Фелш магијата на Лука Модриќ

Кога на Хрватска не и оди и не може да победи, подајте му ја на четирикратниот освојувач на ЛШ да видиме што знае.

По бледиот старт со пораз од Англија и реми против Шкотска, светскиот вицешампион конечно заигра доминантен фудбал против Шкотска и победи од трета мајка со резултат 3:1.

Голот на вечерта кој заслужено е прогласен и за гол на колото го постигна најдобриот играч во светот за 2018-та, Лука Модриќ. Ремек дело кое се гледа од повеќе агли.

Перишиќ му ја чистеше копачката

Модриќ го држеше рекордот за најмлад стрелец на Хрватска на Европските првенства, кога постигна гол во 2008 против Австрија на возраст од 22 години и 273 денови, а сега успеа да стане и најстар стрелец на 35 години и 286 дена.

Со овој резултат Хрватите го освоија второто место во Д групата со 4 бода, зад Англија која е прва со 7 бода по победата од 1:0 против Чешка.

Од оваа група испадна само Шкотска со еден бод, а понатаму одат Англија и Хрватска и Чешка. 

23 јуни 2021 - 09:02