Таг: интер

Кој е тимот кој освои Скудето откако се врати од -6 на 5 кола до крај?

Слабата форма Лацио ја плати со пад на четврто место и сега Интер е втор со 6 бода помалку од Јувентус на 5 кола до крај. Во ерата на 3 бода за победа од сезоната 1994/1995, само еден клуб во Серија А успеал да ја анулира предноста на лидерот и да слави титула.

Интер од корнер изведе акција како на Сони

Момците на Антонио Конте синоќа го совладаа Торино со 3:1 и се израмнија по број на бодови со Лацио. Еден од стрелците беше Годин, благодарние на една многу умно изработена акција на Санчез, Брозовиќ и Јанг. Ептен фудбалски изработено.

Интер со преубави сеќавања за моментите со Пандев

Во епизодата посветена на нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, на платформата DAZN, на носталгичен начин нераѕурите се сеќаваат на човекот по кого сега лудуваат навивачите на Џенова. Горан игра фантастична сезона, преживува втора младост, се изнадава голови и ја чува Џенова над амбисот од Серија Б.

Празен стадион па сè се слуша, Конте безобразен со Јуриќ

Интер по којзнае кој пат сезонава просеа бодови во Серија А. Синоќа на „Бентегоди“ во Верона губеше 1-0, па направри пресврт 1-2 за пет минути, ама прими гол во 86-та минута и мораше да се задоволи со бод (2:2). Во текот на првиот дел додека домаќинот водеше 1-0, по еден досуден фаул над Лукаку се спречкаа тренерите Конте и Јуриќ.

Ова ли е одбрана бе Конте?

И покрај сите звучни засилувања со кои создадоа опасен тим кој требаше да се бори за врвот, Интер нема што да бара повеќе во борбата за титулата. На 7 кола до крај заостанува 10 бода зад Јуве, а синоќа не успеа ни Верона да ја победи. Им се шетаа во шеснаесетник домаќините и им одиграа 2:2.

Иван Грозни кој светот го препознаваше по бројот 1+8 на дресот

Кога ќе се спомне неговото име, голем број фудбалски носталгичари од прва ги диктираат неговите врвни соиграчи од нападот и се сеќаваат на лудите бројки на дрес коишто сам ги побарал.

Против Интер гол даде бегалец од Африка кој во 2016-та дошол со гумен чамец на Сицилија

Муса Џувара е хит во Серија А. Овој млад Гамбиец одигра животна партија, даде гол на најубавиот стадион во Италија против голем противник, а италијанските весници денес се полни со неговата тешка биографија.

Ам ен Инглишмен ин Сан Сиро

После скоро 11 години, Ешли Јанг стана првиот Англичанец кој дал гол на „Сан Сиро“. Некогашниот заменик-капитен на Манчестер Јунајтед, синоќа ја начна мрежата на Бреша (6:0). Претходно Дејвид Бекам беше англиски стрелец на култниот стадион со гол на 28 јануари 2009-та на дуелот Милан - Џенова.

Грешко нема згрешено вака на Меаца

Промашување на колото и сезоната е недоволно за да се објасни оваа мистерија. Интер води 2:1 против Сасуоло, го има мечот в раце и готово е да го затвори со 3:1, но Гаљардини го прави невозможното и на крај заврши 3:3.

Малиот навивач на Интер кој се прослави со само еден транспарент

По завршувањето на ерата со Мурињо, тешко му беше на Интер да пронајде тренер кој ќе го одржи на врвот. Еден од оние кој не успеа беше Клаудио Раниери. Тој не издржа една сезона, а едно дете пак не можеше повеќе да го издржи притисокот во школо.

Сони Плејстејшн акцијата на Интер

Интер победнички се врати во Серија А. 2-1 против Сампдорија и 3 бода за рестарт на трката за титулата со Јувентус и Лацио. Лукаку го отвори резултатот после една акција ала Барса.

