Таг: јувентус

Статистичкиот податок кој “го уби“ Јуве

Веројатно најслабиот меч на сезоната, а можеби и во последниве години Јувентус го одигра против Наполи пред своја публика. Статистиката го извади најлошиот податок за актуелниот првак на Италија до сега невиден на нивниот нов стадион.

Неапол е во транс, 20.000 навивачи го блокираа аеродромот

Секој што ќе ги погледне сцениве ќе помисли дека синоќа се славела титула во италијанското првенство, а тоа беше само победа против Јуве со која сè уште ништо не е решено. Нема поголеми фанатици за фудбал од Наполитанциве.

Што се случуваше во Неапол по триумфот над Јуве?

Градот под Везув и натаму го живее сонот наречен скудето. Го победија Јувентус со гол во 90’ минута и му се приближија на само еден бод на четири кола до крајот.

Зошто Неаполитанците ставаа слики од магариња во базата на Јуве

Суеверниот Југ верува дека може да им се повтори ксметот од 1930-та година со амајлијата.

Кротоне има свој Кристијано Роналдо

Во Серија А изгледа ништо не е готово. Наполи одигра прошло коло реми со Милан, ама сега пак Јуве направи скроз неочекуван кикс на гости против Кротоне, а Наполитанците два пати губеа и на крај го совладаа Удинезе со 4:2. Следно коло: Јувентус - Наполи. Јуве 85 бода, Наполи 81.

Никој не го освоил Скудетото кога бил на -6 на 6 кола до крај

Откако Баерн, Сити и ПСЖ ја освоија титулата, а прашање на време е само кога ќе го стори тоа и Барса, единствената каква таква неизвесност остана во Серија А. Како стојат работите Наполитанците имаат речиси невозможна мисија.

Ни Буфон не е цвеќе за мирисање

Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.

Новост во FIFA 2018 за судијата на Реал - Јуве

Не знаеме само дали ќе може да се изведе на R1 и триаголник или на икс со L2.

Италијански новинар доби црвен картон на Бернабеу

Џорџо Кјелини не бил единствениот кој решил да ги провоцира мадридистите дека со мито ја завршија работата во четвртфинале. Познатиот новинар и водител на Медиасет, Мино Тавери им извади банкота на навивачите на Реал, а обезбедување го отстрани од трибина бидејќи можеше да дојде и до тепачка.

„Не знам што се чудите, лани на Баерн му се случи ова, сега нам“

Изјави од крајност во крајност - исти онакви какви што беа процените за тоа дали бил или не бил пенал. Со исклучок на Дел Пјеро кој делува зачуден од изреченото на Буфон.

Беше ли Оливер во право?

Навивачите на Јуве и Реал очи ќе си извадат на Фејсбук за тоа дали имаше или немаше пенал врз Роналдо. Ситуацијата е спорна, размислувањата се поделени, па дури и на неутралните навивачи и на експертите.

Лига на шампиони во собрание

Ние од спортска не пратевме дали пратениците синоќа и изгласаа недоверба на владата, ама забележавме дека му дадоа доверба и предност на мечот Реал Мадрид - Јувентус. Ноќна собраниска седница во спортска среда изгледа вака:

Лудо сценарио во Мадрид, Роналдо со пенал во 97-ма го носи Реал во полуфинале

Вториот дел од филмот на Хичкок во ЛШ од стадионот Олимпико во Рим продолжи на Сантијаго Бернабеу. Јувентус извади херојски 0:3 за еден час игра вредни продолженија, но судијата свирна пенал во последните секунди од мечот. Буфон збесна и доби црвен, а соочувањето со Роналдо од 11 метри го имаше Шчесни.

А ножичките ги пробувал на тренинг пред мечот

Синоќа на двата четвртфинални дуели паднаа 6 гола ама целиот свет зборува за ремек делото на Кристијано Роналдо. Необично, пред истиот гол пробувал ножички на тренингот ден пред натпреварот со Јувентус.

Страшен гол на Роналдо, Реал и Баерн завршија работа

Четвртфиналната вечер во Лига на шампиони ќе биде запаметена по долгиот аплауз кој навивачите на Јувентус му го приредија на Кристијано Роналдо за неверојатниот гол со ножички. Баерн ја освои Андалузија.

Како Бонучи го прослави голот против Јувентус

Леонардо после седум години во дресот на Јуве синоќа даде гол против поранешниот тим и тоа во улога на капитен на Милан. Во 27’ минута од мечот Бонучи го израмни резултатот на 1-1 и ја прекина рекордната серија на Јувентус и на Џиџи Буфон без примен гол.

Сценариото со кое Италија може да има пет екипи во ЛШ

Од следната сезона стапуваат во сила новите правила во Лига на шампиони од кои бенефит ќе имаат четирите првопласираните екипи од најдобрите четири европски лиги. Има три опции од Серија А да учествуваат 5 клубови во следната сезона од ЛШ.

Магистер Кјелини чита книги и секогаш крвари за Јувентус

Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.

Како се бркаа(т) Јуве и Наполи на табела

Главниот конкурент во борбата за титулата на Јуве изминативе неколку сезони му е Наполи кој никако да го направи тој исчекор за да го зграпчи толку посакуваното Скудето уште од времето на Марадона. Како да подзагубија чекор и овој пат.

45 години наполни „пит-булот“ Едгар Давидс

„Си лета времето“ е првата помисла на навивачите на Ајакс, Јувентус и Барселона кога му честитаат роденден на еден од најомилените нивни фудбалери во клупската историја.

Буфон плачеше на едноминутниот молк за Астори

Во цела Италија натпреварите почннуваа со едноминутен молк во чест на прерано починатиот капитен на Фиорентина. На дуелот Јуве - Удинезе во Торино, Буфон остана на клупата каде му се насолзија очите додека траеше молкот.

Династија Ањели - дрвото на животот на фамилијата која го води Јувентус

На крајот се поставува прашањето: Кому му припаѓа „Старата дама“? Кој владее со империјата од Торино?

Тоа е таа страст за фудбал

Џиџи Буфон и Џорџо Кјелини се вистинското лице на Старата Дама без кои Јуве не би бил Јуве. Играат со срце и муда и затоа прават пресврти во Лига на шампиони. Познатата парола на Јувентус „Fino alla fine“ (во превод: до крај) пресликана во потегот на Џиџи.

Андреа сивоња Барѕаљи

Во 33' минута од реваншот Тотенхем - Јувентус, италијанскиот репрезентативец направи голема глупост врз Кореецот Сон и право чудо ќе биде ако не го казнат за безобразието. После неколку минути Сон му избега и го постигна водечкиот гол.