Се вика „Одиме на Европско“, ќе се снима во шест градови низ државава и секој може да се пријави како статист. Вчера ги начекавме со автобусот низ град.
По цела една година и кусур празни и пусти стадиони, фудбалот наскоро колку толку ќе добие поголем драж. ЕП 2020 дефинитивно ќе се игра со навивачи. Стадионите нема да бидат фул, ама со оглед на лудово време и ова е добро.
Панини треската не застанува, а сега најнов хит е нападот на Унгарија. Во ситуација кога се наоѓаат во пеколната група Ф со европскиот првак Португалија, светскиот шампион Франција, па уште и Германија, беа приморани да повикаат засилување во напад.
Се искомплицира авантурата на македонските навивачи кои планираат на лице место да ги бодрат Пандев и другарите. Бројот на карти ќе биде многу лимитиран и нема да може да се седи на двата меча кои ги играме во Романија.
Панини треската во Македонија само што почна, а за некој веќе заврши. Скопјанец се пофали дека веќе го пополнил албумот, а во петокот излезе во продажба. Епа давај сега дупликатите :).
Слушнете го ова ехо од Градскиот парк што оди до небо, вели Златко Калински во видео на кое човек не може да не се наежи. Остануваат уште 95 дена до 13 јуни.
Фудбалската федерација на Македонија доби рекордна премија во историјата на македонскиот спорт, а следствено на тоа заслужено се офајдија момците кои ја испишаа новата фудбалска историја за која чекавме три децении.
Клипов е врв на возбудата која ни ја донесоа овие момци и ќе се врти со години. Мрме: Во оваа работа покрај професионално, работат и емоции. Пандев: Нема спиење, со нетрпение го очекуваме натпреварот.
Во вакви историски моменти човек да посака да биде секаде во исто време. Да го гледа голот на Пандев 100 пати, да го преслушува емотивниот завршен збор на коментаторот, во кола да свири, на плоштад да пее. Ние доживеавме сè од ова. Душава ни е полна.
Финалето на Лига на нации во групата Д кулминираше со испишување на нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал. Радувај се Македонијо, златните нозе на Пандев не носат за прв пат на едно големо натпреварување.
Европската куќа на фудбалот вечерва ќе ги добие последните четири патници на ЕП 2020 кое поради проклетата корона се премести за 2021. Ќе произлезат од четирите финалиња во Лига на нации. Одиме со најава за Лигата Д. Напред наши.
Имаат квалитет, игра, хемија, а за желба да не збориме. Добија и Лига преку која патот е најреален. Докажаа дека можат да одат по него, но мора да го изодат до крај, а тоа се ближи. 26-ти и 31-март ќе дојдат многу брзо.
Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.
Македонија конкурираше да биде меѓу градовите домаќини на ЕП 2020 кое ќе се игра во 13 различни земји, но УЕФА одлучи за сега да останеме само на европскиот Супер Куп следната година.