Во квалификациите за Светско 2018 „Албиселесте“ имала убедливо најмногу удари кон противничкиот гол 66 од кои 22 биле во рамките а само 4 завршиле во мрежата. Имаат сè што им треба, и добар селектор и играчи само треба да поработат на реализацијата за која има страшен мастраф.
Славниот ирски бенд одржа концерт во најспецифичниот спортски момент за Аргентина, кога се одлучуваше дали ќе одат на Светско или ќе излезат најголеми лузери на свет. Организаторот најде чаре како тоа да се изведе.
Најдобрите фудбалери на Аргентина на крајот со тешки маки се пласираа на Светско. Им падна камен од срце па решија да викнат една добро позната песна од овие простори.
Дека цела таа славна напаѓачка линија во Аргентина не функционира воопшто со исклучок на Меси, доказ е следниов неверојатен податок. Во 2017-та ниту еден друг играч освен асот на Барселона нема постигнато гол за Гаучосите. Последен пат тоа бил Ди Марија на меч во ноември 2016-та. Ако не се разбудат другиве, Аргентина може да има само епизодна улога во Русија.
Во вечер каква што може да понуди само Јужно-американскиот фудбал, Аргентина се избори со сите можни проблеми и се пласираше на Мундијалот во Русија следното лето. Колумбија оди на Светско, Перу во баражот, Чиле отпадна.
Во пресрет на последното коло од квалификациите во КОНМЕБОЛ, Аргентина гостува кај Еквадор и мора да победи доколку сака да избегне бламажа и да остане без пласман на Светското првенство. Тамошната федерација вечерва соопштила дека селекторот на Еквадор Селсио е казнет за овој меч поради расправијата со Видал на претходниот меч. А вакви расправии гледаме секој викенд па никому ништо.
Аргентинецот Рикардо Гарека е селектор на Перу, репрезентација која што игра одлични квалификации и после цели 36 години е на пат да обезбеди пласман на Мундијал. Од друга страна, Меси и компанија...
Со Меси, Дибала, Ди Марија, Игуаин, Лавеци и Икарди нападот на Аргентина треба да дроби, а замислете тие имаат само 6 победи на 17 квалификациски средби. Кикснат ли на следната, Светското ќе го гледаат кај Меси дома со пуканки.
Откако неколку пати се сопнаа на патот кон Светското, фудбалерите на Аргентина предводени од Меси и селекторот Сампаоли немаат право на кикс против пријатното изненадување Перу.
Неговата Аргентина на 5. и 10. октомври ја очекуваат клучните два натпревари за пласман на Светското првенство 2018 против Перу дома и Еквадор на гости. На тие дуели Меси ќе се обиде да повтори нешто од овие потези.
Маркос Сенеси го постигна единствениот гол во триумфот на Сан Лоренцо над Саранди со 1-0, но славата му ја зема едно мало интересно куче кое после мечот даваше интервју.
Во ера кога секој месец вртоглаво растат милионите на трансфер-пазарот, еден играч играше за големите европски клубови кои не мораа да дадат ниту една банка за неговиот потпис туку доаѓаше без обештетување. Ќе остане запаметен по прекарот Сенатор и трофејот во ЛШ со Интер.
Ноќта меѓу четвртокот и петокот, Уругвај и Аргентина одиграа исклучително важен меч од квалификациите за Свветско првенство а лидерите на двете селекции заедно ја промовираа кандидатурата за Светско 2030 во двете земји.
Во цел метеж при доаѓањето на Аргентина во хотел во Монтевидео каде утре вечер игра против Уругвај квалификации за Светско, Меси здогледува едно мало дете кое сака да земе автограм и да се слика со него ама обезбедувањето го трга експресно брзо.
Ако во време на Сеп Блатер фрлаше дрвја и камења по ФИФА, денес Марадона е целосно прибран и пристоен откако организацијата ја води Џани Инфантино. Аргентинецот ја поддржува замислата за видео-технологија и реприза на спорните моменти.
Во 52’ минута од мечот Бока Јуниорс - Килмеш, шпицот Џонатан Калери го постигна можеби најубавиот гол на легендарниот стадион Бомбонера во Буенос Аирес.
„Во еден момент сфатив дека детево како да е од некоја друга планета од која доаѓаат исклучителни луѓе: доктори, професори, врвни музичари, сликари...“, вели човекот кој е најзаслужен што Барса прифатила да го прими на проба.
Аргентинецот е роден во Розарио на 24. јуни 1987. Поминаа 13 години од неговото деби за Барселона и од тој ден до денес постигна повеќе од 500 голови. Ги издвојуваме најважните во неговата кариера.
Хуан Себастијан Верон е претседател и играч на аргентинскиот клуб Естудијантес кој се натпреварува во престижната Копа Либертадорес. Во синоќешниот триумф од 0:3 на гости против Барселона од Еквадор, Верон одигра 56 минути и намести еден гол.
На мечот Естудиантес - Бока Јуниорс, домашниот тренер Нелсон Вивас збесна гневен на тоа што судијата не свирна пенал по контактот на голманот Агустин Роси со напаѓачот Каваљаро. Искина и кошула и копчиња, фрли и чевли и маица.
За него речиси сè е кажано, така што можеме да бидеме среќни што живееме во ера кога Аргентинецот од коло во коло, од викенд до викенд прави чудесии. Неговата способност да се потпишува со фудбалот на мал простор го прави најголемиот на сите времиња.
Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.
На 18. април 2007 година во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј Барселона го пречека Хетафе. По голот на првиот дел Каталонците водеа со голот на Чави, а во вториот дел 19-годишниот Лионел го постигна најубавиот гол во кариерата по сопствено признание. (Приметете го Ето како се држи за глава на крај).