Во целата еуфорија и неверување на „Енфилд Роуд“ синоќа, првите зборови на Јирген Клоп беа: „Замислете дури го видов и Џејмс Милнер како плаче“
Објаснување за тоа зошто Милнер плачел повеќе од сите имаше англискиот коментатор на ESPN, Џон Бредли кој е навивач на Лидс:
„Кога заплака Мили, мене на крај тоа ме наежи. На 33 години тој мислел дека минатогодишното финале беше негова последна шанса... Сега одново е спремен за големото финале. Многу сум среќен за него. Тој е инспирација на овој фудбалски клуб. Лидер и борец!“.
Милнер го удрија толку силни емоции што неколку минути стоеше пред легендарниот КОП со расплакани очи.
James Milner is in tears, Klopp runs over and gives him a hug!
— Football on BT Sport (@btsportfootball) May 7, 2019
This is incredible 🙌 pic.twitter.com/5yAqQsnxM6
Милнер е еден од последните претставници на старата школа. Важи за најпотценет играч во Премиер лигата. Никогаш не симулира, не глуми и секогаш игра до крај.