Пукна првата петарда на Европското првенство, а кој друг ако не Шпанците кои во првите две слаби партии на кои ремизираа, ги наполнија Словаците со 5:0.
Мората не успеа да реализира пенал во 12-та минута, а парадата на Дубравка беше бадијала, бидејќи потоа прими пет гола од кои едниот сам си го даде како на одбојка.
За издвојување е и четвртиот гол на Шпанците, дело на Феран Торес кој си поигра со петица.
Со оваа победа Шпанија има 5 бода и како второпласирана оди во осминафинале. Лидер во групата Е е Шведска со 7 бода која со погодок во 94-та минута ја совлада Полска со 3:2.