Таг: еп 2020

Левандовски ја искрши пречката со глава

Не беше драматично синоќа само во Г групата, туку и претходно во Е каде Шведска ја совлада Полска со 3:2 и тоа со гол во 94-та. Пољаците беа со свои шанси за осминафинале, Левандовски даде два гола, ама во прво промаши од позиција која е локум за него. Ај првиот, ама вториот удар?

Роналдо им диригираше на Французите како да ја пимплаат на крај

Резултатот 2:2 синоќа им одговараше и на Франција и на Португалија, како и на Германија која паралелно играше со Унгарија. Во судиското продолжение Кристијано во еден момент почна да им покажува на Французите како да задржуваат време. Врати ја назад, му вели на Бензема и овој го послуша.

Голеадата во групата на смртта

Не за џабе постои тој израз “група на смртта“, кога три има селекции која од која појаки, а па четвртата само им го зголеми стресот и ги стави во сериозни проблеми да се тресат дали ќе поминат.

Види го ти камерманот играње со глава

На мечот Словачка - Шпанија, камерманот на аут линија беше одлично спремен во пратењето на играта, а врвот беше кога им ја врати. Играчот со број 2 беше запрепастен од потегот и реакцијата на крај кога го гледа му е закон.

Циркузантски автогол на Словачка

Мартин Дубравка е првиот голман во историјата на ЕП и СП, кој на ист натпревар успеа да си даде автогол и да одбрани пенал.

Кога евроголот на Модриќ ќе те фрли во очај

Шкотланѓаните имаа надежно израмнување, ама изгледа заборавија какви играчи имаат Хрватите и кој е Лука Модриќ. Кутриов врат ќе си скршеше.

Фелш магијата на Лука Модриќ

Кога на Хрватска не и оди и не може да победи, подајте му ја на четирикратниот освојувач на ЛШ да видиме што знае.

Антиќ и Мојсовски први ги пречекаа фудбалерите

Македонската фудбалска репрезентација се прибра од Европското првенство со чартер лет од Амстердам. Аплаузи и скандирања за капитенот на кој му се поклони Наумче Мојсовски.

Краткометражен филм за Македонија на ЕП 2020

„Тоа што ние го сонувавме, вие го остваривме“, стои во ова ремек дело изработено од Мартин Пресилски, кој на моќен и емотивен начин ни ја претстави преубавата реалност која ја доживеавме, а која некогаш личеше на недостижен сон. Ова се пушта на видео бим.

Ноер ли е, Столе ли е?

Ги критикуваа дека бил киксер, но Столе Димитриевски беше една од нашите најсветли точки на Европското, прогласен за најдобар голман во второто коло, како и прв и за сега единствен со одбранет пенал. Погледнете го сега во една друга улога. Пасов до Елмас е лудило.

Бруно Фернандеш за Пандев

Овациите и шпалирот во чест на Пандев се емотивен момент за секој фудбалер и фудбалски фанатик. Ѕвездата на Португалија и Манчестер Јунајтед го сподели посебниот момент на Твитер.

Заедно со Пандев уште двајца фудбалери се повлекуваат од репрезентација

Последниот танц за Македонија на ЕП 2020 како остварен сон од детството, освен легендата го имаа уште двајца напаѓачи, Иван Тричковски и Крсте Велковски. Им благодариме за придонесот.

Пуштете на мобилен да ја догледаме Финска

Уште не сме дошле до нокаут фаза, а веќе расте возбудата на Европското. Замислете Данците вчера ја минаа групната фаза со два порази. И така може.

Од Џенова до Амстердам, приказна која вечно ќе се памети

Те ставаат селектор и што правиш првиот ден? Се качуваш во авион и одиш за Џенова да го вратиш Горан Пандев во репрезентација, одговори популарниот Мрме во едно неодамнешно интервју. Клучен потег што се израдувавме на исполнетиот тридецениски сон.

Стоечки овации за великанот Горан Пандев

Дојде крајот на фудбалската ера за еден од нашите најголеми амбасадори, кој оди во пензија со остварен сон. Заигра со Македонија на Европско првенство. „Срцето ми е полно, повеќе од ова не можам“, изјави капитенот кој следниот месец полни 38.

Нереален пораз на Македонија за крај на европската одисеја

Македонската фудбалска репрезентација ги завршува настапите на Европското првенство, за жал со висок пораз кој не го заслужи. Крај на репрезентативната кариера за Горан Пандев кој доби дрес од домаќините. Ти благодариме легендо.

Зарем немаше ли фаул над Пандев при првиот гол?

Ни главниот судија, ни помошниците, па ниту во ВАР собата не го видоа очигледниот прекршок на Блинд врз Горан Пандев на средина од првиот дел по кој падна првиот гол на средбата. Срамота.

Дрес за легендата од домаќинот Холандија

Ако на некој случајно уште не му е јасно колку е голем Горан Пандев, нека го погледне гестот на Холанѓаните на стартот на дуелот против Македонија. За време на ракувањето на капитените, Вајналдум му подари дрес на Пандев од Холандија со број 122, колку што има настапи за репрезентација. Аплаузи.

Во Амстердам е весело, се пие и се пее за ракијата

Македонската навивачка треска од Букурешт се префрли во Амстердам. Атмосферата е на ниво. Се пее, се навива и се наздравува, а таму е и царот со новиот тапан. Му посакуваме да го дупне со гол на Пандев, по можност победнички.

Хрватска за Македонците: Најљубезниот народ во Европа

Gol.hr нè спакува на ептен симпатичен начин во убава и богата репортажа од 5 минути и тоа со пар реченици за Александар Македонски, Кочо Рацин, Мајка Тереза, Дарко Панчев, Тоше Проески и Горан Пандев. Инспирација им е историскиот успех на фудбалерите.

Пандев на темата Кока Кола и Струмка

Сè почна од моментот кога Роналдо ја тргна Кока Колата на прес и се напи вода, па тоа стана хит на Европското. Кај нас се појави Твит на кој падна мајтап дека додека Кристијано ги бута акциите на Кока Кола, Горан ги крева оние на Струмка. Капитенот се пошегува на темата пред стартот на синоќешниот прес.

Пандев и Ангеловски ќе се простат од репрезентацијата против Холандија

Дојде и тој ден. Горан Пандев и официјално ќе го одигра последниот танц за македонската фудбалска репрезентација, а најверојатно ќе ја заврши и кариерата. Договорот на Мрме истекува после Европското.

На сред ЕП, Македонците прогласени за светски шампиони во пиење пиво

Романските кафанџии од центарот на Букурешт сигурно се во очај што заврши македонската треска и што Македонија не го игра барем и третиот меч на нивни терен. Прометот за четири дена престој од нашите им е фантазија.

Македонската фудбалска еуфорија во Австралија

Весело е деновиве во македонските кафулиња, далеку повесело е во романските. Ама и во Австралија не е лошо.