Македонските навивачи се хит на Европското по многу основи, а еден од оние кои привлече внимание на социјалните мрежи е тој со тапанот кој го дупна за Македонија.
Хит сме на Европсково. Го запоседнавме градот со песни и ора, се дружиме со Украинците, а грмиме гордо и од трибини. Па почнавме и женски да бркаме, а во меѓувреме и тапаните издишаа.
Пријателски почнаа, пријателски се разделија. Ете тоа е убавината на фудбалот. Македонија и Украина синоќа играа меч вреден осминафинале, а нивните навивачи покажаа како се слави еден фудбалски празник наречен Европско првенство. Респект момци за скандирањево.
Македонија одигра многу содржински натпревар, неспоредлив со оној првиот, па затоа репрезентативците беа дополнително разочарани што не успеаа да стигнат барем до бод. Притисок пред голот на Украина, поништен гол на Пандев, јака акција на капитенот со Адеми...
Македонската фудбалска репрезентација го загуби и вториот меч на ЕП 2020, но овој пат со многу подобра и похрабра игра. Голема штета. Шевченко се препоти во второ полувреме.
Вчера виде ли Кристијано што направи? Ги тргна двете флаши Кока Кола на страна и извади вода. Многу ми е гајле, чекај уште една голта, одговори селекторот на Русија, Станислав Черчесов. И тоа една од друга ја отвори, каков цар.
Во Букурешт утринава е фудбалски празник за Македонија, а после фотографиите и снимкиве ќе помислите дека ние сме домаќини, а не Романците. Синоќа журката беше на дожд, а денеска огреа сонце, па редот е да се угаси жедта и тоа на шампионски начин.
Македонските фудбалери беа насмеани и расположени на последниот тренинг пред судирот со Украина, кој може да биде клучен за пласман во втората фаза на ЕП. Тимскиот дух го билдаа со нивната препознатлива игра.
Стигна конкуренцијата на македонските навивачки на ЕП и тоа доста силна од две манекенки кои беа сериозна пречка да не може да се следи раат дербито Франција - Германија од трибини.
Се вжештува атмосферата за вториот меч на македонската фудбалска репрезентација, па поради гужвите во Букурешт, ФФМ објави еден кус апел до навивачите.
УЕФА состави видео од сите 24 земји учеснички на ЕП кои му дадоа поддршка и му посакаа што побрзо закрепнување на данскиот репрезентативец и член на Интер. Во име на македонската репрезентација зборуваше капитенот.
Сигурно многу од вас ја имаат товарено кец и сте биле убедени дека ќе тепаат, но поранешниот светски и европски првак и со препознатливата доминантна игра не успеа да направи ништо.
Македонските навивачи кои според некои проценки ги има околу 4.000 на Европското, веќе имаат стаж од три - четири дена таму, па споделуваат корисни информации и совети за некој што ќе се реши да патува за мечот Македонија - Украина. Фрлете око.
И покрај извинувањето, Фудбалската федерација на Македонија испрати допис до УЕФА поради навредите на национална основа на Марко Арнаутовиќ до Џани Алиоски.
Познат италијански инфлуенсер во северниот дел од Италија, собира македонска екипа на заедничко следење на деби настапот на нашата репрезентација на ЕП во туристичкото место Лидо ди Есоло. Резултатот не им се посреќи, ама барем виде како пееме и кога губиме, плус си доби ајвар и ракија. Домашни.
Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.
Укусот на сељачко однесување на синоќешното деби на Македонија на ЕП го остави Марко Арнаутовиќ кој по третиот гол се истакна со ароганција скроз непотребна, особено на решен меч.