Таг: лионел меси

Деби на Ристовски, Меси сам го победи Јувентус

Нашиот репрезентативец Стефан Ристовски во Атина со победа дебитираше во најважното клупско натпреварување. Рома и Атлетико одиграа без голови, ПСЖ страшен.

Најава за Лига на шампиони бај Меси

Има ли подобар старт од тоа да се почне новата сезона во ЛШ со едно дерби како што е Барса - Јуве, инаку реприза на финалето од 2015-та? Спремајте за вечерашниот традиционален термин од 20:45. А сега малку морници со звуците на химната во изведба на човекот кој има 94 гола во ова натпреварување и 4 трофеи.

Го знаете ли турскиот Меси од Алтинодру

Има 20 години, се вика Бариш Алиџи и игра за ФК Алтинорду во турската втора лига. Постигна феномеланен гол против Чајкур Ризеспор и потсети на Лионел.

Некогаш во војна, а сега заедно би организирале Светско првенство

Ноќта меѓу четвртокот и петокот, Уругвај и Аргентина одиграа исклучително важен меч од квалификациите за Свветско првенство а лидерите на двете селекции заедно ја промовираа кандидатурата за Светско 2030 во двете земји.

Меси врати дете собрано од обезбедувањето

Во цел метеж при доаѓањето на Аргентина во хотел во Монтевидео каде утре вечер игра против Уругвај квалификации за Светско, Меси здогледува едно мало дете кое сака да земе автограм и да се слика со него ама обезбедувањето го трга експресно брзо.

Во меѓувреме гестот на Меси

Додека очите и мислите ни се вперени во мегафудбалскиот настан за Македонија, ќе се осврнеме кусо на друга тема. Синоќа Барселона и Чапекоенсе одиграа пријателска средба на која резултатот од 5:0 оди во втор план. На Камп Ноу се појавија тројцата преживеани фудбалери од авионската несреќа, Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето. Рушел кој одигра половина час имаше само една посебна желба, а тоа е да си разменат дресовите со Меси. 

Емотивно збогум на Меси со Нејмар

Нејмар денеска не тренираше со колегите, туку само се појави да ги извести дека си заминува од Барселона и се сели во ПСЖ. Со Меси беа заедно 4 години и освоија 8 трофеи. На својот инстаграм профил му остави порака и видео за збогум.

Слаломот на Кака кога Меси голташе прашина

Кога Кака играше во топ форма беше мераци да се гледаат неговите игри за Милан и Бразил. Пазете каде ја прими и колку истрча, се разбира со завршница, а чувар Лионел Меси кој џабе се измори.

„Бев најмал во школо и на терен, секој ден ми ставаа инјекции“

„Во еден момент сфатив дека детево како да е од некоја друга планета од која доаѓаат исклучителни луѓе: доктори, професори, врвни музичари, сликари...“, вели човекот кој е најзаслужен што Барса прифатила да го прими на проба.

Како Меси и Суарез се спремаат за новата сезона

Жонглираат во мал базен и сè е мирно додека децата не почнат да им сметаат па Суарез во еден момент како да вика ’Мрш таму’!

Барселона ја слави доживотната соработка со Меси

Барса со него во состав има скор од 413 победи, 103 нерешени и 67 порази. Има 30 години и до сега стигна до импресивни 30 трофеи и 507 рекордни голови од кои 94 во ЛШ и 23 во Ел Класико. Повеќе од јасно е дека продолжувањето на договорот ќе го одбележат со едно вакво видео во кое го величат.

Меси vs Пеле, Роналдо и Марадона

Во пресрет на неговиот нов договор за кој медиумите пишуваат дека го потпишал до 2021 година за годишна плата од околу 32 милиони евра и откупна клаузула од 300 милиони евра, една споредба на бројот на трофеи на Меси кои ги има освоено до сега со бројот на едни тројца великани и уште еден дечко.

Најбесмислените 5 трансфери кои можеа да се случат во Серија А

Во очекување на некој хит трансфер за ова лето, одиме со оние кои ќе беа или звучат најапсурдни. Каде ли ќе беше сега Меси и дали ќе беше тоа што е сега, ако во 2002-ра година потпишеше за Комо? Истото важи и за другите.

Најубавите голови во кариерата на Лионел кој полни 30 години

Аргентинецот е роден во Розарио на 24. јуни 1987. Поминаа 13 години од неговото деби за Барселона и од тој ден до денес постигна повеќе од 500 голови. Ги издвојуваме најважните во неговата кариера.

Реал е шампион, ама Меси е луд

Да имаш 506 гола, 227 асистенции, 29 трофеи, 37 хет-трикови, 5 Златки топки и 4 Златки копачки и сето тоа за еден ист клуб до својата 29-та година од животот, само тој епитет може да те опише ЛУД.

Како детето кое садело лук и тикви стигна до светска слава

Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.

Двојникот на Меси од Иран

Телевизискиот канал ХиспанТВ направил репортажа со Реза Парастеш од Иран за кој се верува дека најмногу наликува на Меси. Откако пуштил брада уште повеќе личи на 10-та на Барса. А личат стварно како две капки поради што на Иранецов му барале автограми и сакале да се сликаат со него.

Задоволството да го гледаш Меси на мал простор

За него речиси сè е кажано, така што можеме да бидеме среќни што живееме во ера кога Аргентинецот од коло во коло, од викенд до викенд прави чудесии. Неговата способност да се потпишува со фудбалот на мал простор го прави најголемиот на сите времиња.

Да се одмориме малце од Роналдо и Меси

Океј, никој не ме гледа, коли нема, пушти музика да ви покаже батко ви како треба. Ако сум дебел не значи дека не знам како со топката.

Камп Ноу го прослави голот во стилот на Лионел

Откако го даде победничкиот гол во ел Класико, Меси го прослави така што соблече дресот и го крена во вис. Синоќа неговиот гест го повторија навивачите на Барса на мечот против Осасуна каде Меси даде 2 гола (7-1).

Најдобриот гол на Меси на Ел Класико

27 април 2011-та, Ел Класико, полуфинале ЛШ на Бернабеу. Меси проигрува со Бускетс, a овој му ја остава во стил прај што ќе правиш знам дека си најјак. Следува слалом за сите пари каде и Јеро да им беше во одбрана, џабе.

Специјални детски честитки за 500-ка на Меси

Лионел Меси не може глава да крене од честитки по Ел Класико. За голот број 500 прво му честитаа колегите, а сега и децата од 16-те Ескола кампови на Барселона распрскани низ светот. Некои од нив смислија и кореографија.

Посебни честитки од пријателите на Меси за 500-та

Дека работата воопшто не е наивна да стигнеш до 500 гола во кариерата за еден ист клуб, доказ плус е вниманието на поранешните и актуелни колеги на Меси кои му испратија искрени пораки за јубилејот кој ретко се случува во фудбалот.