Таг: интер

Пусти трибини на фудбал во Италија

Сезоната која до пред само неколку недели важеше за најинтересна во Серија А во последните неколку години, полека стивна во сенка на сериозниот замав кој го прави коронавирусот. Фудбал час се игра, час не се игра, а гледалиштата сурово празни.

Акцијата на Јуве која го зашемети пола Интер

Во дербито на Италија, шампионот Јувентус со 2-0 го доби Интер и бодовно се одлепи на табелата. Арон Рамзи и Пауло Дибала беа стрелци на головите. Акцијата која му претходеше на погодокот на Аргентинецот беше R1 и L2 на Сони Плејстејшн.

Многу смешен гол на Лукаку против бугарскиот шампион

Интер го победи Лудогорец прво на гости 0-2 во Бугарија, па на реваншот пред празни трибини поради коронавирусот во Италија, се намачи. Бугарите поведоа со 0-1, па Интер мораше „да ја врти“ преку Бираги и Лукаку. Овој вториот даде многу интересен гол.

Интер едвај со Лудогорец, Арсенал елиминиран од Олимпијакос!

Јунајтед, Интер, Шахтјор, Хетафе, Копенхаген, Олимпијакос и Севиља им се придружија на клубовите кои неколку часа претходно обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа. Олимпијакос го потопи Арсенал среде Лондон.

Деби гол на Ериксен после убава акција на Интер

Големото и звучно засилување на Интер од редовите на Тотенхем, вечерва го постигна првиот гол. Падна на гости против Лудогорец каде тимот на Конте славеше 0:2, после една навистина убаво искомбинирана акција која почна од Алексис Санчез.

Милинковиќ ги уништи Ериксен и Барела

Веќе добри три години го селеа во Јуве, Интер, Сити, Реал, Челси...за суми од 80, 100, 120 милиони евра, ама српскиот репрезентативец и натаму е во Рим. Дечкото везе и не се плаши од никој во среден ред.

Алваро Рекоба, еден од најдобрите левучари кој фудбалот го видел

На навивачите на Интер им е мило кога ќе се спомне Бобо Виери, Никола Вентола, Горан Пандев, Диего Милито и Самуел Ето. Ама посебни симпатии имаа за Уругваецот кој од ништо правеше нешто со топката. Страшна левица!

Зошто италијанско сезонава не е за испуштање

Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.

Шмекот на миланското дерби

Годинава во Серија А не само што се игра топ фудбал, туку и стадионите се полни како ретко кога во последните неколку сезони. Тифозите прават прекрасни изданија на трибините.

Лудница во соблекувалната на Интер

Да се вратиш во градско дерби од негатива на полувреме 0:2 и потоа во второ да возвратиш со 4 комада за конечни 4:2, не е воопшто мала работа. Особено во миланското дерби каде секогаш има голема неизвесност и нијанси знаат да одлучат.

Освои Лига на шампиони со Интер, па стана кандидат на избори во град во Кенија

Некои фудбалери по крајот на богатите кариери се решаваат за нови животни поглавја. Некој води ресторан, некој станува тренер, некој менаџер, а има и такви што влегуваат во политички води. И тоа во политика во многу заебани места за такво нешто.

Интер доаѓа во Бугарија, Јунајтед се падна со Клуб Бриж

По ЛШ, попладнево во Нион се одредија и паровите за 1/16 финалето на Лига Европа во кое се најдоа многу сериозни клубови кои ќе го направат овој турнир уште поинтересен во продолжение.

Контрата и голот на Фиорентина во 92-ра се врв

Имаа водство на непријатното гостување во Фиренца 84 минути и држеа два бода предност пред Јуве. Сè тоа падна во вода кога еден нов клинец ја прими на центар и одигра дрска соло акција, без пардон што покрај него трчаше Милан Шкриниар, а бранеше Хандановиќ.

Никогаш доста од Феноменот

На Меси и на Кристијано им се поклонуваме, а вистинскиот Роналдо уживаме да го гледаме. Бразилецот во Италија играше за Интер и за Милан. За првите постигна 49 гола на 68 меча а за вторите 9 на 20. Неговите потези ќе останат засекогаш.

Лукаку како тенк носеше двајца играчи и асистираше за гол

Интер гостува во Прага каде се игра луд натпревар со Славија. После 19 минути Лаутаро Мартинез го отвори резултатот по една сјајна асистенција на Ромелу Лукаку. Белгиецот ги качи на грб противничките бекови.

Мајсторијата на Барела со која Интер направи пресврт

Фудбалерите на Интер губеа 0-1 дома од Верона до 65' минута кога Весино израмни на 1-1, а во 83' минута еуфорична експлозија на „Џузепе Меаца“. Николо Барела, репрезентативецот на Италија донесе 3 бода.

Конте ги слави головите како да е суден ден, Лукаку го сака најмногу

Во рамки на меѓунеделното коло од Серија А, Интер со головите на Лаутаро Мартинез во 23’ и Ромелу Лукаку во 63’ ја совлада Бреша на гости, а тренерот Конте се радуваше како блесав.

Барселона ја преброди Прага, Дрис Мертенс го надмина Марадона

Меси го начна и 33-от различен клуб во ЛШ и се израмни со Роналдо и Раул на оваа листа. Халанд стана првиот играч во историјата на ЛШ кој дал 6 гола на првите 3 меча во ЛШ. Елмас доби 10 минути во триумфот на Наполи.

Овој па како од небо да паднал

Мечот меѓу Сасуоло и Интер донесе голеада од 7 комада, односно гостински триумф од 3:4. Натпреварот во еден момент беше прекинат поради еден падобранец на терен, ама буквално падобранец. Што бараше тука да слетува само тој знае.

Има да тренирате, па ако треба и ќе настинете

Со Антонио Конте нема лабаво ни на дожд, па макар се откорне од врнење и теренот е како за на ватерполо. Во недела не играат финале во Лига на шампиони, туку имаат гостување против Сасуоло. Ама него ич не му чуе, тој кисне и тие киснат. Тоа е, милиони лапаат.

Како Мурињо со помош на Занети и Пандев ги неутрализирал Меси и Дани Алвеш

Од историската сезона на Интер со Мурињо кога ја освои тројната круна поминаа 9 години. Но тоа е приказна која се раскажува и ќе се раскажува, бидејќи е посебна ем затоа што ја оствари посебниот, ем затоа што една од важните алки во тимот беше нашиот најдобар фудбалер.

Уште едно импресивно видео од играта на Интер на Камп Ноу

Погледнете го ова градење на акција во која Хандановиќ има двајца во своја линија и уште четворица нешто понапред. Умно, без никаква паника, од голман па преку човек на човек стигнаа до другиот гол и за влакно не погодија. Волку поврзан и трпелив Интер не сме виделе од времето на Мурињо.

Кога на Камп Ноу некој ти игра Барселона фудбал

Конте не е ниту Спалети, ниту Мацари. Погледнете каков фудбал игра Интер откако им стана тренер. Имаат 6 од 6 во Италија, а синоќа беа преблиску до 0:2, па и 0:3 уште во прво. Имаа многу зрели шанси, а на моменти личеа како тим со Чави, Иниеста и Меси. Казната им стигна во второ.

Барселона со пресврт го скроти доминантниот Интер

Мохамед Салах го реши највозбудливиот меч на вечерта на кој Салцбург од 3:0 успеа да стигне до 3:3. Интер створи еден куп шанси на Камп Ноу, но Луис Суарез го реши лидерот од Серија А. Ајакс убедлив на Местаља.