Тука Пандев е средношколец, но веќе роден победник и стрелец во финалето на Купот на Македонија за кадети. На гостувањето во Чаир, Беласица славела против Слога Југомагнат со 3:5, а во студио се викнати петмина првотимци. 20 и кусур години подоцна ова дете ја однесе Македонија на Европско и беше испратен со овации на Јохан Кројф арената.
И пред Европско и за време на Европско и после Европско, капитенот не може глава да крене од интервјуа. Цела Европа го бара, па почнаа и на нашки да му зборат странските новинари.
Овациите и шпалирот во чест на Пандев се емотивен момент за секој фудбалер и фудбалски фанатик. Ѕвездата на Португалија и Манчестер Јунајтед го сподели посебниот момент на Твитер.
Газета дело Спорт, Скај Спорт, Гол, Марка, Фор Фор Ту, Еуроспорт, Дејли Мејл...Речиси и да нема познат весник или портал за фудбал кој не ја величи кариерата на најголемиот на сите времиња во Македонија.
Дојде крајот на фудбалската ера за еден од нашите најголеми амбасадори, кој оди во пензија со остварен сон. Заигра со Македонија на Европско првенство. „Срцето ми е полно, повеќе од ова не можам“, изјави капитенот кој следниот месец полни 38.
Ни главниот судија, ни помошниците, па ниту во ВАР собата не го видоа очигледниот прекршок на Блинд врз Горан Пандев на средина од првиот дел по кој падна првиот гол на средбата. Срамота.
Ако на некој случајно уште не му е јасно колку е голем Горан Пандев, нека го погледне гестот на Холанѓаните на стартот на дуелот против Македонија. За време на ракувањето на капитените, Вајналдум му подари дрес на Пандев од Холандија со број 122, колку што има настапи за репрезентација. Аплаузи.
Нивното пријателство има историја. Со години се заедно во репрезентација, беа во ист период и во италијанско, а си одеа и по гости. Рики го сака Горан како брат и сосема разбирлива е неговата тага што повеќе нема да играат заедно.
Македонија има четири соочувања против големиот ривал со кој вечерва го завршуваме деби настапот на ЕП. Скорот ни е две нерешени и два порази, а Горан Пандев е стрелец на два гола. Во Скопје оние 2:2 беа спектакл.
Сè почна од моментот кога Роналдо ја тргна Кока Колата на прес и се напи вода, па тоа стана хит на Европското. Кај нас се појави Твит на кој падна мајтап дека додека Кристијано ги бута акциите на Кока Кола, Горан ги крева оние на Струмка. Капитенот се пошегува на темата пред стартот на синоќешниот прес.
Дојде и тој ден. Горан Пандев и официјално ќе го одигра последниот танц за македонската фудбалска репрезентација, а најверојатно ќе ја заврши и кариерата. Договорот на Мрме истекува после Европското.
Едниот има освоено Лига на шампиони со Милан, другиот со Интер. Андриј славните денови ги помина со 127 гола во Серија А, а Горан со 101 и уште игра. Сега првиот во улога на селектор, а вториот капитен. Тоа се тие две славни напаѓачки имиња од италијанскиот фудбал. Шевченко го тешеше Пандев на крајот.
Колку само јако ќе беше да не пресудат оние милиметри во офсајд замката на Украинците во 39-та минута и со 2:1 да одиме на пауза. Капитен во свој стил го матираше чуварот на голот на Украинците, но линискиот судија нè смрза кога го подигна знаменцето.
Горан и другарите биле страв и трепет во пионерска категорија и сезоната ја завршиле со 26 од 26 и импресивна гол разлика 130:11. Следната сезона како кадети ја освоиле двојната круна и тоа со победи против Слога и Вардар во Скопје. Историја најдобро позната во Струмица.
УЕФА состави видео од сите 24 земји учеснички на ЕП кои му дадоа поддршка и му посакаа што побрзо закрепнување на данскиот репрезентативец и член на Интер. Во име на македонската репрезентација зборуваше капитенот.
Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.
Почетокот на Евро2020 за нашата репрезентација беше пропратен со громогласно пеење на националната химна, испеана од повеќе од 4.000 грла. Момент на гордост за секој Македонец.
Португалија ќе има пеколно тешка задача да го одбрани трофејот на ЕП, бидејќи се падна во група со Франција, Германија и Унгарија. Но Кристијано Роналдо не го дава трофејот и им бега на сите ѕвезди меѓу кои и на нашиот капитен. Цртаниот филм е објавен на британски „Гол“.
Не стивнуваат позитивните зборови за нашата најголема фудбалска легенда од сите страни на светот. За Гоче пред Евро 2020 пофално се пишува од Австралија до Америка.
На точно 10 дена до почетокот на она што цела Европа го очекува, фудбалското Европско првенство, УЕФА одбројувањето го отслика со дресот на нашиот капитен Горан Пандев. И тоа со дресот кој јавноста сака да го гледа на ЕВРО2020.
Капитенот и наш најдобар фудбалер, Горан Пандев на 27 јули годинава ќе наполни 38 години. Месец дена претходно како четврт најстар играч ќе настапи на елитниот турнир. Пред него повозрасни се еден Холанѓанец, Шкотланѓанец и Португалец.