Таг: еп 2020

Пандев и Рики со солзи во очите на химната

Сонот наш од детство е остварен. По 30 години од осамостојувањето, Македонија дебитираше на Европското првенство. Во Букурешт бевме па речиси како домаќини, со 4.000 навивачи на трибини и со многу емоции кај Мрме и неговите избраници кога се интонираше химната. Ова е снимка за историја.

Емотивна најава за момците кои ни ги освоија срцата

Дојде денот. На 12 ноември 2020-та испишаа нова страница во македонскиот спорт, а денеска тој момент ќе го доживеат. Само храбро јунаци. Цела Македонија е со вас.

ЕСПН со комплимент број 1 за дресот на Македонија

Прво излезе бордо боја на која реагираше цела македонска јавност и кој му го утрапивме на Папата. Ама големото незадоволство ФФМ го сконта, па реши да го врати стариот кој види богати, ЕСПН го прогласи за најубав на ЕП 2020.

Ечат македонски песни во Букурешт, Христов и Стоилов во први редови

Почна лудилото во предвечерието на дебитанскиот настап на Македонија на ЕП 2020. Македонските навивачи се котат во престолнината на Романија, а од поддршка даваат и Ѓорги Христов и Столе Стоилов. Весело е.

Замислете Таско, Калински и Михајлов да го коментираат дебито на Македонија?

Првиот ги удри темелите во Крањ, вториот ги коментираше двата гола на Пандев против Шпанија на Градски, а третиот историското реми против Англија. А да е само тоа.

11 правила за тие што нема да гледаат Европско

Во врска со европското првенство во фудбал, кое што почнува денес, а Македонија игра за првпат, да се потсетиме на неколку правила кои највеќе ги засегаат нашите девојки, жени и останати не-гледачи на фудбал.

Како УЕФА ја претстави Македонија во 1 минута

Свесни се многу добро за нашиот капитен, за тоа на кој играч да се внимава, како и од каде доаѓа опасноста пред гол, но да се само овие тројца. Имаме ние и други силни оружја.

Роналдо бега со трофејот, Пандев сака да му го земе

Португалија ќе има пеколно тешка задача да го одбрани трофејот на ЕП, бидејќи се падна во група со Франција, Германија и Унгарија. Но Кристијано Роналдо не го дава трофејот и им бега на сите ѕвезди меѓу кои и на нашиот капитен. Цртаниот филм е објавен на британски „Гол“.

Џани џандарот

А како и секогаш задолжен за забава вон фудбалските терени е Џани Алиоски, кој првата туристичка фотка од Букурешт ќе му биде во романско полициско возило. Сликата стаса и до Лидс.

Перо раскажува како Тоше Гечевски го потпишал првиот договор

„Дека е Тоше, каде е Тоше, прашува Илија Мерџановски? Тоше е по риба во викендицата. Пола саат мора да возиш со чамчето. Нема поголема љубов и мир од тоа за него“, раскажува првиот човек на КФМ.

Нев и Калина од Канада пејат за Македонија

Едно време бевме репрезентација за потсмев и не можевме Андора да ја тепаме, а сега стекнавме култен статус кој не се гради преку ноќ и кој го имаат изградено на пример ракометарите. Некако сè е во знакот на нашите јунаци. Се снимаат реклами и песни, ги бараат за интервјуа и автограми, а најугледните светски медиуми без застој пишуваат за нив. Баш убаво е и ова видео. Европско ќе се гледа и во Канада.

Екселот за ЕП 2020

Почнаа да стигнуваат прашањата „Екселот кога ќе го дадете?“, а ние тука не смееме да кикснеме, бидејќи тоа ни стана традиција на секои две години откако ни постои сајтот. Бујрум момци и девојки, еден ден порано.

Навивачите од Македонија добија забрана за патување во Холандија

Лоши вести за македонските навивачи кои веќе се обезбедени со карти и превоз за третиот меч на македонската репрезентација кој го играме во Амстердам. Домаќините не нè примаат.

Тато, изгледа ти си најстар на ова Европско

Што направил Пандев во продолженијата од Куп финалето меѓу Академија Пандев и Силекс? Што зборувале со Џиџи Буфон на загревање кога ги снимија неодамна? Како реагирале неговите деца кога го прелистале албумот Панини?

Јунаците слетаа во Букурешт

Нашите ги испратија со вода за среќа, а домаќините ги пречекаа со брендиран автобус и веднаш уште на скалите од авионот се сликаа со нашите ѕвезди. Македонското знаме е развиорено уште на аеродромот во Букурешт. Историјата е испишана. На лице место.

Фудбалерите испратени на Европско со македонски адет

Бандата на Мрме се одјави утринава од Хилтон и со чартер лет заминува за Букурешт каде на 13-ти и 17-ти јуни, гордо ќе ја пее македонската химна. Вода им истурија, за да биде со среќа и со лесно.

26-те јунаци на Македонија кои ќе патуваат на историското ЕП

Ситно броиме до мигот вреден историја за македонскиот фудбал и спорт воопшто, а првиот ден на кој ќе ни се потат рацете пред ТВ е 13 јуни. Мрме ги прозва пулените од кои се очекува гордо и достојно да ја претстават Македонија во европскиот крем од 24 земји учеснички.

Македонските навивачи прашуваат: Кој е кодот на Билјана?

Како беше она, зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано. На 24 дена до стартот на историското ЕП за Македонија, многу тешко ќе се стигне до карта за да се истера ќеифот на лице место. Спремајте си ги телевизорите дома.

Излезе официјалната химна за ЕП 2020

Се вика „We Are The People“, ја пее Боно Вокс, го има познатиот гитарист Дејвид Хјуел Еванс, а автор на песната е холандскиот Ди-Џеј Мартин Гарикс.  Инаку во спотот се појавува и поранешен ирски репрезентативец Џејсон МекАтир, кој го постигна клучниот гол против Холандија со кој Ирска отиде на СП 2002 година.

Химната на Македонија за ЕП 2020

Снименa е на еден куп локации низ Македонија со еден куп фаци, што познати, што рандом кои се пријавиле за да бидат дел химната која го одбележува историскиот момент на нашата фудбалска репрезентација. Убаво го спакувале. Се вика „Одиме на Европско првенство“.

Абе чувајте го трофејот, не го кршете, доаѓа Македонија

Трофејот за револуционерното Европско првенство со 24 селекции во 12 земји, почнаа да го шетаат од град во град. На ред дојде Букурешт, каде Македонија ќе ги одигра првите два меча. Таман ние доаѓаме за прв пат и почнаа да кршат. Полека малку домаќини.

Залепи го Мрме место „Северна“

Во изданието на Панини за ова Европско, нешто фали, а нешто е вишок. Она што недостасува се селекторите кои порано ги имаше. Она што е вишок, го знаете. Најдовме решение, со сликица која е мал подарок од нас.