Таг: барселона

Циндриќ пред 4 години работел на паркинг, а денес е европски првак

Хрватскиот „Јутарњи“ го октрива нетипичниот ракометен пат на неверојатниот Лука Циндриќ кој важел за талентиран фудбалер за кого бил заинтересиран Динамо Загреб, но татко му го убедил да го батали фудбалот и да му се посвети на ракометот.

Целиот Фајнал Фор во емотивни 4 минути

Можеби најдобар опис на неверојатната завршница на Ф4 во Келн даде главниот организатор, ЕХФ на својот Фејсбук: „Новите момци од РК Вардар дојдоа во Келн, немаа што да изгубат а на крајот победија сè.“

Вардар е во финалето на Лига на шампиони!

Со голот на Лука Циндриќ во последната секунда, Вардар оствари сензационална победа против Барселона 26-25 (13-12) и влезе во големото финале каде ќе игра против ПСЖ.

Фудбалскиот пат на фотографот и нов тренер на Барса - Ернесто Валверде

Валверде важи за еден од подобрите фудбалери во историјата на Еспањол и жива легенда во градот на фудбалот - Билбао чијашто екипа ја внесе во Лигата на шампионите после цели 16 години. Конечно по три неуспешни обиди, коцките се поклопија и ќе ја води Барселона.

Дани Алвеш - човекот со ДНК на победник

По освоениот Куп на Италија и прославеното Скудето во Серија А, десниот бек на Јувентус стигна до бројката од 33 освоени трофеи.

Сите судиски грешки на штета на Барса и во корист на Реал

Твитер профилот Barcelona Comps изминатава сезона во Ла Лига ја нарекува најголем грабеж во историјата на првенството. Тоа го тврдат со компилација во која ги собрале сите сомнителки одлуки на судиите со кои сметаат дека Барселона е оштетена 12 бода, а Реал е награден со +2. Им држи вода муабетот.

Велат дека Барселона веќе му понудила договор

Видео за сите оние кои ја хејтаат Барса или поточно веруваат во тоа дека се екипа со играчи од типот „Ако го пипнеш паѓа ко покосен“.

14 причини зошто Ла Масија е најдобрата фудбалска академија во свет

Момците на Луис Енрике сезонава не успеаа да се изборат ниту за титулата во Ла Лига, ниту во ЛШ, но затоа фудбалската школа на Барселона го обели образот со сезона за паметење за речиси сите возрасти.

Кој е Ернесто Валверде, новиот тренер на Барселона

„Мравката“ важи за највредниот работник меѓу тренерите. Учел од Јохан Кројф но и од темпераментиот Биелса поради што ќе знае како да се носи со најдобрите фудбалери на светот. Единствениот тренер е на светот кој неколку пати ја добиваше моќната Барса.

Уапсен е поранешниот претседател на Барселона

Шпанската полиција утринава започна операција против петмина лица кои се осомничени за перење на пари. Првоосомничен е Сандро Росел кој 4 години беше прв човек на Барселона и за кој сè уште се води судски процес за сомнителниот трансфер на Нејмар.

23 години од лекцијата на Милан против Барса

На денешен ден во 1994. година, на Олимпискиот стадион во Атина Милан со 4:0 ја декласираше Барселона во финалето на Лигата на шампионите. Четата предводена од Капело: Роси, Тасоти, Панучи, Албертини, Гали, Малдини, Донадони, Десаи, Бобан, Савичевиќ и Масаро, одиграа незаборавен меч.

Уметноста на Нејмар и громогнласното олè од Камп Ноу

Не знаеш што ќе направи во секој нареден момент и како ќе го седне противничкиот бек на земја. Против Виљареал играше лесно како перце, а дриблаше како Пеле.

Кој го вее македонското знаме каде и да игра Реал Мадрид

Во преносите од Лигата на шампионите често некој од нас знае да викне: ’Еј македонско знаме, виде ли’? А македонското сонце го веат дечки, од разни градови, на различна возраст, секој во својот свет, но единствени во љубовта кон Кралскиот клуб.

Како детето кое садело лук и тикви стигна до светска слава

Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.

Ќе потегне ли тренерот на Билбао домино ефект

На многу клубови во Ла Лига летово им претстои ремонт во играчкиот, но и во тренерскиот кадар. Главен кандидат за нов тренер на Барселона е Ернесто Валверде од Атлетик кој би можел да направи тотален домино ефект во цела лига.

Задоволството да го гледаш Меси на мал простор

За него речиси сè е кажано, така што можеме да бидеме среќни што живееме во ера кога Аргентинецот од коло во коло, од викенд до викенд прави чудесии. Неговата способност да се потпишува со фудбалот на мал простор го прави најголемиот на сите времиња.

Камп Ноу го прослави голот во стилот на Лионел

Откако го даде победничкиот гол во ел Класико, Меси го прослави така што соблече дресот и го крена во вис. Синоќа неговиот гест го повторија навивачите на Барса на мечот против Осасуна каде Меси даде 2 гола (7-1).

Реал суспендира 357 сезонски поради продажба на навивачи на Барса

За време на Ел Класико на Бернабеу секогаш имало навивачи на Барса по сите сектори, а ние ги приметуваме кога режијата ќе ги улови со дрес или шал. Овојпат беа многу повеќе и тоа по места резервирани за сезонци на Реал со сезонски билет кои решиле да заработат.

Барселона не успеа да постигне ниту еден гол, нова лекција на Монако

Кам бекот против ПСЖ ќе остане само еден историски пресврт без големо значење бидејќи Барселона во следната пречка наречена Јувентус е елиминарана во ЛШ. Каталонците беа анемични и немоќни и од 14 удари само еден им беше во рамки на гол. Јуве и Монако се заслужено полуфиналисти.

Кога Дрогба полуде од судењето во ЛШ

Оваа сезона во ЛШ не е прва со ваква скандалозна арбитража која директно влијае кој оди понатаму во нокаут фазата. Тешко е да се докаже дали УЕФА фаворизира одредени клубови преку судиите, но тие што не пропуштаат Лига на шампиони, не може да не се сетат на овој скандал.

10 години од најубавиот гол на Меси во кариерата

На 18. април 2007 година во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј Барселона го пречека Хетафе. По голот на првиот дел Каталонците водеа со голот на Чави, а во вториот дел 19-годишниот Лионел го постигна најубавиот гол во кариерата по сопствено признание. (Приметете го Ето како се држи за глава на крај).

Фото на денот

Никогаш не ја потценувај Старата Дама.

Јувентус ја торпедираше Барса, Дибала јунак

Бјанконерите ја продолжија серијата од 17 меча без пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, откако вечерва тотално ја надиграа анемичната Баселона и со една нога се во полуфиналето.

Старата Дама знае да памти па да врати

Јувентус е една од ретките екипи која загубила дури 4 финалиња во Лигата на шампионите. По големите разочарувања, секој пат кога се сретнувал со истиот противник Јуве се одмаздувал.