Навивачите на Ливерпул ќе имаат можност да купат некои од личните предмети на фудбалерите или луѓето од стручниот штаб, преку аукција на која ќе бидат претставени преку 300 предмети.
Ќе може да се купат дури и шкафовите од канцеларијата на Јирген Клоп, столови, маси, но и други интересни предмети.
Најевтин предмет е закачалка (чивилук) за јакни/капути кој вреди 30-50 фунти (тоа е пазарна вредност, а реалната цена ќе ја определат учесниците на аукцијата).
Интересно, меѓу поскапоцените предмети е и картата/мапа на Англија, прва работа која што Јирген Клоп ја купил за својата канцеларија веднаш откако го назначиле за тренр. На неа мошне комотно може да се видат растојанијата од еден до друг стадион во земјата.
На продажба се и фотографии од галеријата на тренери. Фотопортрети од Фил Тејлор, Рој Хоџсон и Брендан Роџерс се проценети на 100-150 фунти. Портрет од Грем Сунес изнесува 150-200 фунти, а на останатите тренери од 200-300 фунти.
За фотографија од Јирген Клоп треба да се плати далеку, далеку повеќе - неговиот портрет е оценет на 1000-2000 фунти. Такви портрети има и во новата база во Киркби но не се на продажба.
Еден од најскапите предмети е исто поврзан со германскиот тренер - тоа е двосед од канцеларијата на Клоп, двосед проценет 2.000 фунти:
Убедливо најскапо нешто на аукцијата од поставката во Мелвуд, ќе биде познатиот „шампионски ѕуд“ Место каде Ливерпул ги чувал сите трофеи, ѕид кој беше освежен минатото лето со најчеканиот пехар во Премиер лига. Цената изнесува 7.500-15.000 фунти.
Најинтересен предмет кој предизвикал најголемо внимание се ракавиците на Лорис Кариус (проценети 100-150 фунти), а има уште маса за прес-конференциите на Клоп и капитените (1.000 - 2.000 фунти), капут на Клоп Hugo Boss (1.000 - 1.500 фунти), фамозната долга црна јакна на Јирген (500-800 фунти), пехар „Мелвуд“ од пинг-понг турнир (200-300 фунти).
Забавен е и портретот на Клоп како рокер кој ја „пржи“ гитарата, насликан од уметникот Марк Џенкинс. Овој портрет е проценет на 250 фунти.
Аукцијата е предвидена за 2. март, а собраните средства ќе одат за хуманитарниот фонд на Ливерпул - LFC Foundation. Овој фонд најчесто помага социјално најзагорезени семејства во областа Мерсисајд, која им е особено потребна во време на глобалната пандемија.