Облечи ги истите сандали за Меси да проработи

Во првото коло Аргентина одигра само 1-1 со Исланд а трагичар на мечот беше Лионел Меси кој промаши пенал за 2-1. Една девојка од Аргентина забележала како сопругата на Меси, Антонела Рокуцо на две големи историски победи на Меси во финале на ЛШ 2015 и прослава на титула во Ла Лига 2018 носела исти сандали. Ги замолува сите твитерџии да ретвитаат за Антонела вечерва за дуелот со Хрватска (20 часот) да ги облече истите сандали.

***
Твитот досега има 28.595 ретвитови и 24.543 фејвови. 

21 јуни 2018 - 16:25