Странец на клупата имаат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, како и Ливерпул, Тотенхем, Арсенал и Челси. Норвежанец го води клубот од „Олд Трафорд“, Германец го тренира Ливерпул, Аргентинец Тотенхем, Шпанец Арсенал и Италијанец Челси.
Од останатите претставници во Лига на шампиони и Лига Европа домашни тренери имаат: Јувентус (Алегри), Порто (Серџо Консеисао), Ајакс (Ерик тен Хаг), Валенсија (Марселињо), Виљареал (Хави Каљеха), Наполи (Карло Анчелоти), Бенфика (Бруно Лаж), Славија Прага (Јиндрчих Трпишовски).
Од вкупно 16 преостанати екипи во ЛШ и ЛЕ, 7 клуба имаат странски тренери, а освен англиските тоа е германски Ајнтрахт Франкфурт кој го води Австриецот Ади Хитер.
Во оваа фаза последен пат некој англиски клуб да има домашен тренер било во 2012 година кога Хари Реднап го водел Тотенхем а последен претставник од Велика Британија кој седел на клупата на англиски клуб во Европа беше Брендан Роџерс со Ливерпул.
Во минатото беше слично со Венгер (Франција), Мурињо (Португалија), Бенитез (Шпанија) и Фергусон (Шкотска). Во моментов во англиската Премиер лига домашни тренери се: Шон Дајч (Барнли), Еди Хоу (Борнмут), Рој Хоџсон (Кристал Палас), Нил Ворнок (Кардиф Сити) и Сем Алардајс (Евертон). Сите останати се странци.