Уште нема никаква разврска на случајот Меси-Барса, но Аргентинецот полека врти нова страница од неговата неверојатна кариера. Дури и на неутралните емотивно им паѓа крајот на една ера која што го одбележа светскиот фудбал. Би било чудно да се гледа во друг дрес.
Главна тема во светот на спортот летово е желбата на Лионел Меси да замине од Барселона после цели 20 години. Аргентинецот уште не отиден од Камп Ноу, а веќе ја бараат неговата бројка на дресот. Комично.
Ако во последните пар години Меси знаеше да трзне дека ќе си оди, па го наградуваа со нов раскошен и богат договор, овојпат Аргентинецот како да е цврсто решен дека сака да смени клуб. Навивачите на Барселона се исто толку свесни дека овојпат приказната „волк, волк“ е вистинита.
Најголемите две интриги на летниот трансфер пазар се: 1. Дали Меси ќе замине од Барселона? (има цврста намера да си оди, но имаше и претходни години) и 2. Ако си оди, дали ќе замине бесплатно?
Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу е под јак притисок од сите страни. Веќе неколку месеци го напаѓаат негови потенцијални наследници, а од вторникот вечер и многу легенди на клубот.
Аргентинецот се спремал долго време и синоќа како гром од ведро небо ја потресе светската јавност: Меси на управата ѝ пратил бирофакс со официјално барање. Според Marca, Лионел сака да ја искористи клаузулата во договорот за едностран раскин на договорот (може да ја активира на крајот од секоја сезона).
Барселона го претрпе најтешкиот пораз во еврокуповите откако Баерн Минхен ги потопи со 8:2, надреален резултат за ватерполо, а не па за четвртфинале на Лига на шампиони. Таквиот исход некого посебно погодило.
Откако Баерн Минхен ги изудира со 8:2 и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата, на луѓето од Барселона не им остана ништо друго освен да го избркаат Кике Сетиен и да побараат негов наследник. Го најдоа во Роналд Куман. Навивачите се скептици.
Каталонците вечерва се понижени и пропаднати во земја, бидејќи доживеаа пораз каков што немале од 1946-та. 8:2 изгубија. Да, ОСУМ спрема ДВА. Со ваква мизерна и смешна одбрана не може да бараат трофеј ни во Ла Лига ни во ЛШ. Дебакл е млак збор.
Најголемиот идол на целиот регион Каталонија е причина што сè повеќе парови се решаваат своето новороденче да го крстат по најголемиот фудбалер на сите времиња.
Првпат после 2014-та година пехарот наменет за шампионот или оној за освојувачот на Купот во Шпанија нема да го крене капитен на Барселона. Каталонците имаат фрустрирачка сезона во домашните натпреварувања, односите управа-терен не се сјајни, а не се ок ни оние на релација играчи-тренер. Барса синоќа изгуби дома од Осасуна со 1:2 и тоа со играч повеќе.
Барселона многу лесно го совлада Виљареал на гости со 1-4 и успеа да ја задржи бодовната разлика зад Реал Мадрид на 4 бода на 4 кола до крајот. Лео Меси имаше 2 асистенции, одигра фантастично, а топломерот за мерење температура после мечот не работеше кога Лионел пријде да му измерат.
Барселона го отвори резултатот уште во 3' минута после автогол, Виљареал израмни во 14' и тоа беше сè од домаќинот. Каталонците издоминираа преку Суарез, Гризман и Ансу Фати, а Французинот даде преубав гол (9-ти сезонава за 29-годишниот Гризман).
Вест број еден од шпанскиот фудбал во петокот беше инсајдот од познатото радио Cadena SER: Лео Меси сака да си оди од Барса во 2021-ва кога му истекува договорот.
Навивачите на Ливерпул едвај го дочекаа почетокот на мечот со Манчестер Сити зошто знаеа што ги чека во првите минути од преносот, а ние се прашуваме како кај нас би изгледал еден ваков витешки гест.
Љубителите на фудбалот мора да бидат благодарни и среќни што живеат во ера на еден од најголемите фудбалери во историјата. Меси синоќа го постигна својот 700-ти гол во својата кариера (клупска и репрезентативна).
Судиите на синоќешниот дерби меч од Ла Лига тотално го изгубија компасот. Досудија три пенали од кои еден постоечки, друг сомнителен, трет тешки срамотилаци. Каква ли технологија треба да излезе за да се престане веќе со овој аматеризам.
Во понеделникот шпанскиот и италијанскиот шампион официјално договорија обратни трансфери па така Артур оди во Торино за 80 милиони евра, Пјаниќ во Каталонија за 70 милиони евра и на крај и двата клуба ќе имаат ќар. Како?
Едер Сарабиа, асистентот на Кике Сетиен имаш пар киксови сезонава. Еднаш се расправаше со судии, еднаш глумеше главен тренер, а сега проба нешто да го советува и Меси а Аргентинецот не го ислуша. Ова е уште еден доказ дека Сетиен ја нема довербата на соблекувалната како што се шпекулира.
Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.
На денешен ден пред 19 години, славниот Бразилец ептен одлепи. Камп Ноу го фрли во транс, а Валенсија во очај, бидејќи ја исфрли од пласман во ЛШ и тоа пазете, во директен дуел одигран во последно коло, со гол на кариерата во 89-та минута.
Во саботата Барселона рутински ја совлада Мајорка на гостински терен и ја продолжи трката кон титула во Ла Лига. Но мечот остана во сенка на еден глупав и наивен настан.