таг: фудбалска репрезентација на исланд

100 години се Исланѓаните понапред од нас

Што ќе се случува во Исланд на 15 март? Ништо посебно, само една обична промоција на дрес за потребите на Мундијалот во Русија. Ама таа обична промоција тие ја најавуваат на креативен и уникатен начин, затоа што се цареви и со 300.000 народ ќе играат на Светско, а беа на Европско и тоа во топ 8. Ние уште стадион не знаеме да наполниме, а да не зборуваме за некои стадиони во внатрешноста каде чешмите не ги менуваат. Повеќе

60.000 Исланѓани ќе прават десант на Русија

Ако во Франција беа 10% од целокупното население, за летово во Русија карти за Светско обезбедиле 20% луѓе од оваа симпатична земја. Ќе играат во најтешката група која беше извлечена на ждрепката, против: Аргентина, Хрватска и Нигерија. Повеќе

Зошто е Исланд толку симпатична репрезентација

Селекцијата на најмалата земја која некогаш се пласирала на Мундијал е пример каков треба да е односот кон националниот дрес, грб, химна. Набројуваме 10 причини зошто може да се навива за нив во Русија. Повеќе

Како изгледаа вестите за глуви во Исланд пред мечот со Косово

Земјата која има жители од прилика колку половина Скопје, на ланското Европско првенство ги освои срцата на навивачите со свои игри и пласманот во четвртфинале. Овој пат еве ги на Светско за прв пат и тоа директно како првопласирани во тешка група со Хрватска, Украина и Турција. Батали политика во вести, вака се прави тоа пред историскиот меч со кој и официјално ја заверија визата за Русија. Повеќе

Исланд е најмалата земја која оди на Светско

По чудата кои ги правеа лани на Европското во Франција, фудбалерите на Исланд направија нов подвиг и во конкуренција на Хрватска, Турција и Украина како први во групата одат на Светско. Вечерва им требаше победа против Косово, триумфираа 2:0 и славјето можеше да почне. Исланд има 334.000 жители и е најмалата земја која што ќе игра на еден Мундијал. Повеќе

Ви текнува ли на Исланѓаните и фамозното ху

Пред точно една година репрезентацијата на Исланд го направи најголемото изненадување на Европското 2016 во Франција. Не само што ја совладаа Англија и стигнаа далеку, туку и играа можеби најубав фудбал на целиот турнир. Повеќе

Резултатот од сексањето во Исланд 9 месеци по победата над Англија 2016

Фудбалерите на Исланд направија сензација со елиминацијата на Англија на Европското првенство во Франција, а тоа придонесе за една нова генерација на исландски навивачи/навивачки во светот на фудбалот. Повеќе

Импресивната Македонија оди на Европско!
Квалификации за ЕП2017 до 21 година

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 10 меча оствари дури шест победи, освои неверојатни 21 бод и апсолутно заслужено ќе игра на првото историско Европско првенство за нашата земја. Неверојатен подвиг на генерацијата која ќе се памети уште долги години. Повеќе

Авторот на исландската бајка кој го скроти Ибрахимовиќ
Ларс Лагербек

Човекот кој девет години ја водеше Шведска на големите натпреварувања имал авантура и во Нигерија каде сфатил дека фудбалерите успехот или неуспехот го гледаат низ призма на религијата. Денес, на 67 години е творец на чудесната бајка на Исланд на Европското. Повеќе