По 6 сезони и 5 трофеи по ред со Шахтјор, бразилското крило извади максимум во украинскиот шампион. Од оваа сезона неговиот напредок се вика Баерн Минхен, сосема заслужен дрес кој го носи.
Од раното детство до фудбалското усовршување, Томас се школувал во академијата на Баерн. Со 15 години бил лидер на јуниорските и младинските репрезентации на Германија, но потоа не му цветаа ружи кај Баварците.
Светски шампион во влечење со јаже, рекордер во скок во далечина и пионир на форензичката наука кој го основал холандскиот Витесе Арнхем кој знаеше како се матираат противничките голмани.
Поранешниот играч на ПСЖ и Јувентус, сега фудбалер на Баерн Минхен изјави дека Швеѓанецот кој му беше соиграч во Париз не знаел да се однесува со помладите играчи и бил многу дрзок со нив. Во ПСЖ има многу кланови меѓу играчите, вели Коман.
Возбудата во Германија кога Пеп Гвардиола беше именуван за нов тренер на Баерн Минхен беше опиплива. Брендот од Бундеслигата двојно се зголеми преку ноќ, а социјалните мрежи експлодираа со шпански хаштаг, откако Баерн Минхен по тројната круна за нов тренер го назначи најдобриот во светот.
Навивачите на Баерн Минхен добија новогодишен подарок кој се вика: Томас Милер, Жером Боатенг, Хави Мартинез и Чави Алонсо, а тие добија плати со кои може да кажат: „збогум сиромаштијо, ќе има и за внуците“.
Фудбалерите на Баерн Минхен се толку доминантни во Бундеслигата и германскиот Куп што може да си дозволат на тренинзите понекогаш да ја играат и омилената маалска игра на секое дете.
Цели 40 минути Баерн Минхен не можеше да го скрши отпорот на Дармштад во Купот. Тогаш на сцена стапи шпанскиот репрезентативец кој се реши да распали една топка и постигна неверојатен гол.
На лично инсистирање на Пеп, Тиаго Алкантара во 2013 дојде од Барселона во Минхен за 25 милиони евра. Иако е роден во Италија и има бразилско потекло, тој одлучи да игра за Шпанија. Неговиот брат Рафиња игра за Барса и за Бразил.
Асот на Баерн Минхен уште еднаш побара од американскиот телевизиски гигант да му плати оштета од 1,5 милиони долари, затоа што ставиле негова фотографија на вест за девојка која умрела во криотерапевтска соба.
Акутната зависност на Баерн од неговата десетка полека заминува во историјата, затоа што Баварците одлично се снаоѓаат и без помошта на човекот кој извесно време не зборувал со Левандовски и се замерил со Даглас Коста.
Баерн Минхен сезонава има дадено 57 гола на 19 меча, а Борусија 71 гол на 22 средби. Левандовски постигна 19 гола на 18 натпревари, а Обамејанг 22 гола на 21 меч. Ова се однесува на сите натпреварувања.
Германската машинерија речиси го исфрли Арсенал кој има само теоретски шанси за осминафинале. Челси конечно победи, Рома и Баер Леверкузен повторно одиграа ефикасен меч, а Барселона и Порто ги оправдаа фаворитските улоги.
Шпанскиот стратег во првите две сезони на Алијанц арена освои 5 трофеи, а тоа му дава за право да експериментира со формацијата колку што сака се додека му носи резултати. Според некои таа што ја користеше против Волфсбург и Келн изумрела во 30-те, но неговиот тим даде 7, а прими 0 голови.
Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови во една недела, и неговата поубава половина се пошегува на Инстаграм дека Роберт Левандовски почнува да биде здодевен. Тајната на успехот била во доручекот, вели жена му инаку шампионка во карате.
Пеп Гвардиола го смени начинот на игра откако е во Баерн Минхен и го примени оној кој го практикуваше со Барселона. Но за вчерашниот меч во ЛШ, германските медиуми имаат право жестоко да го критикуваат.
Навивачите на Баерн Минхен протестираа против скапите карти пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите и добија огромна поддршка од домашната публика.
Со осум голови Баер Леверкузен и Рома го одиграа најефикасниот меч сезонава во ЛШ. Арсенал му го зема скалпот на Баерн Минхен, а Порто, Барса и Зенит рутински против Макаби, Бате и Лион.