Не е Европско ако Италијанците не му дадат убав шмек. Што со отпеана химна ко да се иде на фронт, што со шармантни девојки со триколорето, што со досетливи пароли. Па браво!
По сите падови кои ги имаа со малерозниот селектор Вентура со кого испаднаа во бараж за Светско првенство (првпат после 60 години во 2018-та не отидоа на Мундијал), Италијанците доживуваат ренесанса со Роберто Манчини. Ќе играат големо финале на Европско 2020 на култниот „Вембли“. Еве како се славеше триуфот во една фан зона во Рим:
Ако тргнете во потрага на Аѕурите да им го побарате последниот пораз, ќе треба да се вратите дури во септември 2018-та. Загубија во Лига на нации од европскиот првак и од тогаш повеќе не знаат што е пораз.
Во вторникот Италија го објави конечниот список фудбалери за Европско првенство. Селекторот Манчини спремил пар изненадувања за јавноста а го повика и резервистот на Сасуоло Распадори кој нема ни минута настап за репрезентација.
Вечерва за трофејот во италијанскиот Суперкуп ќе се борат Јувентус и Наполи, предводени од Пирло и Гатузо кои повеќе од десет години беа блиски соиграчи во Милан и репрезентацијата на Италија. Има куп јаки анегдоти поврзани со двајцата.
Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.
Италијанската фудбалска репрезентација ужива со селекторот Роберто Манчини. Не знаат за пораз, играат добар фудбал, а Манчо има широк список од 50-ина играчи на располагање да бира. Па после свиреле и пееле, па ќе свират.
„Жена ми Сара ќе се разбудеше сред ноќ и ќе се зачудеше: лежев, гледав во плафонот и не можев да заспијам“, рекол Даниеле Де Роси на прошталната прес-конференција во Аргентина од каде заминува.
Најдобриот егзекутор во Серија А е типичен пример како за секој човек има место, само треба да си го најде. А Чиро го најде на стадионот „Олимпико“ каде за некое време би можел да стане прв стрелец на вечната листа.
На жабарите им тргна, ама не да им тргна, растур систем прават. Манчини остварува рекорди недостижни и за Трапатони, Липи, Ѕоф. Несреќникот Џанпјеро Вентура веќе никој не го ни збори.
Иако имаа 9 од 9 во квалификациската група за ЕП 2020 и веќе немаа никакви мотиви за игра, сепак ги најдоа и решија да здробат сè до крај, односно да го завршат циклусот со 10 од 10. Не сме гледале волку моќна и ефикасна Италија до сега.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини беше човекот кој ја направи потребната смена на генерација и тоа му донесе фантастичен резултат. Растурија во квалификациите и најавуваат поход на злато со фудбалери кои се полу-анонимни за светски рамки.
За време на еден од најинтересните натпревари од квалификациите претходниов викенд, Финска - Италија, претседателот на скандинавската земја Саули Нинисте (71) седеше на една од навивачките трибини (во црна јакна), со обичниот народ. На крајот Италијанците славеа 1-2 со гол од пенал.
И покрај тоа што секогаш во својата група е меѓу двата главни фаворити за пласман на Европско, селекцијата на Италија сепак успеа да направи серија за почит или поточно да оствари рекорд на кој може да подзавиди и една Шпанија.
Џанлука Паљука, Паоло Малдини, Франко Барези, Антонио Конте, Дино Баџо, Роберто Баџо - плејада врвни италијански фудбалери кои тргнаа послабо на Мундијалот а потоа маестрално стигнаа до финалето каде се случи легендарниот пенал на „малиот Буда“:
Строго католичко воспитание, голема посветеност кон религијата, тренинзи во предградието и радост кога му направиле екскурзија во базата на клубот во кој се вљубил на прв поглед. Ова е сторијата за Мојзе Кен.
Без разлика што играа против Лихтенштајн, селекција која ја имаме здробено 11:1, победата од 6:0 е изненадувачка за селекција како Италија чија филозофија отсекогаш била како да се одбрани за да победи. Истата реализација како вчера ја имале пред дури 26 години.
Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.
Ретко се смее, ретко покажува емоции на лицето. Исто како Пирло ја има таа флегматична елеганција на теренот а што е најинтересно игра во Бреша, има долга коса и ја покрива истата позиција како Андреа на времето.
„Разочарување“, „Катастрофа“, „Очај“ се само дел од денешните наслови во италијанските медиуми после уште една мизерна партија на нивните репрезентативци - овојпат во Лисабон каде изгубија 1:0 во Лига на нации.