Како Монтреал го прими банерот за Дрогба

Легендата на Челси летово направи трансфер во МЛС лигата во тимот на Монтреал, а за да биде мозаикот целосно составен се погрижија навивачите од Лондон кои во Канада го испратија својот банер од Стемфорд Бриџ.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска тоа го забележа, а на навивачите им го подари дресот како и хет трик против Чикаго кој го совладаа на гости со 3:4.

11 септември 2015 - 10:12