Таг: баерн минхен

Левандовски е од друга планета

Ако „Златна топка“ се даваше за есенскиот дел од сезоната, Роберт Левандовски годинава немаше да има никаква конкуренција.

Лева даде 4 за 14 минути, ПСЖ 2 за 2 минути против Реал

Јуве уверливо прв во групата по триумф над Атлетико, а Баерн се прошета низ Белград на крилјата на лудиот Левандовски кој 4 пати погоди во мрежата. Реал прокоцка два гола предност против ПСЖ за 120 секунди.

Левандовски стварно има лепак на копачките

Од април 2017 година Борусија Дортмунд нема победа во Минхен против Баерн. Баварците и во саботата ја продолжија оваа серија откако со 4-0 го демолираа ривалот во Der Klassiker. Полјакот Левандовски даде два гола а имаше и еден луд прием на топка.

Абе што им ја рогаш, дома сакав да ја носам

24 годишното крило на Баерн, Снеж Габри синоќа стана вториот Германец со 4 гола во ЛШ. Се разбира ова му беше мечот на кариерата по кој разбирливо топкава сакаше да си ја прибере, но Хави Мартинез му го скрши филмот.

Потегот на вечерта го имаше Левандовски, а Гнабри со два збора собра 100.000 лајка

Баерн Минхен постави неколку рекорди, откако синоќа со 2:7 го прегази актуелниот вицешампион во Лига на шампиони, Тотенхем.

Динамо Загреб ја прегази Аталанта, ПСЖ рутински со Реал

Фудбалерите на хрватскиот шампион со четири парчиња во мрежата ја испратија Аталанта назад во Бергамо. Сити сигурен во Украина, реми меѓу Атлетико и Јувентус во дербито.

Звезда се потсеќа кога Панчев и Дејо го срушија Баерн среде Минхен

Вечерашниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Црвена Звезда во ЛШ го навраќа српскиот клуб на еден славен епски меч од аналите. Тоа е двобојот против Баерн по кој отпатуваа на финалето во Бари 1991-ва.

Многу чудна одбрана на Ноер

Откако неговата резерва во репрезентацијата, Марк-Андре Тер Штеген отворено праша како е можно да брани редовно и добро во Барселона, а во Германија да биде резерва, Мануел Ноер му одговори на гостувањето против Лајпциг (1:1).

Жената која го облекува во кардиган и која го советува Пеп за тактички формации

Гвардиола го видел целиот свет. Победуваше во Шпанија, Италија, Катар и Мексико, тренираше во Германија и во Њујорк, а верен сопатник му била сопругата Кристина Сера со која има три деца.

Кутињо за Рио, за тетоважите и за почетокот во Баерн

Со 55 настапи и 16 гола за Бразил, 152 меча со 41 гол за Ливерпул, 52 со 13 гола за Барса, Филипе Кутињо дојде во Баерн Минхен како големо засилување. За адаптација на овој Јужноамериканец во Минхен се грижи неговиот другар и земјак Тиаго Алкантара.

Првиот фудбалски натпревар во арената во Пула

Се одржале натпревари во хокеј на мраз и бокс, ама фудбал никогаш до сега. Античкиот амфитеатар во Пула синоќа за прв пат се претвори во фудбалско борилиште во кое учествуваа легенди на Хрватска и Баерн Минхен.

Кој му к бизнис на Филип Лам, легендарниот капитен на Баерн и Германија

За бизнис потешкотиите на некогашниот сјаен десен бек на Баварците кои освои Лига на шампиони, Светско првенство, Бундеслига, ДФБ Покал и ред други трофеи.

Емотивно збогување на Рибери со навивачите на Баерн

Кога тогаш мораше да и дојде крај и на оваа приказна која во бројки вели вака: 12 сезони, 423 меча, 123 гола, 183 асистенции, 23 трофеи. Франк Рибери си оди од Баерн Минхен гордо и многу многу емотивно, како фудбалер со рекордни 9 титули во Бундеслигата.

Крај на уште една фина приказна - Робен и Рибери со титула си одат од Баерн

Познати под прекарот Робери (Робен и Рибери), холандскиот и францускиот фудбалер одбележаа една трофејна ера во германскиот гигант. Навивачите се навикнаа на овие двајца мајстори на фудбалот, па тешко ќе им биде да го гледаат Баерн без нив.

Мајсторот што за 9 минути направи колку некој за цела кариера

Во саботата Баерн играше со Хановер, после првите 45 минути водеше со 2:0 и не му даде на противникот простор за ниедна шанса. Целата идила ја наруши Бразилецот Жонатас кој влезе во игра на стартот на вториот дел.

10 години од голот кој го посрамоти цел Минхен

Се сеќавате ли на Единалдо Батиста познат скратено како Графит? Ќе ви текне кој е кога ќе видите што и направи на одбраната на Баерн Минхен пред една декада. Волфсбург тогаш беше првак на Германија, а Бразилецот играч на годината и стрелец број 1 со 28 гола. 5:1 ги попарија Баварците предводени од Клинсман.

Баерн се остри како никогаш досега, спремни да се мерат со шеиците

Финансискиот плус, фантастичната состојба, редот и поредокот во клубот не можат да ја намалат болката по испаѓањето од Лига на шампиони, па Баварците се решени после неколку години да ја одврзат вреќата со пари.

Играч на Баерн 17 минути играл со погрешен дрес

Баерн против Ливерпул ја имаше најслабата вечер сезонава: Ноер грешеше, „црвените“ им даваа голови, а дека нешто не штима околу екипата покажа и киксот со дресот на репрезентативецот Горецка.

Колено му исчаши

Фабињо тргна да му ја земе на Ренато Санчез, ама така добро се заеба, коленото му знае најдобро. Со кошаркарски ролинг го остави на средина игралиште трева да пасе.

Дебакл на Баерн и Лион, четвртфиналисти се Ливерпул и Барселона

Откако ги искаравме дека не клаваат голови и играа досадни 0:0 и тоа на двете средби, ете ги се отворија на реваншите. Вкупно 10 гола на вечерашните две средби. Баерн се соочи со елиминација во Минхен, а Барса му се истури на Лион.

Јуве и ПСЖ се да речеме веќе шампиони, а веројатно и Барса

Манчестер Сити му бега на Ливерпул еден бод, а Баерн и Борусија се на исто. Само тука може и треба да се очекува пеколна неизвесност до крај. Во Шпанија Барселона полека ита кон титулата, а во Италија и Франција тие што се втори џабе везат.

Поминаа 20 години а големите уште го гледаат противникот на земја

Во средата вечер сите се сетија на епското финале на ЛШ од 1999-та кога шансите за спас на Јунајтед беа непостоечки, исто како после 0-2 со ПСЖ на „Олд Трафорд“. И тогаш фениксот се крена од пепел и сега исто.

Ќе има ли триплета во Европа сезонава?

Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.

Наежување на Енфилд, YNWA ја надгласа химната на ЛШ

Пред почетокот на дербито во ЛШ меѓу Ливерпул и Баерн Минхен (0:0), „црвените“ од КОП ја почнаа, а целиот стадион ја заори химната You''ll Never Walk Alone. Ја надјачаа онаа стандардната на Лига на шампиони.