Ливерпул со гол со глава на Боби Фирмино во 90' минута победи 2-1. Претходно во текот на целиот меч и двете екипи имаа големи шанси но се испромашуваа.
Откако Лондон во среда го ставија во трето ниво на карантин поради зголемен број на заразени со Ковид-19 па оттука и стадионите во овој град ќе бидат одново затворени, Ливерпул остана на нивото во кое се делумно отворени стадиони како во Саутемптон и Брајтон.
Легендарниот КОП делумно се исполнил на два часа пред мечот, а навивачите стоеа на дистанца едни од други. Се заори YNWA:
„Енфилд Роуд“ беше еден од оние ретки стадиони на кој најмногу фалеше публика минативе месеци (или покоректно, отсуството на гледачи најмногу се почувствува).
2.000 гледачи на големиот Енфилд се како игла во сено, но и во ваква ситуација на глобално ниво, и тоа е сосема доволно човек да ужива во фудбалот со навивачи отколку без нив.
А на теренот, како што напиша уредникот на фудбалската секција на The Guardian Барни Ронеј: „И покрај разликата во фудбалска филозофија, ривалството Клоп против Мурињо просто не проработува. Меѓу нив како да има некоја чудна хемија, симпатии еден со друг“.
Можеби и затоа што никогаш досега Клоп и Мурињо не се нашле на врвот на табелата во Премиер лига да се борат за прво место. Жозе и Јирген пред мечот срдечно се поздравија, а во текот на дуелот се ограничија на неколу дофрлања до своите играчи.
Салах го отвори резултатот откако неговиот шут се одби од одбраната на Тотенхем и фати чуден лет па го лобуваше Лорис. Енфилд го скандираше неговото име, но само 7 минути подоцна Сон избега на последниот ред на Ливерпул и го совлада Алисон за 1:1.
Судијата гледаше ВАР да провери дали имало офсајд, но голот беше регуларно признат.
После мечот Јирген Клоп изјави дека Сон сто посто бил во офсајд, а на крајот од првиот дел му се пушти на линискиот судија. Полувремето заврши 1:1. Ливерпул во првиот дел имаше повеќе од играта, но во вториот дел Тотенхем презеде иницијатива и со пар шанси го разбуди Мурињо да стане од клупата и да ги бодри. Тогаш изреагира и „Енфилд Роуд“ кој пееше препознатливи песни против него.
Дека Мурињо паркираше автобус се покажа и преку статистиката дека Ливерпул синоќа имал повеќе од 200 додавања пред противничкиот гол, а Тотенхем 20 помалку. Но добри 10-ина минути Спарс имаа сериозна иницијатива и многу добри шанси за гол: Бергвајн, Сон, Кејн.
И на крај Ливерпул го направи тоа што најдобро го знае во последните 2 сезони. Искористи корнер во 90' минута, Фирмино со глава постигна преубав гол (Од 60 гола за Ливерпул, 10 на Бразилецот беа решавачки).
Откако мечот заврши 2:1 Клоп и Мурињо се поздравија и нешто поразговараа. На прес-конференција Жозе одговорил што си кажале еден со друг:
„Му реков на Јирген дека денес подобриот тим изгуби, тој не се согласи, но тоа е мое мислење. Притоа, ако јас се однесував како него денес на клупата, немаше да стојам овде (ќе го исклучеле). Он е поизразен? Вие сакате да ја грабам таблата за судиско продолжение од четвртиот судија и да видиме што ќе се случи со мене? (алудираше на тоа што Пеп Гвардиола ја тегнеше таблата во финишот од мечот Сити - ВБА).
"Do you want me to take the table with the time from the fourth official... see what happens to me?"
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) December 17, 2020
"For some reason I am different... that is sad"
Jose Mourinho had plenty to say in his post-match interview 👀#PLonPrime pic.twitter.com/a6QSl9uErR
Клоп многу и се израдува на победата како и цел Ливерпул. Молбата на директорите и здравствените лица навивачите побрзо да ги напуштаат трибините после мечот не го спречи Јирген да го повтори својот гест кон Коп-от каде му аплаудираа и скандираа.
Откако новинарите му ја пренеле изјавата на Мурињо, Клоп рекол кратко: „Веројатно јас не се изразувам добро на англиски“. Новинарите на Островот пишуваат дека може да се роди ново големо ривалство - особено ако Тотенхем и Ливерпул и натаму се борат за самиот врв. Нивната средба во Лондон е закажана за крајот на јануари кога се очекува да има жестоко дерби.
"Spurs will be up there until the end of the season, 100%" 🔮
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) December 16, 2020
"Jose said to me: 'The better team lost'" 👀@LFC boss Jurgen Klopp gives his post-match thoughts on #LIVTOT to @GabbyLogan...#PLonPrime pic.twitter.com/9Yu8o6DZdS