Колку само јако ќе беше да не пресудат оние милиметри во офсајд замката на Украинците во 39-та минута и со 2:1 да одиме на пауза. Капитен во свој стил го матираше чуварот на голот на Украинците, но линискиот судија нè смрза кога го подигна знаменцето.
Горан и другарите биле страв и трепет во пионерска категорија и сезоната ја завршиле со 26 од 26 и импресивна гол разлика 130:11. Следната сезона како кадети ја освоиле двојната круна и тоа со победи против Слога и Вардар во Скопје. Историја најдобро позната во Струмица.
УЕФА состави видео од сите 24 земји учеснички на ЕП кои му дадоа поддршка и му посакаа што побрзо закрепнување на данскиот репрезентативец и член на Интер. Во име на македонската репрезентација зборуваше капитенот.
Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.
Почетокот на Евро2020 за нашата репрезентација беше пропратен со громогласно пеење на националната химна, испеана од повеќе од 4.000 грла. Момент на гордост за секој Македонец.
Португалија ќе има пеколно тешка задача да го одбрани трофејот на ЕП, бидејќи се падна во група со Франција, Германија и Унгарија. Но Кристијано Роналдо не го дава трофејот и им бега на сите ѕвезди меѓу кои и на нашиот капитен. Цртаниот филм е објавен на британски „Гол“.
Не стивнуваат позитивните зборови за нашата најголема фудбалска легенда од сите страни на светот. За Гоче пред Евро 2020 пофално се пишува од Австралија до Америка.
На точно 10 дена до почетокот на она што цела Европа го очекува, фудбалското Европско првенство, УЕФА одбројувањето го отслика со дресот на нашиот капитен Горан Пандев. И тоа со дресот кој јавноста сака да го гледа на ЕВРО2020.
Капитенот и наш најдобар фудбалер, Горан Пандев на 27 јули годинава ќе наполни 38 години. Месец дена претходно како четврт најстар играч ќе настапи на елитниот турнир. Пред него повозрасни се еден Холанѓанец, Шкотланѓанец и Португалец.
Јавноста никако не може да се помири со новата гарнитура дресови меѓу кои во прв план е првата варијанта со бордо боја. Индиректна порака прати и капитенот на репрезентацијата.
Стигна до голем јубилеј од 100 гола во Серија А и стана единствен Македонец со таков подвиг во топ 5 лигите во Европа. Повторно ја спаси Џенова од испаѓање придонесувајќи сo 7 гола и 3 асистенции. За репрезентативните успеси па да не зборуваме. Видеово е повеќе од залужено.
Џенова и Аталанта одиграа натпревар со голеада кој заврши 3:4. Домаќините се спасија минатото коло, а триумфот на Аталанта беше од клучно значење во битката за ЛШ. Горан Пандев влезе во игра на стартот на вториот дел и го намали резултатот од пенал во 67-ма минута.
Со головите на Ѕапакоста и Шомуродов, Џенова оствари гостинска победа против Болоња од 0:2, вредна злато. На 3 кола до крај можат слободно да се опуштат и да играат без притисок, бидејќи обезбедија математички опстанок во Серија А. Пандев играше 70 минути.
Нова сторија во која се возвишува ликот и делот на Пандев, овој пат на хрватски Индекс кој ја величи легендата и го раскажува неговиот разновиден пат во Италија. Хрватите велат вака за Горан: Еден од најдобрите играчи на Балканот во своето време.
Италијанските медиуми не застануваат со темата Горан Пандев. Јубилејот на македонската легенда беше инспирација за Скајспорт да ја стокми топ 20 листата на најефикасни странци во историјата на италијанскиот фудбал. Друштвото е елитно.
После сите величења, се чекаше некој што има челични нерви и истражувачки способности да седне и да ја состави компилацијата која се бараше. Јубилејната 100-ка на струмичанецот во Серија А во едно видео by извесен Matejcho. Ти благодариме другар. Лацио (48), Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).
Сè е во знакот на Горан Пандев денеска. Џенова не застанува да ја возвишува нашата легенда. Најпрвин со “кралски“ честитки, па интервју и на крај со фантастична компилација од сите 27 гола кои ги постигна за најстариот италијански клуб во Серија А.
Кога во 21-та минута удри втор пат по Беневенто за конечни 2:2 и стигна до бројка од 100 гола во Серија А, Горан се доближи до камерата и кажа нешто. Тоа било поздрав до син му на кој му го честита 11-от роденденот со гол.
На 7 декември 2003-та година Пандев на 20 години го постигна својот дебитантски гол во една од најсилните лиги на светот. И тоа каков гол! Сличен на оној неколку години подоцна кога ги измеша Канаваро, Турам и Буфон.
Ова што го прави најдобриот македонски фудбалер од коло во коло во Италија скоро 18 години е стварно неверојатно. Нема клуб за кој не се изнадава голови уште кога првпат стапна во Серија А. Го сакаат и почитуваат безусловно сите навивачи.
Една од главните мети на новинарите на Скај по синоќешното 32 коло во Серија А беше Горан Пандев, а додека траеше разговорот со него во живо, го вклучија и Антонио Конте со кој си направија убав муабет.
Првата инстантно брза честитка за јубијелот на Гранде Горан во Серија А пристигна од неговиот репрезентативен другар, ученик, а можеби и наследник. Елиф Елмас постираше фотографија од Пандев облечен во дресовите со кои изгази во Италија.