Како ретко кога вљубениците во италијанскиот фудбал имаат многу адути за на маса кога ќе дискутираат со оние кои, додуше со право, слепо им веруваат само на Премиер лига и шпанска Примера.
Во Јуве, како и во други италијански клубови традиционално, на неколку дена пред стартот на новата сезона се игра генералка меѓу А и Б тимовите на клубот. На ваков меч во Торино, избраниците на Алегри со 5-0 го совладаа Б тимот а резултатот го отвори Роналдо.
На 18 август почнува новата сезона во Серија А. Шампионот Јувентус го очекува преполн стадион во Верона каде ќе му гостува на Кјево. А „Бјанконерите“ до тогаш се спремаат во сјајна атмосфера.
Додека Италијанците одбројуваат до стартот на Серија А или поточно до дебито на Роналдо, некои навивачи работат на случајот и како да профитираат од првата појава на мегаѕвездата во нивниот град. Претерале малку.
Кристијано Роналдо уште го нема облечено дресот на Јувентус, ама според темпото со кое се продава, Старата Дама ќе ги извади парите кои ги даде за трансферот само од продажбата на дресовите и тоа лабаво.
Со скандирање Cristiano portaci la Champions (Кристијано донеси ни ја Лига на шампиони), стотина тифози на „Старата дама“ го пречекаа најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА. Над 200 новинари се акредитирале за официјалната прес-конференција на Португалецот од 18:30 часот.
Уште во ’90-те години Kappa беше еден од највлијателните фудбалски брендови на свет. Во најдобрите години оваа фирма ги спонзорираше Јувентус со Платини и Зидан, легендарната Барса на Кројф, Милан на Ван Бастен, Рома со младиот Тоти и други топ европски клубови.
Секоја чест за гостинската победа на Наполи против Јуве во 90-та и за јуначкиот пресврт на Интер против Лацио вреден ЛШ, ама Битолчани стварно имаат добра поента.
На денот кога објави дека во сабота играчки се збогува со Јувентус (и во очекување да дознаеме дали ќе се збогува и со фудбалот), дојде ред да го разгледаме неговиот омилен албум со спомени.
Кој би рекол во 2000-та година дека Алесандро Неста еден ден ќе стане тренер на Перуџа, клубот на кој сега има шанса да му се заблагодари за една професионално завршена работа во едно големо невреме за кое секогаш ќе се зборува во Рим.
Трпат критики за блискост со судиите, за загубени финалиња во ЛШ, за вулгарни напади против судијата против Реал во четвртфинале, ама на крај вистината е таа. Никој не може да се мери со нив во Италија.
Јувентус ја извојува седмата шампионска титула по ред откако ремизираше 0-0 со Рома во 37. коло од Серија А. За „Старата дама“ ова е 34-та титула во историјата а дури 9 од нив освоил голманот Буфон.
На драматичната разврска за титулата во Серија А викендов и дојде крајот, а еден од најзаслужните за тоа е џокерот на Алегри кој и покрај тоа што слабо спиеше цела ноќ, влезе во игра и го реши натпреварот.
Јувентус ги стави рацете на пехарот за рекордното седмо скудето по ред и чека само и официјално да биде прогласен за шампион. Од најголемиот конкурент во Неапол вчера прикажаа зошто се бесни на судиите.
Јувентус не е официјално шампион на Италија, ама според сценариото кое треба да се случи за да не биде, може да почне да слави. Наполитанците џабе го превртија градот наопаку откако славеа на Алијанц.
На финалето од ЛШ во 1985-та се случи една од најголемите трагедии во историјата на спортот. Јувентус за првпат стана европски првак но резултатот остана во сенка на големата трагедија.
Дерби од типот на Интер и Јуве во финишот од сезоната со таква важност тешко поминува без некоја контроверзна ситуација за која ќе се зборува цела недела. Плус во случајов Јувентус е во прашање.
Што ти е дерби на Италија. 0:1, 2:1, 2:3. Така се движеше резултатот меѓу Интер и Јуве, а на крајот се радуваат гостите со лудачки пресврт во 87-ма и 89-та минута и останаа на +4 пред Наполи кој утре гостува во Фиренца. На трибините Интеристите удрија силно против лутиот ривал.
Јувентус поведе против Интер во 14’ минута преку Даглас Коста, а само три минути подоцна Весино доби црвен картон по стартот над Манџукиќ откако судијата Орсато кога ја виде лузната на Хрватот побара ВАР.
Додека уште не ни се средени впечатоците од понеделничките мајстории на Пандев и Барди, имаме нова мајсторија од наш фудбалер. Овој пат од талентираниот Македонец кој е дел од Јуве У-16. Го бркаа четворица на градското дерби, ама никој не го стигна. Мечот заврши 6:1 за Старата Дама.