По 10 дадени шанси од 13 кола, Илија Несторовски конечно го разби малерот во Удинезе со што го потсети италијанскиот печат дека е жив. Го интервјуираа од Газета, а тој ги испофали и двајцата репрезентативни колеги од Серија А. Кој ми е идол? Па Илија Несторовски.
По 13 минати кола, Илија Несторовски го постигна деби голот во дресот на Удинезе на гостувањето против Сампдорија која сепак го сврте на крај резултатот на 2:1. Нестогол реагираше иронично спрема ВАР технологијата, со која во 3-та минута му беше поништен гол поради претходно играње со рака на негов колега.
Малку фалеше фудбалерот на Удинезе и шпиц на македонската фудбалска репрезентација да го повреди најдобриот европски напаѓач во моментов. Од чиста небрежност, сосема случајно.
Македонскиот голгетер Илија Несторовски одлично ја темпира формата пред стартот на Серија А која почнува на 24 август. Удинезе го совлада нисколигашот Сан Луиџи со 9:2, а Иле погоди во 30-та и 34-та минута.
Иако се работи за нисколигаш по име Кјарлинс кого го совладаа 7:0, сепак шпицот на Македонија веќе му покажува на Игор Тудор какви способности има во напад. Иле ја темпира голгетерската форма за Серија А која стартува за 20 и гостувањето против Израел за 30 дена.
Излезе календарот за италијанскиот фудбалски шампионат кој го чекавме со душа, бидејќи ќе ги следиме настапите на тројца македонски репрезентативци. Мора уште на старт да бидат тип топ спремни бидејќи ги чекаат заебани битки.
Ама не баш по добро. Илија влезе во игра на пријателската Удинезе - Дортмунд во 71’ минута, а само десетина минути подоцна судијата го прекина мечот поради катастрофални услови за игра во австрискиот град Алтах. Истураше како од црево, а Дортмунд на крај победи со 4-1.
Поради катастрофално водење на клубот од управата, целиот макотрпен труд на македонските репрезентативци паѓа во вода. Палермо сонуваше враќање во Серија А со Нестогол и Алекс, а денес стигна гром од ведро небо.
За Илија Несторовски и Александар Трајковски нема време за чекање и кога ќе им тргне растураат во напад. Палермо води 2:0 против Читадела со нивните два гола во 21-ва и 23-та минута. На вториот Нестогол му асистира на својот сонародник.
Само шест дена откако Палермо одигра нерешено благодарение на нивниот придонес, Нестогол и Трајковски повторно беа главни актери на терен, овој пат и двајцата како стрелци.
Кога дојде од Хрватска, кога успеа да стане капитен, па уште и да влезе во историјата на сицилијанскиот клуб. На македонскиот голгетер му беа потребни само три сезони да влезе во друштво на најдобрите 10 стрелци на Палермо. Респект.
Серијата на капитенот на Палермо и голгетерот на Македонија не престанува. Овој пат жртва е ланскиот довчерашниот прволигаш Беневенто против кој Палермо поведе на гости во 42-ва минута. 12-ти погодок сезонава за Нестогол. Мајстор е со тоа левицата.
Палермо стигна до важни 3 бода во борбата за кам бек во Серија А. Ја совладаа Верона со 1:0, а мечот го реши капитенот. Гол број 11 за Илија Несторовски кој е влезен во одлична гол серија.
По двата гола и асистенцијата пред почетокот на репрезентативната пауза, Илија Несторовски одново стрелаше за својот Палермо. Овојпат на гости против Козенца каде Илија го отвори резултатот во 34' минута. После само две минути Козенца израмни на 1-1 а Нестогол доби црвен картон поради приговор кон судијата во 91' минута (втор жолт) и нема да игра на следниот меч.
Илија Несторовски синоќа промаши пенал на гостувањето против Венеција кое заврши 1:1, а колку го сака сицилијанската публика ова наше момче доволно е само да се види според стотиците коментари кои му ги оставаат на Фејсбук. Еден напишал: И Роналдо промашува пенали, а друг: Исто и Роберто Баџо. Никој не му мрчи.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Само 4 минути му требаа на Илија Несторовски да биде во терен за да се врати на голгетерските патеки. По отсуството поради повреда, капитенот на Палермо влезе во игра во 75-та минута, а во 79-та го отвори резултатот против Бреша на асистенција на Трајковски од корнер. Гостите сепак успеаа да израмнат во 92-ра за 1:1 и да ги симнат од тронот. Сицилијанците сега имаат 42 бода, еден помалку од Бреша.
Македонскиот репрезентативец не е голем само затоа што дава голови и што достојно го брани сицилијанскиот дрес, тоа му е работа, туку и поради тоа што знае да повлече вистински капитенски потези и кога не оди на работа.
Само трета сезона е дел од Палермо, а сицилијанците го сакаат и го ценат како икона. Пред официјалниот фан шоп на клубот имаше долги редици за да се стигне до фотка и автограм од капитенот кој сите ги пречека со насмевка.
Фудбалерите на Палермо славеа убедливо на гостувањето против Карпи со 0:3 и се на само бод до лидерот на табелата Пескара. Точка на мечот стави Илија Несторовски во 74-та минута. Петти гол за него сезонава по 9 кола во Серија Б
Со ваква голгетерска серија на македонските репрезентативци, Палермо може да биде спокоен. Со голот број 4 во осмото коло од Серија А, Илија Несторовски по 29 минута му донесе предност на својот тим на гостувањето против Лече. Трајковски има 3, а тоа значи дека 7 од вкупно 11-те досегашни погодоци на сицилијанскиот тим се на македонското напаѓачко дуо.
Иле се врати во голгетерска форма и тоа токму пред двомечот на Македонија во Лига на нации, ама место да еден, можеби требаше да биде стрелец на два гола на последниот меч против Кротоне кој сам го реши. На својата Фејсбук страна објави еврогол под кој многу фанови му пишуваат дека немало офсајд.