Таг: лига на шампиони

Најдобрата насловна за Ајакс

Нема човек што сака фудбал, а да не е импресиониран и зачуден од ова што му го направи Ајакс прво на Реал, а потоа и на Јувентус во ЛШ. Цел домашен и странски печат ги полни насловните со овие златни деца, ама овие дефинитивно ја имаат смислено насловната број 1.

Делириумот во Амстердам

Може само да претпоставиме колку пива се испиле, колку „труби“ свиреле и колку љубов во главниот град на Холандија предизвикал триумфот на Ајакс.

Стара класична школа што не испаѓа од мода

Симпатиите од цел свет во нокаут фазата од ЛШ дефинитивно одат кај Ајакс. Да ги елиминираш Реал Мадрид и Јувентус, па уште да ги газиш и да им играш свој фудбал на нивни терен треба стварно да си махер. Децава играат со акал и срце, а заслужуваат и финале.

Тоталниот фудбал на Ајакс

Фудбалерите на Ајакс сезонава го играат можеби најубавиот фудбал во Европа. Освен што се без пораз на гостувањата во Лига на шампиони цела сезона, туку и тоа го прават во голем стил.

Јувентус на колена, Ајакс е во полуфинале!

Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.

Бомбастичен гол на Кутињо против Манчестер

Барселона си поигра со Манчестер Јунајтед во реваншот од 1/4 финалето на Лига на шампиони, а Меси и Кутињо правеа чуда. Бразилецот даде гол за најавни шпици.

Како незграпниот Смолинг му го повреди носот на Меси

Најнеочекуваниот кадар од „Олд Трафорд“ синоќа во ЛШ беше повредениот нос на Лионел Меси кој настрада по еден грубијански фаул на стоперот на Манчестер Јунајтед.

Чудесниот потег на Даглас Коста

Бразилецот влезе од клупата во 60' минута место Манџукиќ и брзо покажа зошто важи за еден од најпрефинетите техничари во Лигата на шампионите. Велтман синоќа научи што е еластико.

Ајакс го сопре Јувентус, Манчестер со автогол и подари победа на Барса

Ништо не е решено на вторите четвртфинални средби од Лига на шампиони. Барселона обезбеди минимално водство пред реваншот на Камп Ноу, а Јувентус класата и фаворитската улога против Ајакс ќе мора да ја докаже на свој терен. Паднаа вкупно 3 гола, исто како вчера.

Навивачите на Ајакс ги оставиле играчите на Јуве без сон

Пред вечерашниот дуел од 1/4 финалето на Лига на шампиони во Амстердам, фудбалерите на Јуве го доживеале она што го претрпеа и многу пред нив кога гостуваат во главниот град на Холандија. Неколку килограми огномет, разна пиротехника и петарди.

Феноменалната атмосфера на новиот стадион на Тотенхем

Чекаа, чекаа и конечно дочекаа да гледаат фудбал на неверојатно модерниот стадион на Тотенхем, вреден близу милијарда фунти. Хотспур веќе прослави две победи на оваа Арена, од кои една против Манчестер Сити (1:0) во Лигата на шампионите.

Кореецот јунак на Тотенхем нема намера да се жени додека не заврши кариера

Никој не се наслади толку многу на долгоочекуваниот премин на новиот стадион на Тотенхем како Кореецот Сон Мин, кој благодарение на строгоста на татко му и тренерот Маурицио Почетино станал врвен фудбалер.

Лорис одбрани три важни пенали за два месеци

Французинот имал бледа полусезона минатата есен кога се работи за пенали, но затоа во 2019-та година фати неколку исклучително важни пенали, од кои најбитен беше синоќешниот против „граѓаните“.

Тотенхем го доби англиското дерби, Ливерпул со фина предност

Првата четвртфинална битка во Лига на шампиони помина со скромни 3 гола. Фудбалерите на Тотенхем обезбедија минимална победа пред реваншот во Манчестер. Ливерпул ќе биде нешто покомотен бидејќи стигна до резултат кој му ветува ново полуфинале.

Во Ајакс тврдат дека не можат да ја преболат измамата на Јувентус во финалето ’96

За сомнежите на луѓето од управата и фудбалерите на Ајакс дека играчите на Јувентус биле намерно допингувани за финалето од Лига на шампиони 1996-та на „Олимпико“ во Рим, јавноста не знае баш многу. Италијанците жустро негираат каква било вина и бурно реагираат.

Во Англија зачестиле уплати за квадрипул, Гвардиола не сака да зборува за подвиг

Со раниот гол на почеток на мечот на Габриел Жезус, и неколку непријатни моменти пред голот на Едерсон, Сити го совлада Брајтон во полуфиналето на ФА Купот и сега го чека уште една битка во финале за освојување нов трофеј сезонава.

Пеколна битка за Лига на шампиони во Серија А со 8 меѓусебни дуели

Доминацијата на Јуве изминативе неколку години во Италија не дозволува неизвесност во борбата за титулата. Затоа неколку места подолу тепачка е за ЛШ. Се борат Рим и Милано, ама во игра се уште две, па и три екипи. Каша попара е табелата.

Баерн се остри како никогаш досега, спремни да се мерат со шеиците

Финансискиот плус, фантастичната состојба, редот и поредокот во клубот не можат да ја намалат болката по испаѓањето од Лига на шампиони, па Баварците се решени после неколку години да ја одврзат вреќата со пари.

И ние ќе ви ги дереме навивачите 102 фунти, ама со разликата ќе ги субвенционираме нашите

Манчестер Јунајтед и Барселона веќе одиграа едно полувреме од четвртфиналната пресметка во ЛШ од која стапот го изедоа навивачите на двете екипи. Додуше повеќе шпанските навивачи, освен ако Барселона не го ископира Јунајтед.

Кристијано со хет-трикот во ЛШ на Реал му донел пола милион евра

Португалецот му даде три гола на Атлетико и не ни претпоставувал дека му помогнал на клубот од кој замина минатото лето, да заработи околу 500.000 евра повеќе.

Сите теории на заговор за местење на ждрепките на УЕФА

Теорија на заговор имало откако е светот и векот, па така и во сегашноста. Ако на Реал игра со Шалке, Баер или Волфсбург, а Арсенал или Рома со Барселона или Баерн во нокаут фаза, одма се наоѓаат луѓе кои тврдат дека има задкулисни игри. Имаат и „факти“ за тоа.

Сите шест англиски тимови во еврокуповите имаат странски тренери

Премиерлигашите одамна немале вака добра сезона во Европа, откако во четвртфиналето на Лига на шампиони и Лига Европа ќе играат дури шест англиски клуба. А сите шест имаат заеднички именител - странски тренер.

Играч на Баерн 17 минути играл со погрешен дрес

Баерн против Ливерпул ја имаше најслабата вечер сезонава: Ноер грешеше, „црвените“ им даваа голови, а дека нешто не штима околу екипата покажа и киксот со дресот на репрезентативецот Горецка.

Модриќ враќај ја Златната топка, Кристијано ги затна хејтерите

Во ера кога е неизбежно кафанско докажување дека играч се мери по она што го прикажува на терен, а не по тоа колку гел има на косата, вака изгледа расправата меѓу оној кој фудбалот го разбира и оној кој гледа низ призма на его трип.