандом кои се пријавиле за да бидат дел химната која го одбележува историскиот момент на нашата фудбалска репрезентација. Убаво го спакувале. Се вика „Одиме на Европско првенство“.
Се вика „Одиме на Европско“, ќе се снима во шест градови низ државава и секој може да се пријави како статист. Вчера ги начекавме со автобусот низ град.