Таг: берни сандерс

Од кого му фуфка на Вол стрит?

Иако отпадна од трката, Берни Сандерс и неговата линија на размислување сериозно се вградија во политичко-економскиот живот на САД. Еден негов твит, и акциите паѓаат.

Вечерта на Хилари на која многумина пожалија што не можат да гласаат за Мишел

Сандерс едвај ги смири гневните фанови, Мишел Обама одржа говор за во учебници по ораторство, исвиркана беше и Елизабет Ворен. Настапи Пол Сајмон (инаку фан на Берни), чија изведба на Bridge Over Troubled Water беше доста неубедлива па твитерџии искоментираа дека "Русите и него го хакнале". Епилог: Хилари е кандидатот на Демократите кој ќе треба да смисли начин како да го сопре Трамп.

Крајот на револуцијата

Во вторникот Берни Сандерс се појави заедно со својата противничка од последнава година, Хилари Клинтон, и официјално ја поддржа за претседателски кандидат на Демократската партија. Според Атлантик поддршката е доказ дека ни Сандерс повеќе не може да ја игнорира реалноста дека трката е готова, а тоj загубил.

Како да се помрдне сиромаштијата?

Уште на почетокот на кампањата Берни Сандерс ја знаеше слабата страна на својата изборна математика. "Ако не излезат работниците и сите оние кои живеат од својот труд, ништо не сме направиле," велеше тој будејќи ги надежите дека суштинска промена е можна. Веројатно е можна е, но не овојпат.

Демократски тенџериња против политичката вечера на Џорџ Клуни

Во Сан Франциско се случија интересни протести, демократи против демократи, едните програмери во компјутерски фирми, другите -  газди на тие фирми.

Берни Сандерс и проблемот со младите гласачи

Берни Сандерс има фасцинантни бројки со поддршка меѓу младите. Сè се тоа напредни, модерни, освестени, бучни и агилни лица. Проблемот е само во тоа што таквите  - слабо излегуваат на гласање. 

(Донт) Кил Кисинџер

Хилари Клинтон е почастена што има поддршка од некогашниот државен секретар Хенри Кисинџер. Берни Сандерс  е горд што Кисинџер НЕ му е пријател. Тоа е таа разлика меѓу нив двајца.

Од каде му на Сандерс толку разлика пред Хилари

Пред една година Хилари Клинтон во Њу Хемпшир има 40 поени предност пред Берни Сандерс. Синоќа на партиското гласање Хилари беше поразена со над 20 поени разлика.

Џо Хил - човекот без кого ќе ги немаше Дилан и Спрингстин

Радикален работнички активист, поет и музичар, Џозеф Хилстром, попознат како Џо Хил, повторно станува актуелен во контекст на кампањата на Берни Сандерс и неговата критика на капитализмот. И 101 година од неговата смрт пред стрелачки вод, класната нееднаквост и работничките права сè уште се актуелни теми.

Oдличниот музички вкус на Берни Сандерс

Во комплициран предизборен процес којшто на крај успеавме да го сфатиме објаснет преку Лего, Берни Сандерс за ептен малку загуби од Хилари Клинтон во Ајова. Но затоа многумина добро го запамтија неговиот говор по објавувањето на резултатите, и тоа најмногу заради музиката со којашто заврши.

Круз го победи Трамп, Хилари и Берни нерешено

Доналд Трамп го попуши од Тед Круз. Кај демократите испадна толку нерешено меѓу Берни и Хилари што буквално фрлале петка - глава. Зошто ова не му текна на Хан како решение за предизборни пат позиции?

Предизборни лекции по политичка култура

На последната дебата меѓу демократите, Берни Сандерс доби прилика каква што овдешен политичар во предизборие би ја зграбил со две раце и не би ја пуштал: шанса пред десетици милиони гледачи да ги коментира сексуалните скандали во семејството на неговиот политички противник. Но, Берни е поинаков.

Бајден де факто го поддржа Сандерс

Од комплетен лузер, берни Сандерс дотурка до тоа да добие неочекувана а многу важна поддршка од Џо Бајден. Да, тој Бајден.

Дали Доналд Дамб веќе ги уништи шансите на Републиканците?

Со својата последна изјава да им се забрани влез на муслиманите во САД, Трамп успеа да антагонизира уште една важна изборна групација. И ако победи како републикански кандидат и ако на изборите оди како независен кандидат, математиката оди во прилог на Хилари Клинтон. А нејзиниот есап може да го расипе Берни Сандерс.

Ново НАТО со Русија и Арапи?

Во говорот пред преполна сала во Универзитетот Џорџтаун, кандидатот за претседател на САД, предложи формирање на нешто што би било како ново НАТО, чија цел ќе биде борба против глобалниот екстремизам, и ќе биде надополнето со Русија.

Дали Америка е подготвена за демократијата наречена Берни Сандерс?

Иако јавно се декларира како социјалист, нешто од кое политичка Америка веднаш ја фаќаат сипаници, Берни Сандерс засега остварува фасцинантни резултати, комплетно збунувајќи ја менталната матрица на која почива американското предизборие. Без разлика што ќе направи до крај, тој веќе ѝ покажа на Америка каква може да биде: голема и силна но наместо да дивее по светот, да се сврти кон себе и да поработи на порамноправно и поправедно општество.