Клоп после Мидтјиланд: „Судија батали ВАР, студено е на терен смрзнавме“

Последниот меч од групната фаза на Лига на шампиони, Ливерпул го играше во Данска и тоа како сигурен патник во нокаут фазата. Мидтјиланд веќе ги изгуби сите шанси за пласман па играа само за престиж.

Англискиот првак дојде со мешан состав во Данска. Покрај Салах кој даде гол во 55' секунда од мечот, играа уште и Трент, Кеита, Жота, дебитантот Лејтон Кларксон, Рис Вилијамс, резервистите Ориги и Минамино.

Ливерпул го одигра можеби најслабиот меч сезонава. Во вториот дел Данците бараа пенал откако Андерс Дрејер избега на одбраната на Ливерпул а голманот Келехер го фаулираше. Помошникот судија во меѓувреме сигнализираше офсајд, па се гледаше ВАР од целата ситуација.

Се испостави дека немало офсајд и дека Келехер направил пенал за што доби жолт картон. Домаќините израмнија на 1-1. Проблемот е во тоа што Мидтјиланд има мал стадион и камерите се поставени максимално неудобно за ВАР и за гледачите.

На судијата му требало повеќе од 3 минути да гледа ВАР снимки. После оваа ситуација, пак се гледаше ВАР но многу подолго. Во 76' минута на Мидтјиланд му беше поништен гол за 2:1 поради офсајд. Пак не беше јасно дали имало или немало офсајд. 

И за оваа епизода требало повеќе од 3 минути.

Најспорниот момент според тренерот на Ливерпул се случи во 89' минута. Минамино постигна гол само неколку секунди откако влезе во игра но му го поништија поради офсајд. Кога се гледаше ВАР повторно, се примети дека немало офсајд но се видело дека Садио Мане претходно играл со рака. 

Судијата го продолжи мечот за 8 минути а се одиграа 9 минути до крај. Сево ова придонесе Клоп нервозно да коментира после мечот во студената Данска.

„Многу долго траеше. Не знам дали се исправни одлуки, дали имаа тешки проценки или не, ама секоја проценка им одзема по 3-4 минути. На ладно време тешко е да се издржи тоа. Веќе замислувам како луѓето викаат: „Боже овој пак ли зборува за ВАР?“ Ама искрено многу време одзема а на теренот беше студено. Не помага тоа. Јас бев еден од од тие кои викаа дека ВАР е одлична идеја. Но веќе не сум сигурен дали би го кажал тоа, искрено. Но веќе е тука и мора да се навикнеме на него“.

10 декември 2020 - 15:29