Во последниве две години, ширум фудбалските стадиони во Европа често се пее една неверојатно певлива мелодија која настанала пред 34 години од италијанското дуо Ригеира.
И покрај тоа што вечерва на два осминафинални дуели се појавија три петкратни европски прваци кои не сме навикнати да ги гледаме да вадат вакви непопуларни резултати, сепак се случи најдосадното и најнепосакуваното можно сценарио. И двете завршија 0:0.
„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“
Се враќаш од работа, навраќаш до кладилна да се пробаш со едно 50че и потоа како ги пратиш утакмиците, така сфаќаш дека 50чето подобро да си го дал за кикирики. Миксот на фини натпревари за играње од Премиер лига и Куп на Италија заврши ужасно лошо.
Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.
Деновиве популарно на Фејсбук е да ставиш слика од тоа како си изгледал во 2009-та и една од 2019-та и да го пишеш хаштагот #10YearChallenge. Ајде и ние да бидеме популарни и да видиме што има на таа тема на спортски план.
Фудбалерите на Ливерпул сезонава играат неверојатен фудбал. Ги мелат противниците во Премиер лига и Лига на шампиони и заслужено се меѓу главните фаворити за освојување.
На денешен ден пред точно 29 години, Ливерпул го декласираше Свонси со еден гол помалку од Сити против Бартон. Покрај резултатот, од мечот произлезе уште еден легендарен момент, а тоа е гостинскиот навивач кој излезе подобар стрелец од играчите на Свонси. Едвај го фатија.
Ако навивачите на Ливерпул сонуваа за некаква тројна круна сезонава, синоќа Вулверхмптон ги разбуди од сонот и со 2-1 ги елиминираше од реномираниот ФА Куп. Раул Хименез ги донесе „волците“ во водство, Дивок Ориги израмни, а во 55’ Рубен Невеш распали во негов стил од далечина.
По редарот кој поштено се потруди да го одржува мирот на еден натпревар, пред неколку дена и на дербито Манчестер Сити - Ливерпул имаше многу смешна сцена. Францускиот бек Менди кој е повреден влезе на терен да прослави победа со колегите, ама редарите не го препознале.
Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.
По многумина мечот беше за титулата иако има да се играат повеќе од 15 кола до крајот од Премиер лигата. Исто мислел и Пеп Гвардиола кој на крајот призна дека ако изгубеле, најверојатно ќе се простеле од шампионскиот пехар.
По навивачите на Сасуоло и оние на Ливерпул се на слични маки, а тоа е да го побијат компјутерот, дека и тој знае да погреши. До толку се напнаа што фатија петиција да пишуваат против видео технологијата.
Не знаеме дали е најсоодветна формулацијата: што промаши Ливерпул или што спаси Сити? Како и да е, ова е лудо и незаборавно. Сити води 1:0 на полуреме и со овој резултат е на -4 од Ливерпул, а ако влезеше ова на Салах, табелата во живо ќе изнесуваше +10 за тимот на Клоп. Навивачите на овие две екипи со слабо срце нека го баталат видеово.
Божиќното коло не е обично коло во англискиот фудбал. Секоја година традиционално луѓето фамилијарно уживаат во најдобрата лига на светот, на најголемиот христијански празник - Божиќ.
По објавата на видеото кое стана вирално а на кое еден навивач на Ливерпул му го прераскажува голот на другарот кој е слеп, најдобриот фудбалер на „црвените“, Египќанецот Мохамед Салах решил да го запознае Мајк.
Додека Манчестер Јунајтед го игра најлошиот фудбал во последните неколку години (со Мојс бар нешто тарачкаа), Ливерпул напаѓа и се брани така интелегентно, што на противникот не му останува ништо друго освен да ја вади топката од мрежа.
Енфилд Роуд во вторникот донесе огромна возбуда за навивачите на Ливерпул, кој успеа да стигне до посакуваната победа против незгодниот Наполи, вредна осминафинале. Сите беа во транс, па дури и оние кои не можат целосно да го доживеат моментот.
Иако не игра во иста група со Ливерпул ниту има некаков меѓусебен скор во тековното издание на Лига на шампиони, Рома благодарение на една ставка од еден договор ќе лапне 6 милиони евра.
Египќанецот со уште еден убав гол, којзнае кој по ред, го однесе Ливерпул во осминафинале од Лига на шампиони. Подвизите на Салах се стварно надреални.
Во првата рунда од последното коло на Лига на шампиони познати се учесниците во следната рунда. Тотенхем успеа во намерата да спаси кожа на „Камп Ноу“, Интер разочара со ПСВ.
По 16 минати кола Манчестер Сити го претрпе првиот пораз сезонава во Премиер лигата, можност за Ливерпул конечно да избие прв. Сега бандата на Клоп е единствената која нема загубено меч. По тој повод имаме екстра добро измонтирано видео.
„Уругвајските корени ме научија никогаш да не се предавам, а холандската школа ме научи да размислувам“, вели Уругваецот кој сите соиграчи каде што играл го паметат по страшната спремност да „изгине“ на терен со што ги заразувал и другите да бидат борбени како војници.