По работата со опремата за олимписката селекција на Италија за ОИ 2012 и 2016, познатиот дизајнер сега потпиша договор со ФФИ. Во договорот пишува дека брендот е должен да дизајнира и произведува гардероба за машките, женските сениорски и младински категории.
Досега со фудбалската репрезентација на Италија работеше Dolce and Gabbana. Џорџо Армани произвел костим, кошула и палто од трикотажа за репрезентативците кои ќе бидат скоцкани од глава до пети.
Чевли, рачни ташни, ремени, ранци и очилата за сонце од Армани, ќе го дополнуваат изгледот на секој фудбалер во репрезентацијата на Манчини.
„Овој договор лично многу ме израдува, затоа што одново се враќам во фудбалот. По искуствата со Челси и Баерн Минхен, сега ќе правам гардероба за репрезентацијата на Италија која што ја облекував уште на Светското првенство 1994-та година.
Горд сум за соработката со федерацијата и со задоволство ќе им ги претставам на нашите спортисти елеганцијата и практичноста. Јас создадов гардероба која одговара на мојот стил а ќе им одговара и на спортистите во постојано движење“, рекол легендарниот Џорџо Армани.
ЏОРЏО МНОГУ САКА СПОРТ
Во 2004 година Италијанецот стана спонзор на кошаркарскиот клуб Милано (трофеен клуб со 3 пехари во Евролигата во ’60-те и ’80-те години). Клубот долго време преживувал тешки периоди и финансиски проблеми. Помошта стигнала од неочекувана страна.
Креативниот директор на Armani, Лео Дел Орко го убедил својот шеф да го спасат клубот кој згаснува. Во 2008 година Џорџо ги купил мнозинството акции, а клубот во последните шест години дури три пати ја освои титулата во Италија и игра сосема добро во Европа.
Џорџо Армани првпат соработувал со спортските колективи за време на Мундијалот 1994 во Америка кога бил дизајнер на гардеробата за Аѕурите. Од тој момент тој регуларно соработувал и со спортисти и со федерации (ги облекувал Италијанците за Олимпијади, фудбалерите на Њукасл, Челси, репрезентацијата на Англија како и ѕвезди како Кристијано Роналдо и Кристијан Виери).
„Фудбалскиот свет привлекува но е многу сложен. Некои играчи може да го повредат брендот ако не играат од разни причини, па затоа ние посебно многу ја цениме репутацијата која ни ја донесоа луѓе како Кака и Шевченко“, додава Џорџо Армани.
Gli #Azzurri vestiranno @armani : firmato dalla #FIGC un accordo quadriennale con lo stilista. Il brand presentato a #Coverciano: la #Nazionale indosserà le nuove divise a partire dalle prossime gare, poi toccherà all’Under21 e alla Nazionale Femminile https://t.co/fSfEIMrY8t pic.twitter.com/PM682JtYVa
— FIGC (@FIGC) March 18, 2019
„Моите партнери одамна ми предлагаа да вложам во фудбалот, но јас одбивав. Секогаш размислував за тоа дека може да си направам непријатели. Во случајот со кошаркарскиот клуб Милано проработе сентименталноста. Таму ситуацијата беше мошне сериозна. Си реков на себе: „Зошто не му помогнеш на историскиот клуб кој роди толку многу кошаркари од ова место“? Сега се надевам дека клубот ќе победува, а навивачите на другите клубови ќе ми простат и ќе ги купуваат моите производи“, додал легендарниот Армани.
Кошарката одамна е дел од неговиот живот. Преку неа има пријатели во цел свет, од Спајк Ли и Расел Кроу кои доаѓаат специјално за него во Милано и задолжително одат да го гледаат кошаркарскиот клуб.
А Џорџо има познанства и во НБА. Тесно соработува со Коби Брајант кој во 2008 година дојде во Милано специјално за да се советува со Џорџо околу идеи за свој бизнис. Исто и Пет Рајли, поим за елегантност во НБА во ’90-те години кој редовно доаѓал во Италија на средби со Армани. Рајли имал страст за Армани гардероба и со неа „ги заразил“ и Алонзо Морнинг и Тим Хардавеј.