Таг: челси

Челси ги скроти турските „лавови“

Четата на Мурињо без поголем отпор успеа да го совлада Галатасарај, а Реал Мадрид рутински го одработи реваншот против Шалке за пласман во четврфиналето на Лигата на шампиони.

Галатасарај по изненадување, Шалке туристички во Мадрид

Дидие Дрогба по две години се враќа на „Стемфорд Бриџ“ каде по оние 1:1, ќе се обиде да го елиминира тимот со кој го подигна пехарот во ЛШ. На втората пресметка „Кралевите“ ќе имаат само тренинг меч против Германците кои имаат негатива од 6:1.

Реал го растури Шалке, реми во Истанбул

На Реал Мадрид не му пречеше лошата традиција и го растури Шалке во Германија, а Челси се извлече од истанбулскиот пекол на последните два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Челси во турскиот пекол, Реал против германската традиција

Со вечерашните два дуела од Лигата на шампионите ќе се комплетира првата рунда во осминафиналето. Дидие Дрогба ќе го нагости својот омилен тренер, а Кралевите ќе се обидат да го подобрат скорот против германските противници на гостински терен.

Георгиевски претплатен на автоголови против Челси

Исто како и на првиот натпревар во Романија, македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски и на дуелот со Челси во Лондон му помогна на противникот да дојде до водство.

Голманскиот подарок за Ето

Челси поведе против Шалке благодарение на голманскиот хорор потег на Тимо Хилдебранд кој Самуел Ето ладнокрвно го искористи.

Кога ќе го фатиш голманот неспремен

Тинејџерот од екипата на Челси до 16 години, Мухтар Али успеа да го измами голманот на Реал Мадрид со гол од околу 40 метри на натпревар со кој младинците на англискиот тим освоија меѓународен турнир минатата недела.

Со “паркиран автобус“ пред гол до најмногу успеси

Оваа дефанзивна тактика од едно македонско село која на сличен начин ја применува и Жозе Мурињо не изгледа убаво за око, а најмногу ја мразат навивачите кои сакаат да гледаат отворен фудбал со многу голови. Но „специјалниот" со неа стана најдобар стратег на „Стенфорд Бриџ".

Европскиот шампион ја потврди доминацијата и во Супер Купот

Фудбалерите на Баерн Минхен кои до 120 минута беа на прагот на пораз, го однесоа финалето од Европскиот Супер Куп на пенали со гол во последните мигови од средбата, израмнувајќи на 2:2. Лукаку беше единствениот фудбалер кој промаши од 11 метри, а тоа значеше прва титула за Пеп Гвардиола во новата ера во Минхен.

Мурињо и Гвардиола повторно на мегдан

Двајцата довчерашни ривали во шпанскиот фудбал немаат никаков допринес за патот на Челси и Баерн Минхен до финалето на Супер Купот во Прага, но судбината сакаше токму тие двајца да ги одмерат силите како нови стратези на освојувачите на двете клупски европски натпреварувања.

Челси и Манчестер Сити по трофејот на Јунајтед

По 91 ден пауза, започнува новата сезона во англиската Премиер лига во која борбата за титулата ќе биде најотворена во последните години, а Манчестер Сити и Челси имаат предност во однос на актуелниот шампион.

Тајните зад успехот на Мурињо

Пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига која ќе биде одбележана со новите тренерски имиња на трите водечки клубови помеѓу кои и Жозе Мурињо, португалскиот стратег го откри патот до успехот со екипата на Челси.

Кладилниците го селат Руни во Челси

Веќе подолго време се шпекулира дека Вејн Руни сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но сега тој се наоѓа најблиску до излезната врата, а и кладилниците почнаа да примаат големи уплати и ги смалија коефициентите на опцијата дека неговата следна дестинација ќе биде Челси.

Премиерлигашите во обиколка на светот од 320 илјади километри

Долгото лето за фудбалските ѕвезди од островот е одлична можност за пат околу светот и одржување на турнеја во далечните дестинации како Хонг Конг, Бангкок, Куала Лумпур и уште ред други места претежно во азиските земји. Целта е да ја одржуваат формата и истовремено да го шират својот бренд.

Како Роман Абрамович го промени фудбалот

На 1 јули во 2003-та година од никаде се појави еден тивок Русин со желба да купи фудбалски клуб. Десет години подоцна, не само што тој стана еден од најуспешните газди, Роман Абрамович го смени фудбалот во Англија и Европа.

Сити и Челси најголеми трошајлии во Премиер лигата

Не освоија ниту титула во првенството, ниту во купот, а заедно потрошија скоро 750 милиони евра. Составот на „Граѓаните" е со најголема загубена вредност на играчите, додека екипата од „Стемфорд Бриџ" за еден бод “плаќала“ скоро 5 милиони фунти.

Клади се на „Специјалниот“

„Специјалниот" се врати во Лондон по пауза од шест години, по што кладилниците веднаш ја збогатија својата понуда со специјални опклади, а веќе постоечките коефициенти за титулите на Челси почнаа да паѓаат.

Враќањето на Мурињо

Забавата по повод враќањето на Жозе Мурињо во Челси сумирана во еден анимиран Гиф.

Челси е новиот шампион на Лига Европа

Челси стана првиот тим кој по освојувањето на Лигата на шампиони ја освои титулата и во Лига Европа. Проколнатите Португалци ја имаа иницијативата, но трофејот од финалето на Амстердам арената им припадна на лондонските „сини" со гол во 93-та минута.

Челси брка историја против Бенфика

Долго критикуваниот стратег на „Сините" на вечерашниот финален меч од ЛЕ на Амстердам арената, со триумф ќе се обиде да им докаже на навивачите дека грешат со нивните протести против него. Бенфика е во обид да ја врати радоста на меѓународна сцена која им недостасува од 1962 година.

Бенфика ја доби првата битка со Челси

Четворица големи навивачи на двата финалисти од Лигата на Европа и двајца од најдобрите светски фудбалери во изведување акробации, одржаа интересна трка низ Амстердам како најава за утрешното финале. Португалците се покажаа како побрзи.

Обезбедувањето на Челси 12 играч

Нетипична е оваа ситуација во фудбалот која се случи на вчерашниот полуфинален меч од Лигата на Европа помеѓу Челси и Базел. Еден по еден, мртви ладни, редарите си поминуваа покрај корнер знаменцето, без око да им трепне дека го кочат мечот.