Песната „Одиме на Европско“ е прогласена за официјална навивачка химна на фудбалската репрезентација на Македонија за претстојното Европско првенство, со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија.
Коавтори се Пеце од „Суперхикс“ и Саше Љолес, а на снимањето учествуваа и членовите на бендот ВИС Рисови, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев.
Спотот ќе се снима во Свети Николе, Велес, Крушево, Битола, Охрид и Скопје, а ќе биде промовиран на крајот од месецов.
Од продукцијата Мелем имаат потреба од статисти од сите возрасни категории и велат дека се добредојдени и оние кои би сакале да ги стават на располагање своите занаетчиски работилници и дуќани (бербер, пекара, слаткарница, автомеханичар, чевлар, златар).
Идејата им е да снимат повеќе ликови и ситуации како навиваат за Македонија и затоа јавно апелираат кој сака да се вклучи во химната на македонската репрезентација која ги живее своите историски мигови.
Спотот почна да се снима во панорамскиот автобус кој стана симбол на спортските успеси и во кој се возеа кошаркарите и ракометарите на Вардар, а ние ги начекавме на Рузвелтова.
Во спотот ќе биде и нашиот најдобар автомобилист Иџе.
🇲🇰❤️💪 #одименаевропско Melem Production 😉
Posted by Igor Idze Stefanovski on Tuesday, April 13, 2021
Имаше деновиве и драмолетка на темава.