Како лисецот со кој Јувентус освои 15 трофеи за 12 години го насамарил Интер

Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.

10 години откако Пандев стана трет Македонец со европски пехар

На 22 мај 2010-та година, неверојатната генерација фудбалери на Интер ја освоија тн. триплета, т.е. тројна круна (Серија А, Лига на шампиони, Куп на Италија). Една од главните карики на тимот предводен од Мурињо беше и Горан Пандев кој во финалето на „Сантијаго Бернабеу“ одигра 79 минути.

Денот кога Милан и Шевченко го демолираа Интер

Такво градско дерби навивачите на Милан не паметат. Ни претходно ни потоа. На 11 мај 2001 година, Милан со 6-0 го прегази Интер. Тимот го предводеше легендарниот Чезаре Малдини, а стрелци на головите беа Џани Командини два, Џунти 1, Шевченко 2 и Сержињо 1. Највисока победа во историјата на Дерби дела Мадонина.

Денот кога Лацио му пушташе на Интер за скудето, а јувентините урлаа во Удине

Многу, многу легендарно последно коло во Серија А, ден кој тифозите на Интер сакаат да го избришат од сеќавање, а навивачите на Јувентус го одбележуваат како ден на победата.

Пиво на денот за навивачите на Интер

Вистински навивач на Интер ова го пие со сласт, а лименката ја чува додека не се излупи. Навивач на Милан никогаш нема да му побара голтка.

Кордоба од Интер уште го стега грб од рулетот на Пике

Најфамозниот двомеч во клупската историја на Интер во Лига на шампиони. Прво на домашен терен со 3:1 и маестрална партија на Горан Пандев ја згромија Барселона, а на реваншот успеаа да оддолеат и изгубат само со 1:0, доволни Интер да го продолжи патот до триплетата со Мурињо. Единствениот гол на мечот го даде Пике и тоа после добар ролеркостер.

Пандев за Скај Спорт: „Сакам да играм Европско со Македонија, па да ставам точка“

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, за реномираниот италијански Sky Sport раскажа дека Интер го барал на крајот од јануари.

И сега Бијабијани знае кај игра?

Сигурно го памтите од Парма? Или па од Интер? Чекај овој во Парма играше или во Интер? И таму и таму, ама проблемот е што ако го прашаш сигурно и тој не знае по колку пати ги менувал тие два дреса.

Најбесниот пресврт во италијанско со снимка од Телма

Читател ни пиша дека и тој како нас, деновиве чешлал јаки ретро видеа и налетал на една лудорија за која Бранко Илиевски во пренос вели вака: Формални 7 минути до крајот на средбата, бидејќи чуда не се случуваат секогаш. Ај да видиме што е тоа.

А Мајкон на Буфон каков гол му даде?

Мерак број 1 е што си жонглираше. Мерак број 2 е што мрдна еден со жонглирање. Мерак број 3 е што потоа си ја намести сам на волеј и мерак број 4 е што ова му успеа на дерби.

Пусти трибини на фудбал во Италија

Сезоната која до пред само неколку недели важеше за најинтересна во Серија А во последните неколку години, полека стивна во сенка на сериозниот замав кој го прави коронавирусот. Фудбал час се игра, час не се игра, а гледалиштата сурово празни.

Акцијата на Јуве која го зашемети пола Интер

Во дербито на Италија, шампионот Јувентус со 2-0 го доби Интер и бодовно се одлепи на табелата. Арон Рамзи и Пауло Дибала беа стрелци на головите. Акцијата која му претходеше на погодокот на Аргентинецот беше R1 и L2 на Сони Плејстејшн.

Многу смешен гол на Лукаку против бугарскиот шампион

Интер го победи Лудогорец прво на гости 0-2 во Бугарија, па на реваншот пред празни трибини поради коронавирусот во Италија, се намачи. Бугарите поведоа со 0-1, па Интер мораше „да ја врти“ преку Бираги и Лукаку. Овој вториот даде многу интересен гол.