Нестогол го даде првиот гол за Удинезе и го исмејуваше ВАР системот
По 13 минати кола, Илија Несторовски го постигна деби голот во дресот на Удинезе на гостувањето против Сампдорија која сепак го сврте на крај резултатот на 2:1. Нестогол реагираше иронично спрема ВАР технологијата, со која во 3-та минута му беше поништен гол поради претходно играње со рака на негов колега.