29-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез е повреден и паузата ја користи за добронамерни совети и дарувања на најмладите. Ама секогаш има незгодни прашања од нив.
Парадоксот на современиот фудбал отиде до таму да ја искомпритира и најголемата страст на луѓето во Јужна Америка - континент на горди луѓе, убави култури и верни традиции кои долго се бореле за своја слобода од угнетувачите.
Едуардо Бељо е Венецуалец кој игра во Депортес Антофагаста во првенството на Чиле. На меч против Евертон (2:3) постигнал два гола а за време на прославата на едниот гол се качил на трибините и ја запросил девојка му. Судијата, според правилата му дал жолт картон а гледчите го наградиле со аплауз.
Најголемиот фудбалски успех на СФРЈ кој денеска го одбележа и ФИФА е приказна за себе. Тоа беше најава за доаѓањето на една неповторлива генерација, која за жал немаше можност да остане заедно и да му покаже на светот дека Чиле 1987 не беше случајност.
Јужна Кореја и Чиле одиграа без голови во синоќешниот термин за пријателски, и за да не биде се така досадно и неатрактивно, се покрижи Сон од Тотенхем. Апче за смирување му давале на Видал и другар му.
Светската куќа на фудбалот на 24 септември во Лондон ќе ги додели најпрестижните годишни награди. Покрај оние за најдобар играч, тренер и сл, ќе се гласа и за навивач на годината. Ова е нашиот фаворит кој влезе во финалната трка.
Иако е прерано да се каже, сепак ова е одбрана на сезоната, барем во јужноамериканскиот фудбал. Јунаков од чилеанскиот второлигашки фудбал реши и реши да не прими гол. Колкава жртва, мислиш игра на финале на светско.
Manos a la pared (Раце на ѕид) е долгорочен проект кој започна оваа недела во главниот град на Чиле, Сантјаго. Се работи за тактилни верзии на мурали, кои треба да им ја приближат уличната уметност на слабовидните и на слепите жители на овој град.
Селекцијата на Чиле ја совлада Србија со 1:0 на последните контролки пред Мундијалот. Требаше уствари да биде 2:0, ама падна срам кој не проаѓа ни на пријателска средба.
Напаѓачот на чилеанскиот клуб Универзидад Консепсион, Жан Менезес така вешто изглуми пенал за својата екипа во 85-та минута од мечот против Коло Коло што заслужено го доби Оскарот за сезонава.
За преминот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед се зборуваше две недели, а еден од главните херои на овој голем трансфер е аргентинскиот агент Фернандо Фелисевич.
Пеп Гвардиола маестрално го ротира составот и за помалку важните натпреварувања му играат резервите кои во било кој друг тим би биле првотимци. Така голманот ветеран од Чиле ја искористи секоја дадена шанса сезонава и брани пенали како луд.
После Светското првенство 1958-ма - последно на кое не играла Италија, местото на голот на обновената репрезентација го добил Лоренцо Буфон. Втор братучед на дедо му на Џиџи Буфон. Уште е жив и се крсти во Џиџо Донарума.
Од Нов Зеланд до Перу според Гугл мапс има 19 часа летање со авион, но за гостинската селекција патешествието траеше уште подолго. Перуаинските аеродромски власти од необјасниви причини слетувањето им го одложија за три часа и поради тоа Нов Зеланд за момент запре во малото градче Икике во северно Чиле. 36 годишниот Шеин Смелц тоа го искористи за сув краток тренинг.
Сме виделе и порано, а Купот на Конфедерации во Русија нè увери дека Јужно-американците играат со посебна страст кога ќе го облечат дресот со грбот на својата земја. Чилеанците гризеа како да е „Суден ден“ а човекот што направи кикс зборуваше за најголемата болка во животот.
На една клиника во Сантијаго, главниот град на Чиле, за време на оперативен зафат докторите ги гледаа пеналите на мечот Португалија - Чиле во кој славеше нивната репрезентација.
Селекциите на Чиле и Португалија ги одиграа најкратките пенали на репрезентативните континентални натпреварувања, кои всушност се случуваат по втор пат после 29 години. Најнеефикасниот резултат на пенали е 2:0.
Алексис Санчез во секој клуб каде што играл бил познат за неговата претерана детинетост. Ден денес сакал да гледа цртани, да игра со играчки, да вози возови на далечински и да шета кучиња. Но тоа не му смета да биде најдобриот чилеански фудбалер.
Кога во квалификациите за Светско 2018 Меси играл за Аргентина, репрзентацијата освоила 15 од можни 18 бода. Без него во тимот освоиле само 7 од можни 21! Ете колку ќе им фали до крајот на циклусот квалификации за СП.
Да го имитира начинот на игра на легендарниот Французин, па да го разбереме. Вака, само се изглупира, го приведоа, ќе плати казна и го суспендираа на 20 дена.
Јужноамериканските квалификации за Светско првенство или за Копа Америка редовно ни носат убави голови, добри дриблинзи и фешти од трибините. Од Еквадор денес стигна видео како полиција трча по најдобриот играч на оваа земја кој глумел повреда во амбулантно возило.
Со 106 победи Емери е најуспешниот тренер во историјата на овој клуб и со 205 меча на клупата на Севиља се наоѓа зад рекордерот Капарош. Таков товар наследи необичниот Хорхе Сампаоли кој игра тотално офанзивен фудбал.
Филм кој најпрвин делува лежерно и метафизички, за полека, како самиот да е направен од водата за којашто зборува, да се прелее во нешто сосема поинакво.