Португалија - Франција и Германија - Унгарија синоќа приредија супер интересен фудбал со многу голови и огромна неизвесност до самиот крај кој ќе оди во осминафинале.
Едната на МТВ 1, другата на МТВ 3, да не знаеш што да гледаш бидејќи на сцената беа европскиот првак од 2016-та, светскиот од 2018-та и уште еден светски од 2014-та.
Како што се менуваа резултатите во третото коло во оваа група Ф, така се менуваше и табелата околу трите патници во нокаут фаза. Никој не можеше да биде раат до самиот крај или поточно до 84-та минута кога Леон Горецка даде гол за 2:2.
Кога на Пушкаш арената во Будимпешта разбраа дека и во Минхен е 2:2, тогаш можеа да бидат мирни и двете селекции бидејќи и на нив, како и на Германија им одговараше нерешено.
Германија и Португалија во некои моменти си го менуваат последното место, но финишот сепак сакаше големите да одат и аутсајдерот Унгарија да не дозволи изненадување.
Сега со ладни глави и без стрес да не пропуштиме гол на трета, ако гледаме фудбал на прва, да видиме што се случуваше синоќа.
Португалија - Франција 2:2
Германија - Унгарија 2:2