Актуелниот шампион на Англија е дефинитивно во очајна форма и ако не сте погледнале табела, само ќе ви кажеме дека се на -22 од лидерот Сити. Од 16 декември немаат победа на домашен терен, а синоќа Челси им го нанесе петтиот пораз по ред на Енфилд. Погледнете како си ги играа на прва.
Англискиот шампион есента лани се пресели во нова база. Стариот добар Мелвуд го сменија за ултра модерната база Киркби која не им носи добри резултати сега за сега.
Клоп реши да ја засили одбраната со играч кој добро котира во англискиот Чемпионшип и кој никогаш не играл погоре од таа лига. За него познавачите на приликите во англиското фудбалско подземје имаат само пофалби, останува да се докаже на „Енфилд Роуд“.
Англискиот шампион дефинитивно е во криза. Јирген Клоп беше толку фрустриран што на полувреме му се пушти на гостинскиот тренер во жестока расправија. Не знаат за гол долго време.
Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.
Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.
Ливерпул и Тотенхем го одиграа најинтересниот меч од почетокот на англиската Премиер лига. Жозе Мурињо го обвинуваат дека повторно паркирал автобус пред својот гол, но тој тврди дека синоќа победил послабиот тим.
Последниот меч од групната фаза на Лига на шампиони, Ливерпул го играше во Данска и тоа како сигурен патник во нокаут фазата. Мидтјиланд веќе ги изгуби сите шанси за пласман па играа само за престиж.
Мурињо ни беше два пати во Скопје и во двата наврати направи шоу, особено вториот пат. Ама кој знае што ќе биде ако еден ден дојде царот меѓу тренерите. Погледнете колку е оригинален и природно комичен во дијалог со колумбиски новинар кој му заличи на Пабло Ескобар.
Ливерпул по убедливо освоената титула минатата сезона, продолжува да гази и во новата. Го совладаа големиот ривал Челси со 0-2 со два гола на Садио Мане, откако домаќинот играше со играч помалку по црвениот картон на Кристенсен. Кога судијата го исклучи Данецот некои од клупата на Ливерпул аплаудирале, па Клоп им се свртел.
Хрватот ретко дава интервјуа, ама кога збори искрен е до болка. За најдобриот германски тренер вика: „Фраерот може знаеше да погреши две години па да се извади со трансфери, ама е јако харизматичен, страшно е интелигентен. Го вади најдоброто од играчите“.
Некои медиуми веќе прават анализи околу тоа како најдобриот играч на светот ќе игра во тактиката на Манчестер Сити кај Гвардиола, а некои уште си поигруваат со нагаѓања каде Меси ќе ја продолжи кариерата. Па го начекаа Клоп да го прашаат дали го гледа Лео на „Енфилд“.
Јирген Клоп апсолутно заслужено собира индивидуални награди. Тој му донесе титула на Ливерпул чекана 30 години и е избран за тренер на годината во изборот на Здружението на тренери на Англија (LMA).
Мамурниот Ливерпул иако отиде во Манчестер во полн состав, изгуби од Сити со убедливи 4-0 па на Јирген Клоп баш и не му беше до смеење синоќа на „Етихад“. После мечот новинарот Џеф Шривс го прашува дали имале добри шанси при резултат 0-0.
Навивачите на Ливерпул едвај го дочекаа почетокот на мечот со Манчестер Сити зошто знаеа што ги чека во првите минути од преносот, а ние се прашуваме како кај нас би изгледал еден ваков витешки гест.
Најдобриот тренер на денешницата, Јирген Клоп го врати Ливерпул на славните патеки, го направи европски и светски првак, му донесе титула во Премиер после 30 години, но за малку се ова можело да не се случи. Во 2014-та Јирген го одбил Јунајтед.
Од журката на Ливерпул се знаеше што се чека. Денсот на царот кој се отвори јако пред екипата. Има право да одлепува колку сака. Ги направи европски, светски, па англиски прваци. Растурај царе.
Ако некоја од големите продуцентски куќи го снимала одблизу амбиентот во новиот англиски првак од 2010 до 2020, би можел да се појави документарец за Оскар. Денес ретко кој памети дека Ливерпул губеше од четвртолигаши и беше пред колапс.
И покрај сите препораки и мерки од медицинските лица, од здравствените власти, од полицијата па дури и од нивниот тренер, навивачите на Ливерпул не можеа да оддолеат и да не излезат на улица да ја прослават првата шампионска титула после цели 30 години!