Украинскиот Динамо Киев се соочува со драконска казна од УЕФА, откако се објави видео на кое се гледа како домашните навивачи најпрвин навредуваат па потоа тепаат црни навивачи на Челси на трибините.
Белгискиот репрезентативец се вклопи во фудбалското сивило на Челси, но затоа и натаму маестрално игра за репрезентацијата која е на чекор од пласман на ЕП 2016.
Поразите на Арсенал и Челси синоќа во Лигата на шампионите беа уште еден срам за англиската елита која на шест натпревари во Европа доживеа пет порази и не го оправда епитот најсилна лига на континентот.
Актуелниот шампион на Англија вечерва ќе гостува на стадионот Бескот кој собира 11.300 гледачи и ќе се сретне со клуб кој не купил поскап играч од 175.000 фунти во својата историја.
Откако Мурињо ја отстрани привремено од екипата затоа што влезе на теренот да му пружи помош на Еден Азар против Свонси, Ева Карнеиро реши да го напушти и тужи Челси.
Со натпреварите од првото коло во групната фаза, вечерва започнува 23. сезона на Лигата на шампионите во која никогаш никој не ја одбранил титулата освоена претходната сезона.
Легендата на Челси летово направи трансфер во МЛС лигата во тимот на Монтреал, а за да биде мозаикот целосно составен се погрижија навивачите од Лондон кои во Канада го испратија својот банер од Стемфорд Бриџ.
Арсенал, Челси и двата клуба од Манчестер се обединија во помошта и донациите за бегалците од Сирија. Ќе одвојуваат по едно евро од секоја продадена карта за Лигата на шампионите.
Премиерлигашот може да состави три екипи само од играчите кои се на позајмица во други клубови. Најпознати се Куадрадо во Јувентус, Салах во Рома и Пашалиќ во Монако. Мурињо има стратегија или нелогично троши пари?
Манчестер Сити летово на само троица играчи, Рахим Стерлинг, Николас Отаменди и Кевин де Брујне потроши неверојатни 182 милиони евра, по што Премиерлигашите ги направија првите седум најскапи трансфери летово.
Фудбалската сезона 2015/2016 сè уште е на почеток, но веќе се разви дебата околу улогата на докторите и физиотерапевтите на теренот. По докторката на Челси, сега од Москва се појави нов фаворит меѓу навивачите.
Манчестер Јунајтед беше пред реализација на договорот со Педро Родригез кога Челси чукна на врата кај Шпанецот и им го украде на Ѓаволите буквално пред нос. Не им е прв пат вели историјата.
Најново засилување на Челси, Педро на својот прв меч во Премиер лигата постигна гол и имаше асистенција. Сините славеа против ВБА на гости со 2:3. Тери доби црвен, а Куртоа одбрани пенал.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Фабрис Муамба кој пред три години доживеа инфаркт на сред терен како играч на Болтон, сега го обвинува Мурињо што им се противи на лекарите.
Благодарение на ФИФА training and solidarity mechanism и поради фактот што Педро играл за овој тим до 17 години, клубот Ракви Сан Исидро ќе добие околу 450.000 евра од целосната сума која Челси ќе ѝ ја плати на Барселона.
Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.
Ќе им ги собереш срамните резултати, промашените засилувања и најболните моменти од историјата на кои не сакаат да се навраќаат, како на пример кога Тери се лизна во пенал серијата против Манчестер во финалето од ЛШ.
За 19 годишниот Роберт Кенеди од Флуминенсе велат дека по потезите и брзината наликува на Нејмар, а според силината на Хулк. Жозе Мурињо ја искористи казната на Барселона која не може да пазари играчи и им го лапна пред нос.
Сите ја паметиме „божјата рака” на Марадона, големата трагедија во Хилсборо, но фудбалот има донесено и многу чудни и невообичаени приказни како што е едноминутното молчење за навивачот кој уствари тогаш бил на стадион.