Таг: лионел меси

Господата 500 голови за еден клуб

Лионел Меси веќе 10 години е главен таргет на статистичарите кои постојано му вадат фасцинантни бројки поврзани со неговата кариера. Ова што тој го прави, сигурно ќе важи за модел во фудбалот во наредни 100 години.

Меси по испаѓањето од Лига на шампиони

Ако после дебаклот од 3:0 во Торино следниот ден Меси од револт тренирал настрана од екипата, тогаш по испаѓањето веројатно и едвај чека да заврши сезонава.

Битка за дресот на Меси

Камерите на Камп Ноу синоќа фатија една интересна сцена во која двајцата столбови во одбраната на Јувентус се лактаат кој да го добие дресот од освојувачот на 5 златни топки.

10 години од најубавиот гол на Меси во кариерата

На 18. април 2007 година во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј Барселона го пречека Хетафе. По голот на првиот дел Каталонците водеа со голот на Чави, а во вториот дел 19-годишниот Лионел го постигна најубавиот гол во кариерата по сопствено признание. (Приметете го Ето како се држи за глава на крај).

Ноќта кога Јувентус посака да го има 18 годишниот Меси

Летото 2005-та на Камп Ноу, Јувентус беше поканет на мечот под името „Trofeo Gamper“, натпреварување кое се игра од 1966-та во чест на основачот на Барселона. Капело во напад ги имаше Дел Пјеро, Ибрахимовиќ, Трезеге, Муту и Ѕалајета, но се заљуби во талентот кој потоа ќе стане број 1 во свет.

Како помина Арсенал на Камп Ноу пред 7 години

На 6 април 2010-та Топџиите ја имаа таа НЕсреќа да ѝ гостуваат на Барселона на реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ. Отпатуваа со резултат 2:2 и потоа им се случи Меси.

„После голот на Рамос во финале на ЛШ го скршив телевизорот“

Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.

Меси суспендиран 4 меча, Аргентина без него ќе брка Мундијал

Кога во квалификациите за Светско 2018 Меси играл за Аргентина, репрзентацијата освоила 15 од можни 18 бода. Без него во тимот освоиле само 7 од можни 21! Ете колку ќе им фали до крајот на циклусот квалификации за СП.

Меси и жена му после дуелот со ПСЖ

Лудилото после епскиот пресврт на Барса против ПСЖ во ЛШ да ти било бетер од славје на освојување на пехарот. Семејството Меси кој знае колку ги фатило саат кога стигнале дома.

Најдобрите стрелци во Европа во моментов

До завршувањето на клупската сезона останаа уште два месеци. Во трката за наградата „Златна копачка“ која се дава на најдобриот ’бомбардер’ во европските првенства лидер во моментов е Лионел Меси.

Најдобрите стрелци во историјата пред да наполнат 30

Друштвото е доста елитно, а во него се наоѓаат една бразилска и една германска легенда од едно друго време и еден Аргентинец од ова време. Веројатно веќе ги погодивте.

Фотографијата со Меси која собра 65 милиони кликови

Ако за пресврт во 90-те може да се прогласи оној на Манчестер Јунајтед во финалето против Баерн, тогаш од 2000-та наваму тоа дефинитивно е оној на Барса против ПСЖ. Една фотографија од тој дуел руши рекорди на интернет.

Најкомплетниот шпиц во Европа игра за Торино

Андреа Белоти дава голови со лева, со десна и со глава, и на тој начин е покомплетен дури и од центарфорите кои спаѓаат во категоријата најдобри на светот. Во моментов е прв стрелец во Серија А, а во Европа пред него се само Меси и Кавани.

Плејмејкерската улога на Меси

Во Барселона има уште еден Андрес Иниеста кој се вика Лионел Меси. Има безброј акции во кои учествува, но тие не можат да се впишат во статистиките бидејќи не се ниту голови, ниту асистенции. Ова се тие ситуации во кои Меси дава топки со очи, односно она клучно додавање по кое паѓа асистенција за гол.

Како ПСЖ го затвори Меси

Статистиката по мечот ПСЖ - Барселона покажа дека Меси ја допрел топката вкупно 17 пати на цел натпревар, ама ниту еднаш во шеснаесетникот, што е ужасно лош податок за него и неговиот тим. За такво нешто треба да се смисли и одбработи совршена стратегија во одбрана против 5 кратниот освојувач на Златната топка. На Парижаните им успеа.

Ќе го биде малиот на татко му Лионел

Ако утрото по денот се познава, помалиот син на Меси, Матео ќе има движења како Лео. Аргентинецот на Инстаграм каде има 63 милиони следбеници постави видео на кое син му игра во ритамот на цртан филм.

На Меси му сметале комшиите, па им ја купил куќата

Поради тоа што постојано биле гласни, пуштале музика и урлале по цели ноќи, ѕвездата на Барселона решила да се отараси од комшиите кои биле под кирија и од сопственикот ја откупил куќата до него.

Катапултот на Меси, голот на Суарез и спорни моменти

Барса и Атлетико синоќа одиграа натпревар кој имаше сè: голови, шанси, пречки, црвени, жолти картони, груби фаули, спорни моменти и убави акции. Пречката го спречи Меси да го даде 28-от гол од слободен удар за Барса. Суарез даде гол па доби непостоечки црвен, а на Атлетико му поништија чист гол.

Што мислеше јавноста за Меси и новиот Пеле во 2005-та

Пред 12 години САД и Аргентина се сретнаа во групната фаза на младинското Светското првенство, а очите беа вперени во две многу надежни деца. Едниот денеска е идол на милиони деца кои сакаат да станат како него, а другиот смени 13 клубови меѓу кои и српска Јагодина.

Судиски грешки на штета на Барселона сезонава

Весникот El Mundo Deportivo кој е со седиште во Каталонија, ја проанализирал работата на судиите на средбите на Реал и Барселона во шпанска Примера и дошол до заклучок дека арбитрите ја направиле бодовната разлика во корист на „Кралевите“.

Тики-така само со Меси и Дани Алвеш

Меси има 555 меча за Барса, Дани Алвеш 391. Меси има 29 трофеи, Дани Алвеш 23. Ги гледаш и си викаш: Па што повеќе од ова.

Што се случува со репутацијата на Барселона

Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.

Нишанот на Меси е ист и на тренинг и во игра

2017-та за Лионел Меси почна совршено. За прв пат во својата кариера на три меча по ред постигнува гол од слободен удар и сега со 26 гола од слободен за Барса го израмни рекордот на Роналд Куман. Овој против Виљареал е скоро идентичен со тоа што го вежбал на тренинг. Мајсториште.

Меси како за почеток на годината

Велат гол кроз нозе два се брои, ама Меси кога дрибла на тренинг тоа им го прави на двајца наеднаш.