Како еден од најискусните во таборот на македонската репрезентација Тричко оди во репрезентативна пензија на 34 години после стаж од 11 години.
Дебитираше на 29 мај 2010-та против Азербејџан и со тоа со гол, а на Македонија и помогна со 64 настапи и 7 гола. Тој е на осмото место на листата играчи со најмногу репрезентативни настапи. Еден повеќе од него имаат Александар Трајковски и Стефан Ристовски.
„Горд сум на сите што ми овозможија на оваа возраст да доживеам едно Европско првенство, ова е сон кој го имав уште од дете. Имавме свои шанси, да беше признаен голот можеби ќе беше поинаков текот на натпреварот. За крај да порачам дека сме горди и мора да гледаме само напред. Оваа репрезентација заслужи настап на ова првенство, а со оваа младина има иднина во репрезентативниот фудбал“, изјави Тричковски по мечот против Холандија.
За разлика од него, Крсте Велковски беше повремен репрезентативен со 12 настапи и 0 голови, а дебитираше на пријателска против Летонија во 2014-та година.
Штета за голот на Тричко синоќа за 1:0, кој за малку беше во офсајд.