Уште не спласнати емоциите од последниот меч на Македонија на ЕП и збогувањето со Пандев, од 21 часот се одиграа двата последни меча од групата Б: Финска - Белгија и Русија - Данска.
Белгијците како фаворити си ја завршија групата во стилот на Италијанците со 3 од 3. Ја совладаа Финска со 2:0 со головите на Лукаку кој игра во врвна форма, а со тоа им завршија работа и на Данците.
Уништени емотивно од првиот меч после онаа драма со Ериксен, како и ослабени, селекцијата на Данска се чинеше дека после првите два порази ќе се збогува од Европското.
Но синоќа ја декласираа Русија со 4:1, висок пораз кој им донесе подобра гол разлика од Финска и Русија. Во случај Белгија да не успееше синоќа да слави, Данска денеска ќе ги пакуваше куферите.
Откако нивниот меч заврши малку порано, Данците остана некоја секунда да следат на мобилен што се случува на другиот меч и на крај се радуваа.
🇩🇰 Wait for it...
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 21, 2021
Denmark have their round of 16 spot confirmed! 👏@dbulandshold | #EURO2020 pic.twitter.com/SkXKdB9V6c
Ама ќе кочи стримот на мобилен. Е добро де, стискај рифреш на Лајвскор.
Инаку Данска се прва селекцијата во историјата на Европските првенства која успеала да ја помине групната фаза со два порази.
2 - Denmark are the first team in European Championship history to reach the knockout stages of the competition having lost their first two group stage games. Recovery. #EURO2020
— OptaJoe (@OptaJoe) June 21, 2021
Атмосферата во Копенхаген