Интер, Манчестер Јунајтед, Шахтјор и Копенхаген се првите четвртфиналисти во Лига Европа. Најнеизвесно беше на Меаца каде гостите во 76-та утнаа пенал за 1:1, а во Доњецк финишот беше лудачки. Шахтјор ги наполни гостите со 3 комада од 89-та до 93-та.
Момците на Солскјер имаа 0:5 од првиот осминафинален дуел и вечерва на Олд Трафорд реваншот беше само формална пресметка која ја добија со 2:1. Но резултатот го отворија гостите кои ќе ја паметат оваа убедлива елиминација од 7:1, поради единствениот нивен гол, дело на Филип Визингер.
Денеска полнат 73 години, но за жал не им е до славење бидејќи дишат на респиратор и на три недели до стартот на новата сезона имаат непозната иднина. Но колку и да е ситуацијата со 11 кратниот првак на Македонија тешка, сепак навивачите веруваат дека македонскиот бренд ќе биде спасен.
Покрај одлуката за одложување на Евро2020 за следната 2021-ва, УЕФА реши и да ги пролонгира датумите за одигрување на двата натпревари кои би требале да го одредат шампионот во ЛШ и во ЛЕ.
Во Лига Европа синоќа се одиграа неколку натпревари од Лига Европа а две средби и покрај сите препораки, се одиграа со публика: во Турција и во Шкотска. А во Германија на мечот Волфсбург - Шахтјор (1:2), два промашени пенали уште во прво полувреме. Прво гостите, па домаќините преку Вегхорст.
Короната го покоси и спортот. Секој ден се откажуваат национални првенства и еве ги на ред дојдоа и двете клупски меѓународни за кои УЕФА молчеше и не носеше одлука.
Од неколку прифатливи противници, Рома падна против клубот кој најмногу во историјата го има освојувано трофејот во Лига Европа и буквално „ја сврте игрицата“ во ова натпреварување. Интер против незгодниот Хетафе.
Фудбалерите на дански Копенхаген направија големо изненадување откако во пар минути му дадоа два гола на Селтик во Шкотска и со 1:3 се пласираа во следна фаза.
Јунајтед, Интер, Шахтјор, Хетафе, Копенхаген, Олимпијакос и Севиља им се придружија на клубовите кои неколку часа претходно обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа. Олимпијакос го потопи Арсенал среде Лондон.
Спортинг Лисабон за кого игра македонскиот репрезентативен бек, од првиот меч против турски Башакшехир имаше предност 3:1. Во реваншот до 91' минута губеа 2-1 па примија гол од пенал и во продолженија уште еден па испаднаа.
Синоќа пред да почне еден од поинтересните дуели во Лига Европа, Олимпијакос - Арсенал, едно мало дете доби прилика за фотографија која ќе ја памти цел живот.
Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.
Џабе ќе биде каков гол и да падне вечерва во ЛЕ или некој да направи лудачки дриблинг или пресврт, кога шоуто го украде Рајан Бабел. Холанѓанецот минатиот месец по трет се врати во Ајакс, овој пат на позајмица од Галатасарај и според ова што го гледаме, изгледа преку главна му е од глумење.
Во продолжение од Лига Европа, а паралелно со излегувањето на Британија од Европскиот сојуз, луѓето од ФК Копенхаген спремија необично видео на темата (со келтска детелинка со сè) во пресрет на мечот со шкотски Селтик (четврток 18.55)
Неделава се игра Лига на шампиони и Лига Европа. Четирите најголеми португалски клуба ги чекаат натпревари во второто по ранг натпреварување. Бенфика против Шахтјор, Спортинг со Башакшехир, Порто со Леверкузен и Брага со Ренџерс. Противници од четири различни земји па португалскиот канал SportTV направил добра увертира.
Колку што тифозите на Интер го засакаа Лукаку, толку навивачите на Манчестер Јунајтед заборавија на Белгиецот, а во тоа им помага едно младо момче кое скоро дебитираше за прв тим, а остава впечаток како таму да е 5 сезони.
По ЛШ, попладнево во Нион се одредија и паровите за 1/16 финалето на Лига Европа во кое се најдоа многу сериозни клубови кои ќе го направат овој турнир уште поинтересен во продолжение.
Играч на Стандард синоќа против Арсенал беше свесен дека нема да стигне една долга топка, па ја прибра со раце ко на рагби. Топџиите креваа раце во стил што прави човеков, а овој изгледа мислеше дека игра со другарите кај Гуц. Е добро де, да не губиме време.
Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.
Со учинок од 3 нерешени, 3 порази и 12 примени гола, во конкуренција на ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај, белгискиот шампион заврши трет и ќе продолжи на пролет во Лига Европа.
Иако навивачите на Јунајтед за поразот во Казахстан бараат алиби во тоа што тимот играл со млади и анонимни играчи, сепак реномето на некогаш најголемиот светски клуб е паднато на многу ниски гранки.
Единствениот македонски претставник во Лига Европа не беше вечерва во составот на Спортинг кој го прегази ПСВ со 4:0. Ајнтрахт со пресврт го совлада Арсенал на гости и се вмеша за прво место. Партизан е елиминиран откако при водство од 0:2 во Холандија, прими два комада на крај.