Таг: Белгија

За малку ќе станел наставник по физичко, викале мал е за фудбал, а сега игра полуфинале

Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.

Трето комшиско дерби меѓу Белгија и Франција во завршница на Светско

Репрезентациите на Франција и Белгија два пати се сретнале во рамки на Мундијалите и вечерва ќе се обидат да го направат последниот чекор пред големото финале.

Кога Азар со браќата навивал за Франција

Една фотографија од еден летен одмор во детството на најдобриот фудбалер на Белгија, го покажува него и неговите браќа кои станаа исто фудбалери, со дресови од следниот противник на Светското првенство.

Еуфоријата во белгиските градови

Белгија е во полуфинале на Светско првенство првпат после 1986-та година. Откако го збришаа и петкратниот светски првак и закажаа мега-дерби со Франција во полуфиналето, славјето ширум земјата траело цела ноќ.

Испадна и Бразил, Куртоа ја спаси Белгија

Четврт пат по ред светскиот шампион ќе биде од Стариот континент. Белгија го совлада Бразил со 1:2 и ќе игра против Франција во полуфиналето.

Анри две години е задолжен за психологија во репрезентацијата на Белгија

Ретко која репрезентација би се вратила од негатива 0-2 после 60 минути игра во осминафинале на Светско првенство. Но ако на клупата како асистент го имаш Тиери Анри тогаш сè е можно. Психолошки многу ги подига белгиските репрезентативци кои го слушаат повеќе од своите родители.

Болниот пораз на Јапонците во 8 секунди

Последниот тим кој во нокаут фаза на Светско успеал да победи по негатива од 2 гола е Западна Германија против Англија во 1970-та. По 48 години истото сценарио и се случува на Јапонија и тоа на само неколку секунди до крај. Да, до волку боли.

На кој јазик се разбираат Белгијците?

Како есенцијален дел од фудбалот, јазикот е средство преку кое тренерите им даваат инструкции на играчите. Но како разговараат ако составот им е шарен како на Белгија?

На часови за спортска кај Фабрегас

Јапонците синоќа против Белгија беа на 20 минути до сензационална победа и пласман во четвртфинале, ама за кого како. Цеск Фабрегас во тие моменти кажа дека сега му е мајката да се лупнат пари на Белгија. 69 минута 1:2, 74 минута 2:2, 94-та минута 3:2. Кој си знае, си знае.

Ваков епски пресврт на Светско немало 48 години

Селекциите на Белгија и Јапонија ја приредија најголемата драма до сега на Мундијалот. Иако важеше за изразит фаворит Белгија до 69-та минута губеше 0:2 и кога само секунди фалеа да гледаме пенали, членот на ВБА Шадли Насер даде гол од контра за 3:2. Ќе гледаме спектакуларно четвртфинале меѓу Белгија и Бразил.

Како стативата му врати на Батчуаи

Белгискиот центарфор доби шанса да игра цел натпревар додека Лукаку одмораше на клупата. Во еден момент како да се потскара со стативата која знаеше да му врати

Јанузај со еврогол ја прати Англија на Колумбија

Со натпреварите од групата Г заврши првата фаза од Светското. Белгија славеше и ќе оди на Јапонија а потоа, ако победи, на победникот од мечот Мексико - Бразил. Англија против Колумбија која веројатно ќе биде без Хамес Родригез.

На кој што му треба денес на Светско?

Вечерва се игра големото дерби од првата фаза, Англија - Белгија кое ќе го одлучи победникот во групата Г. Попладнево Јапонија, Сенегал и Колумбија играат за пласман понатаму.

Првата седмица на Мундијалот, Белгија го потопи Тунис

По низата не баш ефикасни натпревари во второто коло, конечно видовме голеада на Светското во Русија. Селекцијата на Белгија го декласираше Тунис со 5:2 и му се приклучи на осминафиналното друштво составено од Русија. Уругвај, Франција и Хрватска.

Лукаку: „Памтам како мајка ми ставаше вода во млекото зошто бевме сиромашни“

Пред мечот со Панама кој го реши со два убави гола, центарфорот на репрезентацијата на Белгија и Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку раскажал за тешките времиња низ кои поминало неговото семејство кога тој бил дете и само што почнувал да игра фудбал.

Белгија фаќа залет за високи дострели

Во првиот меч од групата Г, дебитантот Панама ѝ оддолеа на Белгија во првите 45 минути а потоа следуваа три ефектни гола за први три бода на Белгија во групата.

Кога ќе ти каже дека нејзините родители излегле од дома

Нема ден а центарфорот на Белгија Мичи Батчуаи да не објави нешто смешно на своите профили по социјалните мрежи. Синоќа на генералката пред Мундијалот против Костарика даде гол во триумфот од 4-1 па фотографијата од прославата ја стави со смешен коментар.

Изненадување за Вертонген за јубилејниот 100 настап

На пријателската Белгија - Португалија пред почетокот на Светското, белгискиот стопер Јан Вертонген го запиша својот 100. настап за „Црвените ѓаволи“ а наградата му ја врачи мајка му.

Трагедијата на финалето од ЛШ и 6-годишната казна за Ливерпул

На финалето од ЛШ во 1985-та се случи една од најголемите трагедии во историјата на спортот. Јувентус за првпат стана европски првак но резултатот остана во сенка на големата трагедија.

Брисел го прекина саудискиот лизинг на најголемата џамија во Белгија

По основа на ширење радикализам и „мешање во начинот на кој Исламот се учи во земјата“ белгиската влада го прекина лизингот што и беше даден на Саудиска Арабија врз Големата џамија во Брисел. Одлуката важи веднаш.

Милионите на Гадафи замрзнати во Белгија шараат по светот

Шест години по смртта на Гадафи неговиот замрзнат имот во Брисел носи камати од милиони долари. Она што не се знае е на кого точно му носи.

Белгиецот Компани е најучениот меѓу фудбалерите

Дете на мигранти од Конго, капитенот на белгиската фудбалска репрезентација и на англискиот лидер Манчестер Сити важи за еден од најинтелегните играчи на денешницата. Не го занимаваат шарени копачки и фризури со гел, туку нешто далеку подлабоко.

Ако можат во Белгија, зошто не и кај нас

Минатиот викенд почетокот на мечот од белгиското првенство меѓу Шарлоа и Остенде се одложил за неколку минути зошто домашните навивачи фрлија илјадници детски играчки и плишани мечиња на терен, посветени за децата од слабо имуќни семејства пред Божиќ.

Белгискиот принц си бара човекови права

Му ја скратиле апанажата и плус му замериле што во воена униформа отишол кај Кинезите да ја слави нивната армија. Заради ваквото малтретирање од страна на државата, овој нескротлив аристократ апелира да му се почитуваат оние права кои денес ѝ се загарантирани дури и на рајата.