Уште од голот на Гросо 2006 во Дортмунд Италија не била обединета како синоќа. Камбекот на Јуве против Атлетико го славеа и честитаа и оние од Рим и од Неапол и од Калабрија. А сè благодарение на човекот кој изнесе најголем товар на грб и ја сработи својата работа.
Во ситуација кога со месеци се збори дека ќе биде заменет те со Зидан, те со Конте, те со Гвардиола, тренерот на Јувентус фасцинантно ја спреми екипата за најважниот меч во сезоната и се врати после негатива од 0-2. Тифозите застанаа во негова одбрана.
Откако тренерот на Атлетико на првиот меч непримерено гестикулираше големи мадиња, Португалецот синоќа после еден од трите гола возврати со иста мерка. Симеоне за гестот беше казнет со 20.000 евра.
Ако вечерва Кристијано Роналдо, како и секој навивач на Јуве побараше режисер за да им го напише најпосакуваното сценарио за реванш осминафиналниот дуел од ЛШ, тоа ќе изгледаше токму вакво. 3:0 и три гола токму на Роналдо против довчерашниот градски ривал. Па има ли послатко?
Околу 2.000 навивачи на германскиот бундеслигаш допатуваа во Манчестер за реваншот од осминафиналето од Лига на шампиони против Сити на Гвардиола. За време на кортеото до стадионот, навивачите на Шалке скандираа „Гелзенкирхен - Скопје“ во чест на пријателството со навивачите на Вардар.
Легендарниот Французин официјално замина од Реал Мадрид на 31 мај 2018 година. За девет месеци без него, Мадриѓаните изгубија сè што можеше да изгубат а Зизу наместо ред и поредок, сега начекува неуредна состојба во клубот.
Динамо Загреб ја игра можеби најдобрата сезона во Европа во своето постоење, а нивните неверојатни победи во ЛЕ ѝ донесоа на Хрватска два клуба во квалификациите за Лига на шампиони од сезоната 2020/2021.
Мејсон Гринвуд синоќа стана најмладиот дебитант во историјата на ЛШ: Со 17 години и 156 дена влезе во игра кај Манчестер Јунајтед и го сруши рекордот на Жерар Пике (17 година и 310 дена).
Во средата вечер сите се сетија на епското финале на ЛШ од 1999-та кога шансите за спас на Јунајтед беа непостоечки, исто како после 0-2 со ПСЖ на „Олд Трафорд“. И тогаш фениксот се крена од пепел и сега исто.
Иако сите го отпишаа Манчестер кој после поразот од 0-2 дома, без пола екипа отпатува на реванш со ПСЖ, „Црвените ѓаволи“ славеа 1-3 со гол од пенал по преглеудвање ВАР во 92’ минута и одат понатаму!
Шест месеци. Ова е времето во кое Реал Мадрид ќе мора да го реконструира тимот кој постигна нешто незамисливо во современиот фудбал: 4 титули во ЛШ за 5 години.
„Кралскиот клуб“ е убедлвио најтрофеен клуб во ЛШ со 13 пехари. До синоќа цели осум години не испадна пред полуфиналето. Затоа бламажата со Ајакс е суперсензација, иако такви чуда имаше и порано.
По 4 одлични сезони во Холандија, оди во Англија каде помина исто 4 сезони но не се адаптираше на средината и решил да се врати во омилената земја која вели дека е далеку поубава и позелена од Англија.
Лет Амстердам-Мадрид два и нешто часа, а таму журка 48 часа. Откако пристигнале во главниот град на Шпанија, навивачите на Ајакс не престанале со прекрасна атмосфера без инциденти. Пред, за време и после историскиот меч против Реал.
Во една од најдобрите вечери во историјата на славниот клуб од Амстердам, Ајакс го понижи Реал и со 1-4 оди во четвртфиналето. Тадиќ со 2 магични асистенции и прекрасен гол заслужено играч на мечот. Кејн го носи Тотнем понатаму.
Околу 4.000 приврзаници на клубот од Амстердам допатувале во главниот град на Шпанија каде вечерва Реал и Ајакс ќе играат реванш од осминафиналето на ЛШ. Навивачите на „копјаниците“ уживаат во Мадрид.
Парадоксално и необично, ѕвездичките ги симболизираат 8-те најдобри клуба во Лига на шампиони кои не стигнале до финалната фаза, односно оние 8 клуба кои испаднале.
Тренерот на клубот од Амстердам во неколку наврати деновиве спомена дека тоа што Серхио Рамос, капитенот и главен играч на Реал не игра на реваншот поради жолти картони, Ајакс би можел да го искористи и направи чудо.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.
Пред почетокот на дербито во ЛШ меѓу Ливерпул и Баерн Минхен (0:0), „црвените“ од КОП ја почнаа, а целиот стадион ја заори химната You''ll Never Walk Alone. Ја надјачаа онаа стандардната на Лига на шампиони.
„Јорганџиите“ му дадоа 2 гола на Јувентус во самиот финиш и скоро да ја завршија работата околу пласманот понатаму. Во разните анализи се појави и податок околу тоа колку време фудбалерите на Атлетико се во клубот а колку оние на Јуве.
Ова е првата нокаут фаза во историјата на Лига на шампиони во која се користи технологијата на видеоповторување. На првите средби меѓу Атлетико и Јувентус, како и Шалке и Ман. Сити имаше неколку прегледувања на спорни моменти.
Триесет и четиригодишниот Португалец не можеше да оддолее на жестоките свирежи од „Ванда Метрополитано“ стадионот во Мадрид, па со прсти им покажа на домашните навивачи колку титули во Лига шампиони има освоено.