Ибра со два убави гола му го донесе на Јунајтед првиот трофеј сезонава а себе си го подари 32. трофеј во кариерата. Англија е шеста земја во неговата кариера, а во пет освојувал титули.
Масимилијано Алегри синоќа во Порто играше офанзивно со Пјаниќ, Квадрадо, Дибала, Манџукиќ и Игуаин во прв состав. Храбар потег за гостување во нокаут фаза од ЛШ, но и исплатлив за големите екипи кои знаат како до европскиот пехар.
На резервистите Марко Пјаца и Дани Алвеш им требаше само две минути да му донесат на Јуве голема победа кај Порто кој играше со играч помалку поради идиотлукот на Тељес кој доби два жолти за две минути. Варди со втор гол после 27 меча.
Кротоне е град во јужна Италија а истомениот прволигаш синоќа го пречека шампионот Јувентус. За дуелот владеела хистерија за карти па се снаоѓал кој како знае.
Да му дадеш 4 гола на Јувентус на гости треба да си навистина многу јак и да излезеш со 11 играчи меѓу кои не смееш да имаш ниту едно промашено име. Таков состав имаше Алберто Малезани кој таа сезона ги освои Купот на Италија и Купот на УЕФА.
Еден од најдобрите тренери на денешницата го паметиме како играч кој играше со рака во гипс, со пукната аркада и како човек кој правдината ја тера до крај па макар му се испречиле и илјада хулигани.
За ваков тикет човек или треба да има многу пари на кои не знае што да им прави или да е богат коцкар во душа на кој веќе му се здосадило да оди во казино, па свртел на фудбал. А можеби се работи за нешто трето.
Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?
Фудбалот до толку е станат бизнис што нема потег кој е неплатен, па така од секое Европско првенство клубовите тријат раце од своите играчи кои се репрезентативци.
Шампионот Јувентус го совлада Сасуоло на гости со 0:2, но мечот го одбележа моментот кога Алегри реши да го замени Дибала со Марко Пјаца во 75. минута од мечот. Аргентинецот се поздрави со присутните соиграчи, но не и со тренерот кој остана со испружена рака.
Во фудбалот постои термин „Пирловски“ топки па така кога некој играч ќе даде долг прецизен пас коментаторите брзо го споменуваат докторот. Еве ги сите негови голови од слободен удар додека играше во италијанската лига.
Со неколку потези „ги извади од копачки“ своите противници и го сврте фокусот кон себе. За неговиот потпис најбрз од сите бил Јувентус чијшто член Рикардо Орсолини ќе стане од јуни до кога ќе игра во матичниот Асколи.
Нешто не штима со новото лого кое денеска го промовираше Јувентус и за кое плати 200.000 евра да им го направат. Затоа таа најнова вест од таборот на италијанскиот шампион е проследена со сеир, фотомонтажи и слично.
Разликите меѓу овие жестоки ривали најдобро се објаснуваат во разликите на нивните стадиони. Фиорентина и навивачите се поврзани емотивно со својот незаменлив стадион, а Јувентус почна да пишува нова историја која за пет години стана побогата од целата на Фиорентина.
Секој голман знае дека прв услов да станеш голман е да знаеш добро да паѓаш. Малиот Џиџи научил рефлексно да се фрла и да паѓа зимно време на снег во куќата на чичко му, а на лето постарите сестри го терале да трча со врзани раце по плажа каде ги дерел колената.
Ако се прецизни овие истражувања, тогаш излегува дека актуелниот шампион на Италија има 181.000 навивачи повеќе од двете екипи од Милано, а интересно е што најголемиот дел од нив не се од Торино и околината.
Репрезентативецот на Србија и Црна Гора, Зоран Мирковиќ на времето ја имаше таа чест да игра во Јувентус заедно со Зинедин Зидан, ама изгледа не знаел добро кој е Зинедин Зидан.
Иако не се сложуваме со сè што е напишано бидејќи е некако многу лично, сепак ќе ви пренесеме од збор до збор. Серија А се разбира дека не е само Јуве, но тоа е клуб кој е поим за апсолутна доминација. Со триумфот против Рома станаа рекордери во последните 11 сезони по број на бодови и тоа ги немаше една сезона во прва лига.
Очекувано лесно, но неочекувано високо Порто со 5:0 го демолираше Лестер во дуел на екипи кои се пласираа понатаму. Борусија Дортмунд со гол во финишот израмни на „Бернабеу“ и како прва во групата пред Реал ќе оди понатаму.
На човекот кој од родниот југ се преселил на север само за да биде поблизу до Јувентус, животот му станал драматичен од кога ја почуствувал сладоста на лесната заработувачка од препродажба на карти во која се вртат милионски суми.
Џовани Симеоне (21) во неделата беше играч на натпреварот Џенова - Јувентус кој заврши 3:1. Таткото на Џовани, Диего Симеоне на 1.април 2000-та година со гол со глава му донесе победа на Лацио против Јуве на „Деле Алпи“, а подоцна Лацијалите ја освоија титулата.
Еден од најконтроверзните раководни лица во историјата на италијанскиот фудбал кој правеше распореди кој судија на кој меч да суди, даде свои предвидувања за првите 6 позиции на крајот од оваа сезона и раскажа како со едно обраќање сакал да му даде до знаење кој е кој на еден од највлијателните агенти во фудбалот.
Нема коло во Европа, а навивачите на Севиља „Бирис Норте“ да не ги наполнат рубриките за црна хроника. Севиљските хулигани синоќа во локалот „Taberna El Papelón" во центарот на градот нападнале помала група навивачи на Јувентус со разни предмети. Епилогот е еден избоден навивач на Јуве од Белгија кој веднаш бил префрлен во болница. Мечот од Лигата на шампионите Севиља - Јувентус се игра вечерва од 20:45. Во болница завршил уште еден Италијанец и еден Шпанец кој по инцидентот бил пронајден од некој минувач како лежи.
Кедира, Манџукиќ и Хернанес погодија за 3:0 и лесни 3 бода на Јувентус против Пескара. Дуел на кој во игра влезе дете на кое Џиџи Буфон може да му биде татко.