Истиот рецепт за успех не го користат сите прваци во своите земји. Тимот што има повеќе офанзивни играчи е опасен од позадина, а во шеснаесетникот има само еден напаѓач. Ретки се тие како ПСЖ кои уште од првата минута фрлаат се на една карта.
Баерн Минхен ја продолжи црната традиција на актуелните освојувачи на Лигата на шампиони која трае уште од формирањето на натпреварувањето. Ако следиме уште една традиција, тогаш вечер сите пари треба да ги ставиме на Атлетико Мадрид.
Реал Мадрид е првиот финалист во најелитното европско клупско натпреварување откако го симна од тронот актуелниот шампион Баерн Минхен со висока победа на Алијанц арената.
Навивачите на Баерн Минхен ги мотивираа своите фудбалер во пресрет на реваншот од Лигата на шампиони против Реал Мадрид со одлична кореографија низ целиот стадион, но на крајот се покажа дека за џабе се мачеле.
Германско-шпанската класика вечерва ни носи нови возбудливи 90 минути по кои ќе го дознаеме првиот среќник кој на 24 мај ќе патува во Лисабон. Баварците бркаат трето финале во низа, Кралевите немаат до таму стигнато веќе 12 години.
Фудбалерите на Баерн Минхен целосно го освоија „Сантијаго Бернабе“ на втората полуфинална ноќ од Лигата на шампионите, но големата офанзива не им донесе погодок. „Кралевите“ го решија мечот со голот на Бензема во првиот дел од мечот.
Титаните на европскиот фудбал кои заедно имаат освоени 14 круни во Лигата на шампионите вечерва ќе го имаат првото соочување во второто полуфинале. Тоа што не сакаме и се надеваме дека нема да се повтори, се вчерашните 90 неинтересни минути на „Висенте Калдерон“ без постигнат гол.
Сонот на златните момчиња на Симеоне продолжува да се остварува во Лигата на шампионите каде со 1:0 го елиминираа моќниот противник и обезбедија пласман во големата четворка. Патот до полуфинале си го обезбеди и европскиот првак со триумф од 3:1.
По оние 1:1 на двете четвртфинални средби од Лигата на шампионите, патот до пласман во големата четворка е исклучително тежок за сите. Мојс спасот на сезоната ќе го брка против бранителот на титулата, додека шпанската пресметка е израмнета како никогаш до сега.
Додека навивачите се „тепаа“ за влезници за дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен и за нив плаќаа и по 70 евра, а претставниците на медиумите не можеа да стигнат до акредитации заради огромниот интерес, еден новинар си најде друга занимација за време на натпреварот.
Иако според обложувалниците беа големи фаворити, Баерн Минхен и Барселона не успеаа да издвојат победи на првите средби од топ 8 фазата во Лигата на шампионите. Откако и двете екипи беа во негатива, на крајот ремизираа за конечни 1:1.
Големата битка за титулата во шпанското првенство се префрла на меѓународна сцена за голем испит на тимот на Диего Симеоне. Под огромен притисок е Дејвид Мојс кој ќе се бори за спас на сезоната против европскиот првак.
Баварците згазија сè пред себе и ги срушија сите можни рекорди во Германија, но станаа досадни и претставуваат голема закана за квалитетот на Бундеслигата во иднина.
Минатата сезона на Баерн Минхен беше именувана како најдоминантна во историјата на Бундес лигата со еден куп срушени рекорди, но европскиот првак кој синоќа успеа најрано досега да стигне до титула во Бундес лигата повторно се надминува себеси.
Баерн Минхен ја одбрани титулата во германската Бундеслига во рекордно време уште во март. По 27 одиграни кола шампионите освоија 77 поени и постигнаа 79 голови. Ова се десетте најдобри.
По комплетирањето на осминафиналните натпревари, кладилниците ги објавија своите коефициенти уште пред да се знаат четврт-финалните парови. Најголем фаворит си останува Баерн Минхен.
Иако Јавното обвинителство во Германија првично побара затворска казна од пет и пол години, Ули Хенес е осуден на три и пол години за затајување на данок.
Фудбалерите на Арсенал уште еднаш ја потврдија позитивната серија без пораз на германско тло, но нерешение 1:1 на „Алијанц арена“ не беа доловни за елиминација на европскиот првак. Многу потешко на гости мина тимот на Сидорф кој беше декласиран со 4:1.
Веќе пишавме дека пресвртите не се невозможна мисија во Лигата на шампионите. За нив тешка задача за остварување ќе има Милан кој има негатива од 1:0, а уште потешко ќе му биде на тимот од Лондон кој загуби 2:0 од бранителот на титулата пред своја публика.
Според истражувањето кое го направи францускиот сајт Sportune.fr, иако Баварците се најмоќниот клуб во Бундес лигата и се многу блиску до нова титула во првенството не се најголемиот фудбалски бренд во земјата.
На денешен ден во 1900-та година, 11 ентузијасти формираа свој фудбалски клуб, а веројатно ни самите не претпоставувале дека 114 години подоцна овој колектив ќе доминира во фудбалска Европа.
Малку несвојствено за нокаут фазата од Лигата на шампионите, но по гостинските победи на ПСЖ и Барселона, традицијата во осминафиналните дуели вечерва ја продолжуваат Баерн Минхен и Атлетико Мадрид кои обезбедија предност пред реванш средбите на домашен терен.
Квалитетната сезона дојде време „Топџиите" да ја докажат на најголемиот испит, а тоа е европскиот првак кој лани си замина со триумф од Лондон. Тешко ќе му биде и на Милан кој од слабата сезона во Серија А ќе се обиде да се рехабилитира против тимот кој растура во Примера.